Тибетски хороскоп: Пронајдете го вашиот пат до мудроста

Тибетскиот хороскоп се темели на верувањето во дванаесет патишта до мудроста, а секој човек, во зависност од датумот на раѓањето има свој пат до мудроста, цел и кармичка задача која ќе мора да ја оствари во својот живот.

Прочитајте и дознајте дали се пронаоѓате во ова:

Овен – реинкарнација

Во животниот циклус ги означува минатите животи. Тој е херојски змеј кој што се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Ја има енергијата и агресивноста на Марс. Бега од монотонијата и размислувањата. Би требало да работи социјални професии низ кои што може да се подобри себе си и да ја модифицира егоцентричноста.

Карма: Треба да се живее во сегашноста, да се согледа својот внатрешен живот, да се медитира, да се пронајде нешто што предизвикува среќа и да се поднесе животот и кога тој не е воопшто розов. Треба да се заборави на неуспесите и да се гледа напред. Токму така Овнот ќе го досегне тајниот клуч на вселенскиот мир.

Бик – создавање на дух

Претставува раст, сфаќање на мудроста. Го штити Венера, земјената љубов, мајката на убавината и уметноста. Формира сигурност бидејќи има искуство од минатите живот, а создавањето на духот му овозможува контакт со внатрешниот живот.

Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Огнената природа крие несигурност. Биковите не ги мотивира сигурноста, туку сомнежот. Конзерватизмот може да го победи со контролирање на својата енергија. Само така ќе ја најде внатрешната сигурност.

Близнаци – психичка и духовна еволуција

Во животниот круг претставува сознание и интелигенција, дуализам: духовна еволутивна свест и земјено познавање на стагнацијата. Кај нив доминира Меркур, поради што се друштвени, вешти, внимателни, љубопитни, интелигентни, лажливи, непостојани, имаат добра меморија но ништо не доведува до крајот. Иако чувствува потреба да се развие духовно, тоа нема да се случи и никогаш нема да пронајде мир.

Карма: Нестабилен е и осцилира во расположението. Ако во остварувањето на големите цели остане реален, ќе може да ја совлада контрадикторноста. Треба да медитира и да се одлучи, бидејќи решението на проблемите е поблиску отколку што изгледа дека е.

Рак – раѓање на човекот

Го претставува знаењето, инкарнацијата на духот во физичкиот свет. Кога психичката инкарнација е при крај, започнува физичката. Симбол е на мајчинството, телото, чувствата, универзумоет на Жените. За да се заштити, чува се во себе како во затворена кутија. Во семејството ги пронаоѓа духовните вредности, но после долги и трпеливи медитации, конечно сфаќа каде е изворот на животот. Премногу верува во Вселената, сака да го продолжи детството, бара внимание, верност, непрекинати докази на љубов.

Карма: Посесивен е, сака да биде во центарот на вниманието, премногу е авторитативен и сите ќе избегаат од него поради стравот да не му паднат во раце.

Лав – универзална свест

Претставува синтеза помеѓу свеста и реалноста. Човекот е срце, микрокосмос. Лавот учествува во материјалниот свет, сака успех и постојано докажува дека е водач. Ќе успее кога ќе ја победи зависта, потребата да му се восхитуваат, гурманството и сензуалноста.

Карма: Се чувствува како да е центарот на Светот. Ако не управува добро со енергијата, може да го поремети развојот на својата личност, да претера во егоизмот. И најсигурниот Лав може да го изгуби здравиот памет. Кога ќе се случи такво нешто, треба да се застане, да се послуша и научи од другите. Треба да им се служи на другите – само така ќе воспостави кохезија помеѓу свеста и реалноста.

Девица – материја, работа, физички свет

Би сакала да се врати во детството. Со неа доминира Меркур. Односот со нештата е истовремен. Со години развива критички дух кој што приговора на сè и никогаш не е задоволен. Често доцни на "возот". Неволјата лежи во претераното злопамтење. Во анализирањето Девицата е непристрасна.

Карма: Ако сака да созрее духовно, треба да престане да се занимава со себе, а да започне да се грижи за другите. Треба да се отвори пред големите идеали на човештвото.

Вага – чувствителна експанзија

Бара рамнотежа помеѓу материјата и духот. Треба да се одлучи за хармонија или дисхармонија. Амбицијата се намалува само во случај ако пронајде кому ќе му се допаѓа. Има мирен темперамент, активна е, без претерување – среќна комбинација за социјален живот. Треба да го пронајде универзалното знаење.

Карма: Ова е најнестабилниот знак во Зодијакот, чувствителноста е огромна. Може да се затвори во сопствениот структурен идентитет, без ризикување и вознемирување, но со тоа ја уништува и динамиката. Рамнотежата е – да не сe дозволи затворање во себе.

Скорпија – желба за вечен живот

Таа е конфликт помеѓу духот и материјата (душата и сексот), привлечна е, се движи само за да освојува. Желбата за живот е продолжема, присутни се – егоизмот, убавината, сензуалноста и посесивноста. Сака да ужива во земјените суштини, а го привлекуваат и духовните височини. Може да се изгуби во неконтролирани сексуални импулси. Уништува со својата критика, се плаши од смртта. Негативната Скорпија се уништува самата себе си.

Карма: Научете да штедите енергија, не претерувајте, закочете со ентузијазмот. 
Вистинската цел во животот е логичниот разум – контролирајте ја деструктивната сила во себе си.

Стрелец – етапа на созревањето

Претставува победа помеѓу духот и материјата. Задоволен е. Кога ќе одлучи да престане да дели правдина на светот, ќе добие сила да стане протагонист на божествениот закон. Може да живее во социјален живот и да еволуира одвнатре. Сака да поседува материјални добра, да ужива во земјениот успех, но е и великодушен. Му се заканува враќање наназад.

Карма: Не би требало да се обидувате да дознаете сè, по секоја цена. Не губете енергија на милион нешта. Внатрешниот мир се постигнува со смиреност и алтруизам. Стрелецот не е обичен знак и тој не треба да се троши време таму каде што не е потребно.

Јарец – Познавање на супериорно знаење

Успесите доаѓаат низ искушенијата. Сиромавиот (просјакот, пророкот) го поседува клучот за познавање на границите на земјената душевност, знае да го заврши процесот на реинкарнација. Само тој ја знае целта на својот пат, работи во тишина, трае во времето, живее во самотија. За да се развие треба да контактира со луѓето.

Карма: Сака да се наметне, што може да биде циничен деспотизам на мегаломанијата. Енергијата треба да ја насочи во височина, кон спиритуалното сознание. Само така може да влезе во срцето на случувањата.

Водолија – свест за избор

Насочен е кон другите, зема одговорност на себе, одговара за своите постапки, тој е возрасен човек. Нема илузија и не може да ги затвори очите пред реалноста. Управува со својата карма, претставува вистински пријател, треба да работи нешто со кое доаѓа до израз друштвениот интерес. Во Водолијата се обединуваат сите енергии – дуалностa и внатрешните конфликти. Тој е иницијатор, бесмртен, го познава интелектуалниот механизам на духот. Се поклонува на себе си, што луѓето знаат да го ценат.

Карма: Има во себе огромно богатство од љубов, а постојано живее во страв дека сите ќе го напуштат и издадат, дури и најдобрите пријатели. Не можат сите да ја сфатат големината на Водолијата. И премногу љубов некогаш може да биде смртоносно.

Риби – повраток на светлото

Претставува синтеза на повторното раѓање. Рибите се деца на морето, живеат во океанот. Сами се, но се соединуваат со Вселената. Добро се снаоѓаат во божественоста, и притоа не ја губат својата личност. Треба да ја отворат вратата која што води во Вселената. Дванаесеттиот знак е симбол на смртта бидејќи личноста се простува од земjениот живот и влегува во водите на Вселената. Кога ќе престане физичкото дишење, се формира ново тело. Циклусот е завршен, човекот е пред смртта, но универзалната психичка свест започнува нов циклус на учење, сè додека духот не се прочисти и ослободи.

Карма: Треба да му се препуштите на морето, за да стигнете до врвот на брановите. Долгиот пат кој што започнува ќе биде полн со потешкотии, па Рибите би требало да го изберат најлесниот. Низ општа љубов ќе достигнат комплетна емоционална обнова.

По колку часа дневно спијат најуспешните луѓе?

Иако денот не може да има повеќе часови од оние што ги има, може да се промени начинот на искористување на тие часа.

Некои од најуспешните луѓе во светот не само што работат надвор од работното време, туку времето предвидено за спиење го користат за завршување на своите дневни обврски.

Директорите како што се Indre Nooyi која работи во Пепси и Jack Dorsey кој работи во Twitter, сонот често го жртвуваат за да ја сработат работата.

Така на пример основачот на Twitter и CEO ма компанијата Square, Jack Dorsey во 2011 поминал 8-10 часа работејќи на Square, 8-10 часа на Twitter, па за сон им останале од 4 до 6 часа. 

Sergio Marchionne, CEO Fiat, спие само 4 часа, а вели дека буден го одржува кофеинот и цигарите.

Marrisa Mayer, Yahoo CEO, работела 130 часа неделно, што не ѝ оставало многу време за спиење. Вели дека и биле доволни само 6 часа дневно за јадење и сон. 

Helena Morrissey, CEO Newton Investmen Managment, тврди дека станува во 5 наутро, а некогаш и порано и почнува да праќа мејлови, додека нејзините деца спијат. Со семејството се дружи во 19:30, а после тоа повторно се фаќа за работа. 

Tom Ford, моден дизајнер вели дека неговиот успех не лежи во талентот туку во работната енергија. Тврди дека спие само 3 часа дневно! 

Tim Amstrong, AOL CEO, се буди во 5 наутро и работи до 7 навечер.

Што значи кога бебето силно клоца во стомакот?

Речиси секоја трудница чие бебе е многу активно во стомакот се запрашала дали ќе биде бебето толку живо и после породувањето.

Што значат тие силни удари, движења и превртувања?

Сите ние би сакале што побргу да дознаеме каков карактер ќе има бебето уште пред да се роди, па ги бараме знаците во секое мало движење кое тоа ќе го направи во матката. Може ли според движењата на бебето во стомакот навистина да се предвиди неговиот карактер?

Стручњаците велат дека не постои никаква врска помеѓу тоа колку е активно бебето во текот на бременоста и нејзиниот карактер после породувањето. Исто така, тие нагласуваат дека недостатокот на активност на бебето во стомакот не мора секогаш да биде причина за грижа.

Немал друг избор: Мајка му го фатила додека гледал порно, а тој...

Слушнал како доаѓа мајка му додека гледал порно на „pornhub“ на својот лап топ, и токму кога сакал да ја исклучи содржината за возрасно започнале проблемите.

Мајкл Дензел објави фотографија на Твитер од неговиот искршен лап топ. Сепак, најинтересна е причината поради која го направил тоа.

Како што напишал во твит под фотографијата, гледал порно на Интернет, кога слушнал дека неговата мајка се качува по скалите и оди кон неговата соба. Проблемот настанал кога страницата му се „замрзнала“ и не можел да ја исклучи.

Според неговите зборови, немал друг избор освен да го скрши екранот.

На прашањето зошто едноставно не го затворил лап топот, Дензел одговорил дека во тој момент тоа не му паднало на памет.

Најчитани

Твитови