Слабејте со помош на Месечината: Диетата по која што полудеа и холивудските диви

Ако сакате брзо да се ослободите од тие неколку преостанати вишок на килограми и да ги исфрлите вишокот на течности од организмот, оваа диета би можела да биде вистинскиот избор за вас.

Иако е ригорозна, бидејќи бара целосно одрекување од цврста храна, таа ви гарантира резултати, секако ако се придржувате кон правилата.

Диетата се базира на смените на месечевите мени и всушност претставува еден вид на детоксикација, со помош на која може да ослабете и до три килограми во текот на 24 часа.

Покрај тоа што на сосема едноставен начин и експресно ќе ослабете, оваа диета ќе ви помогне и да ги исфрлите токсините од својот организам, но и да го подобрите својот имунолошки систем.

Во што се состои тајната на оваа диета?

Месечевата диета се базира на пост во текот на 24 часа. Оваа диета може да ја држите и во текот на смените на другите месечеви мени, но најдобри резултати се постигнуваат токму во периодот на младата месечина.

Како што Месечината со помош на својата гравитација влијае на плимата и осеката на Земјата, така таа влијае и на течностите кои што се наоѓаат во човечкиот организам. 

Познато е дека најголема плима се јавува во периодот на младата Месечина, кога Земјата, Месечината и Сонцето се израмнети. Токму во тој период и најлесно се исфрлаат течностите од човечкиот организам, па периодот на младата Месечина е одличен за пост.

За да ја принудите природата "да работи за вас", потребно е да се придржувате кон основните правила на оваа диета.

Бидете точни

Од исклучителна важност е диетата да ја започнете во точно време кога започнува и смената на месечевата мена, а постот завршува за точно 24 часа. Токму поради тоа е важно да ја следите лунарната табела во која што точно ќе видите која месечева фаза започнува и кога истата завршува.

Понекогаш може да се случи поголем дел од диетата да ја преспиете, што е всушност и совршена верзија, бидејќи поголем дел од постот ќе го минете во спиење. Ако следната фаза започнува, на пример, следниот ден на пладне, до тој период не консумирајте ништо, а после тоа продолжете со вообичаена исхрана.

Што можете, а што не?

Во текот на оваа еднодневна диета не би требало да внесувате било што освен течности. Количеството на течности кои што ќе ги внесете би требало да биде ограничено на шест чаши. Ова не се однесува на водата која што може да ја пиете во неограничени количества.

Дозволено: вода, незасладени растителни чаеви (нане, камилица, хибискус, коприва, ѓумбир, зелен чај), природни сокови од свежо цедено овошје и зеленчук, лимонадата е исклучително препорачлива, а кафето нека биде ограничено на една шолја.

Забрането: било каква цврста храна, алкохол, купечки сокови, газирани пијалоци, млеко, сурутка и слични производи.

Што велат нутриционистите?

Со помош на моќта на Месечината после 24-часовниот пост би можеле да бидете полесни и до три килограми. Олеснувачка околност и интересен факт е дека токму во периодот на младата Месечина сме и генерално помалку гладни, па токму поради тоа овој пост не би требало да биде тешко да се испочитува.

Нутриционистите велат дека ова не само што е здраво да се практикува, туку е и пожелно, особено во летниот период кога температурите се релативно високи.

Дури и ако немате проблеми со вишок на килограми, за општа подобра состојба на организмот е особено важен здравиот еднодневен пост, кој ја исклучува цврстата и преработена храна. 

Во текот на овој период, на овој начин, на своето тело му давате можност да се одмори од тешката храна, особено од преработените месни производи кои што воопшто не се здрави.

Во периодот на големите жештини се советува и зголемен внос на течности, особено вода. Не би требало да се занемари ниту минералната вода, бидејќи минералите од водата многу подобро се апсорбираат за разлика од минералите од храната.

Кому сепак ова не му се препорачува?

Овој пост не се препорачува да трае подолго од предвидените 24 часа, бидејќи на тој начин би ја губеле водата и мускулната маса, повеќе од масните наслаги, а изгубените килограми би се вратиле назад исклучително брзо.

Исто така, оваа диета не им се препорачува на трудниците, доиките или жените кои што сакаат да останат бремени. Откако ќе заврши постот од 24 часа ќе забележите и дека ќе се чувствувате полесно, но и почисто, а вашиот организам дефинитивно ќе ви биде благодарени за тоа.

Вежбањето во текот на диетата е дозволено, а пешачењето пак е исклучително пожелно.

Познати личности кои што практикуваат лунарна диета

Помеѓу познатите личности кои што редовно ја практикуваат оваа диета се и Деми Мур и Мадона, кои што ја практикуваат веќе долги години. 

Мадона е позната по тоа што води холистички начин на живот, се занимава со пилатес, јога и секојдневно медитира. Како што кажува и самата таа, Месечевата диета и помага да воспостави подобар контакт самата со себе си, како и тоа за на најприроден начин да го детоксицира својот организам.

Детоксикација

Основната цел на диетата според месечевите мени е всушност детоксикацијата, а слабеењето е одлична пропратна манифестација. Ако почувствувате глад, само испијте голема чаша сок од овошје или зеленчук.

Секако, во периодот помеѓу држењето на оваа диета би требало и здраво да се храните, но и да заборавите на маснотиите и слатките. Ако стриктно се придржувате кон правилата на оваа диета, успехот е загарантиран.

Ги топи килограмите: Рецепт за совршено тело!

Покрај тоа што ќе ги изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се ослободите од отровите во телото.

Лукот е една од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е бидејќи има фантастичен вкус, му дава посебна арома на секое јадење, а како врв на сето тоа е корисен и за здравјето.

Најдобро е да се конзумира свеж, бидејќи неговата активна состојка алицин ги губи своите својства ако се обработи термички.

Свежиот лук може да ви помогне при многу болести, а дури и самите лекари го препорачуваат. Може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и холестеролот, срцевите заболувања и срцевиот удар.

Исто така, тој е многу корисен во ублажување на атеросклерозата и одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем, а помага и при детоксикација на телото и значително ги намалува килограмите.

Како да го користите лукот за слабеење?

Исецкајте го лукот на што поситни парчиња и оставете го да отстои барем 15 минути пред да го изедете. Најдобро е да го конзумирате на празен желудник, бидејќи така телото полесно ги апсорбира хранливите материи.

Земете 2 – 3 чешниња лук и измешајте ги со една лажица мед.

Конзумирајте ја оваа смеса секој ден. После неколку дена ќе забележите дека се чувствувате поенергично, а ќе бидете и поздрави. Но, после седум дена, ќе забележите и дека значително сте изгубиле од телесната тежина.

Како изгледаат хороскопските знаци на море!

Секој хороскопски знак има свои особини. Замислете дека сите заедно заминуваат на одмор…Некој „виси“ на „Фејсбук“, друг сака ноќна забава, трет да плива…

По пат:

Овенот се нервира што автомобилот не оди побрзо, а Девицата заради мравките кои се појавиле откако Скорпијата скришно изела сендвич за некој да не и побара залче, пишува „Црно бело“.

Стрелецот веќе ставил очила за сонце и апостолки, па босите нозе ги подигнал на седиштето пред себе, заради што Ракот се расплакал.

Близнацот веќе променил повеќе статуси на Фејсбук – Тргаме, тргнавме, еве одиме, супер ни е, еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми оди на нерви…

Вагата внимава да не си ја истутка облеката и љубезно го моли Бикот да се тргне од неа со чоколадото и сокот.

Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види по пат, затоа што е сигурен дека сите гледаат во него.

Јарецот ги пребројува парите и пресметува по колку во просек има за еден ден, додека Водолијата ја пробува маската за нуркање.

Рибата цело време спие.

 

Конечно, стигнавме, пишува Близнакот нов статус на Фејсбук. Водолијата лајка. Овенот веќе е во море.

Скорпијата со торбата го окупирала тоалетот, заради што Вагата стои пред врата и плаче како мора да се пресоблече и да ја среди фризурата за на плажа.

Девицата има нервен слом затоа што во станот веќе е тотален неред, никој не ги распакувал куферите.

Стрелецот веќе отишол да го истражува местото, Бикот лови риба за на скара, Ракот прави јадење бидејќи знае дека сите се гладни.

Јарецот повторно ги пребројува парите и се ценка со газдата на апартманот. Лавот е на терасата и им позира на минувачите.

Рибата штотуку се разбудила и веќе размислува за смислата на животот.

 

Јухууу, еве не на плажа, гласи новиот статус на Близнакот заедно со нова фотка.

На фотографијата Девицата е со шешир на глава со дијаметар од метар и половина, додека во рака држи фактор 50-ка.

Ракот е замотан во пешкир со ликови од цртани филмови.

Вагата има костим за капење во вредност од половина просечен автомобил.

Лавот ја покажува совршената фигура, Рибата не се гледа од својот апарат, а Стрелецот, Лавот и Вагата и држат рогови од два прста.

Скорпијата го свртела грбот и им забранила на сите да ја тагнат.

Водолијата се слика со маска за нуркање и пераи, Јарецот има 3 книги под рака, Бикот лиже сладолед.

Од Овенот нема слика, затоа што веќе е на 200 метри оддалечен во вода.

 

Ноќна журка, објавува Близнакот, без фотка бидејќи сите се веќе поцрвенети од првиот ден на плажа, освен Девицата.

Бикот запалил скара, а Лавот тврди дека тој може многу подобро.

Стрелецот веќе ги поканил сите комшии на забавата, што на Скорпијата не и се допаѓа, па мирно седи во ќоше.

Ракот на сите им сервира чинии, јадење, пијалаци…

Вагата е во свечен фустан и ја наговара Рибата да ја слика во сите можни пози.

Водолијата предлага утредента сите да запишат часови по нуркање или подводен риболов, додека Јарецот пресметува дали е тоа исплатливо.

Овенот оди на ноќно пливање.

Најчитани

Твитови