10 работи поради кои Македонија треба да се ОТКАЖЕ ОД ПАРАДОКСОТ ЕВРОВИЗИЈА!

Најголемиот музички настан во моментов во Европа е Евровизија, која годинава се одржува по петти пат во Стокхолм Шведска, иако ова е 61 издание од музичкиот настан Македонија речиси да нема ни полнолетство на евровизиската сцена.

Македонија во финалето на Евросонг се нема пласирано од 2008 година, со исклучок на 2012 година кога Калиопи се пласираше во финалето. Во продолжение еве ги 10-те причини поради кои треба да се откажеме од настанот.

1. Се додека сме годрди потомци на Александар и додека се удараме во гради дека мора да се пее на МАКЕДОНСКИ јазик Евровизија ќе ни биде само мислена именка.

2. Се додека Каролина Петковска е коментаторка на Евровизија, Македонија нема да влезе во финалето и треба да се откажеме веќе еднаш.

3. Се додека МРТВ не престане да ја праќа Калиопи на Евровизија нема да се откажеме!

4. Од Евровизија треба да се откажеме бидејќи ако победиме немаме арена за одржување, освен онаа во Штип за Макфест.

5. Треба да се откажеме бидејќи ако победиме ќе неможе да се одржи Евровизија поради организирањето на протести и контра протести.

6. Треба да се откажеме бидејќи ако победиме Евровизија ќе се соочи со најголем скандал до сега со местенки! (Јован Јованов ќе дели броеви за бесплатно гласање).

7. Треба да се откажеме бидејќи Македонија треба да се задолжи за градење на нови споменици за промовирање на земјата и организирање на настанот.

8. Македонија треба да се откаже поради лошото познавање на Англискиот јазик на нашите преставници...

„БАТО ХТЕЛА САМ СПИКАТИ“

9.Треба да се откажеме од Евровизија како што се откажа Ламбе...

 

10. И секако треба да се откажеме од Евровизија поради немањето на водители за водење на шоуто, освен Вера Јанковиќ и Драган Вучиќ.

Беспрекорна кожа: Маска за лице од пиво која мора да ја пробате! (Рецепт)

Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа?

Потребни намирници:

Две лажици пиво,

Една лажица овесни јатки,

Една жолча од јајце,

Неколку капки масло од гроздови семки.

Начин на приготвување и употреба:

Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки.

Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода.

Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.

19 годишната Сања од Скопје го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд!“ (ВИДЕО)

Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје.  По нејзината изведба, доби два гласa од Ана Бекута и Џорџе Давид. Но кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше видно изненадено.

„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеа на српски јазик.

Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07

Нова принова: Се породи сестрата на Кејт - Пипа Мидлтон!

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.

Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца. Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро. Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.

Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година. Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.

Најчитани

Твитови