МОБ ќе добие модерна сала според сите стандарди

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети Македонската опера и балет, каде се реновира големата сала.

– Проектот почна пред неколку месеци. Институцијата веќе има избрано фирма која во моментов работи на реновирање на целата сала во МОБ. Реновирањето е од огромно значење за функционирање на оваа наша најголема институција, рече Канческа-Милевска.

Таа информира дека реконструкцијата ќе опфати промена на подот, на сите 730 седишта, на осветлувањето, на двете влезни партии ќе се постават рампи за лицата со посебни потреби, ќе има реконструкција на фоајето, промена на мермерот, ѕидни стакла, молерофарбарски работи…

Според договорот, како што рече, се предвидува до крајот на септември да завршат сите активности за институцијата од октомври да почне непречено да работи.

– Од буџетот на Министерството за култура се издвоени околу 62 милиони денари. Во изминатиот период беа издвоени околу 15 милиони денари за реконструкција на системот за греење и ладење за големата сала, кој е ставен во функција. Имаше инвестиции во делот на сцената. Со реновирање на салата ќе се подобрат условите за функционирање и за следење на сите програмски содржини во МОБ, истакна Канческа-Милевска.

Министерката за култура соопшти дека ќе се набави систем за превод и титлување на сите претстави, при самите седишта. Освен македонски, ќе има превод на англиски, германски, албански…

Директорот на МОБ Игор Дурловски нагласи дека добиле огромна поддршка од Министерството за култура за да го реализираат проектот.

– И како гледач и како уметник, често публиката кажува дека столчињата не се удобни и оти е време салата да се реновира. Во програмата што ја имав напишано кога конкурирав за директор на МОБ, беше дека ќе се трудам да донесам дел од странската публика кај нас. За такво нешто требаат услови. Условите благодарение на Министерството за култура ќе ги имаме и верувам дека наскоро ќе имаме модерна сала, која ќе ги задоволува сите стандарди, рече Дурловски.

Преку викенд на Водно пешки или со автобус

Забраната ќе се воведе на 25 ноември, ќе важи во деновите на викендите и за време на државните празници, а ќе се применува во една насока, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Од наредниот викенд Град Скопје ќе го спречи движењето со автомобили на Водно. Со години наназад колони автомобили се движеа по патот кон и од Средно Водно секој викенд, а паркиралиштата и сите приодни патишта беа преполни со паркирани коли. Шумата, наместо да биде место каде скопјани можеа да избегаат од загадениот град и врева, да се рекреираат и релаксираат во спокојна атмосфера, стануваше центар на сообраќаен хаос. Ретко кој користеше градскиот автобус, затоа што на повеќето граѓани им беше полесно да се повозат до Водно, наместо да пешачат и да ги научат своите деца да уживаат во природата.

Апелите на рекреативците и вљубениците во природата до претходната градска власт останаа залудни. Новиот градоначалник Петре Шилегов, забраната за движење возила на патот до Средно Водно ја најави како една од првите мерки по преземањето на функцијата. Забраната ќе се воведе од наредниот викенд, 25 и 26 ноември, ќе важи во деновите на викендите и за време на државните празници, а ќе се применува во една насока, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Со неа нема да бидат опфатени автобусите на ЈСП „Скопје“, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

Ќе се воведат две шатл- линии кон Водно

-За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно. Градот Скопје ќе воведе 2 нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората од паркингот кај Цветниот пазар. – информираат од Град Скопје.

Од двете локации ќе има по шест тргнувања дневно во викендите и тоа во автобусот со број 25А ќе тргнува од кај катната гаража во 9:20, 10:00, 10:50, 11:50, 12:50 и во 13:50, а оној со број 25Б ќе тргнува од кај Цветен пазар во 9:30, 10:10 , 11:10, 12:10, 13:10 и 14:10 часот.

Освен двете нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат да ги користат и двете постојни автобуски линии – линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.

За претходната власт ова решение беше многу сложено

Да потсетиме дека претходната локалната власт сметаше дека целосното исклучување на сообраќајот преку викенд е многу компликувано решение, дека треба да се направи широка анализа, а освен тоа, согласност за таков сообраќаен режим, треба да се добие од сообраќајната полиција.

Од Град Скопје, на еден месец пред локалните избори за “Слободен печат“ тврдеа дека немаат иницирано, ниту пак разгледувано можност за затворање на сообраќајот на Водно за време на викендите. Набрзо потоа тогашниот градоначалник Коце Трајановски, оваа идеја, за која осум години додека беше прв човек на градот не стори ништо да ја спроведе, ја вметна во својата изборна програма.

Придружете ни се Facebook > 

-Град Скопје , согласно физичкиот капацитет на сообраќајната мрежа и паркиралиштата има воспоставено сообраќаен режим и истиот треба сообраќајната полиција да го регулира во рамки на зацртаните можности во сообраќајниот режим за Водно. Град Скопје перманентно, реализира мерки кои се во функција на подобрување на условите за прием и престој на посетителите на Водно. Една од главните мерки за намалување на гужвите во текот на викендите е воведувањето на редовната автобуска линија, која им овозможува на граѓаните и со јавниот превоз да се искачат до Средно Водно.-изјавија од Град Скопје за „Слободен печат“ кон средината на септември.

Ова е најмоќно! Го убива ракот за 48 часа, но никој не го кажува лекот бидејќи не чини ни денар!

Ова растение може да се види насекаде околу нас. Има многу лековити својства, а се што треба да направите е да го соберете од дворот или околните планини. Чајот од глуварче дејствува на клетките на ракот, влијае врз нив на таков начин што тие се распаѓаат во рок од 48 часа.

Нашите баби имале сирупи од цветовите од глуварче, знаејќи за неговата ефикасна сила, но сигурно не се сомневале дека коренот на глуварче може да им помогне на болните од рак.

Научниците откриле дека коренот на ова растение работи подобро од хемотерапијата, бидејќи само “убива” клетки кои се заразени со рак.

Покрај тоа, има диуретични својства, ја стимулира секрецијата на жолчката, го чисти црниот дроб, помага при алергии и го намалува холестеролот. Тоа содржи многу важни витамини и минерали како што се витамин Б6, тиамин, рибофлавин, витамин Ц, железо, калциум, калиум, фолна киселина и магнезиум.

Содржи до 535% од потребната доза на витамин К и околу 110% од препорачаната дневна доза на витамин А. Сите овие се факти познати со години.

Виндзор Универзитетот во Канада спроведе почетна студија на Одделот за хемија и биохемија, а резултатите даваат нова надеж за пациентите со рак. Се откри дека коренот на глуварче ефикасно ги “убива” клетките инфицирани со рак без штетни ефекти врз другите клетки во телото.

Џон Ди Карло, 72-годишен човек кој лично бил убеден во лековитите својства на глуварче, бил подложен на интензивна и “агресивна” хемотерапија за да се бори за неговото здравје. Процесот на лекување траел три години пред лекарите да го испратат дома за да ги помине последните неколку дена со своите блиски.

Поради фактот дека немаше ефект на хемотерапија, а лекарите не нудеа алтернативи за лекување на рак, Џон почнал да пие чај од коренот на глуварче како последно средство за спасение. Само четири месеци подоцна, според Природни вести, оваа личност доживеала ремисија на болеста.

По разводот со Соња утеха најде во неа: Ова е 17 години помладата девојка на Жељко Шашиќ!

Фолк пејачот Жељко Шашиќ утеха најде во Катарина Лазиќ, која е помлада 17 години од него.  Тие се во врска неколку години.

Девојката на бившиот сопруг на Соња, работела за австралиска комапнија “Body and Soul model Agency”,  а изгледа многу атрактивно.

Најчитани

Твитови