Претпладне сончевоо, ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ!

Денес во Македонија, претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 13 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 27 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло. Од недела попладне до вторник повторно ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Бојан Јовановски оди во притвор

Бојан Јовановски, менаџер на 1ТВ, вечерва оди во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена.
Претходно заврши и распитот на второосмничениот Зоран Милески, кој исто така заврши во притвор.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ги сомничи Јовановски и Милевски затоа што наводно рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага на СЈО.
Рекетот се одвивал на тој начин што првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ослободување од кривично гонење. Од првично бараната сума од 8 милиони евра, цената била спуштена на 5 милиони, за на крајот 1,5 милиони евра му биле исплатени на првоосомничениот од страна на бизнисменот. Меѓу осомничените и бизнисменот за кој се воделе истражни постапки биле реализирани повеќе средби за кои посредувал второосомничениот Милевски.
„При овие средби, од сведокот биле побарани 8 милиони евра за да се запре истражната постапка против него. Доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со тоа што веќе дадените еден милион евра, во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат на рати“, изјави обвинителката Вилма Рускоска.
Првоосомничениот, како што објасни Рускоска, го искористил „своето влијание врз јавен обвинител“, или со други зборови, се повикувал на своето познанство со обвинителот за да добие пари од бизнисменот во замена за „олеснување на неговата положба“ во постапката.
Пишува: Фокус.мк

Знаци кои покажуваат дека со сигурност бегате од љубов

Кој рече дека љубовта е едноставна? Било да сте некое време слободни или пак сте во брак во кој не чувствувате поврзаност со партнерот, големи се шансите дека во некои моменти сте се дистанцирале. Дистанцирањето иако наизглед нè заштитува од повредување, всушност прави да се чувствуваме уште поосамени.

1. Се обвинувате себеси за секое емотивно промашување

Некои фрази кои жените си ги говорат себеси се: „Не сум доволно слаба“, „Престара сум“, „Не сум доволно добра сопруга“. Колку и да е тешко да се оттргнете од овие размислувања, морате да се потрудите затоа што секој којшто сака да биде во добра врска заслужува да биде емотивно исполнет. Од помош можат да ви бидат разни мотивациски пораки кои ќе си ги кажувате и повторувате самите на себе, а исто така и посетата на терапевт може да помогне.

2. Негативни сте

Дали некогаш сте слушнале за законот за привлекување?

Доколку сѐ уште сте заглавени размислувајќи за лошите работи што ви се случиле порано, тоа нема да ви донесе ништо ново. Вашата емоционална состојба може да влијае врз вашата енергија и сигналите кои ѝ ги испраќате на околината. Доколку сте негативни, такви луѓе и ќе привлечете. Тоа секако ќе води кон нови разочарувања. Наместо да бидете негативни, запишете што не ви одговарало во претходната врска, кои ваши потреби и желби не биле задоволени и зошто. Со запишувањето ќе се натерате да навлезете длабоко и да го пронајдете коренот на проблемот.

3. Продолжувате да ги правите истите работи, а очекувате различни резултати

Понекогаш е многу тешко да се воочат шаблоните на однесување, а уште потешко е да се променат. Ако љубовта секогаш ја наоѓате на погрешни места односно во погрешни луѓе, време е да се запрашате себеси каде грешите. На кој начин вообичаено ги запознавате партнерите и кој тип мажи најмногу ви се допаѓа? Одговорите можат да ви помогнат да ги воочите шаблоните и следниот пат да пробате нешто поразлично.

Одземен мобилниот телефон на Катица Јанева

Доцна вечерва полиција по налог и го одзела мобилниот телефон на Катица Јанева, потврдуваат за ТВ21 од ОЈО. Неофицијално дознаваме дека полиција влеглаа и во станот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Зошто полицијата по барање на ОЈО на Катица Јанева и го одзела мобилниот телефон засега нема информации. Медиумите веќе пишуваат за наводна поврзаност помеѓу Катица Јанева и денеска двајцата приведени бизнисмени кои во моментов се во Кривичниот суд на распит, но за оваа поврзаност засега нема потврда.

Најчитани

Твитови