Кој е новиот претседател на СПУКИМ?

Нов претседател на Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (СПУКМ) со освоени 3.851 гласови е кандидатот Давор Поповски, соопшти СПУКМ.

Вториот кандидат, Стефан Василевски, според Студентскиот Парламент, освоил 1.275 гласови, имало 138 неважечки гласови, а вкупно гласале 5.264 студенти.

Од Студентскиот парламент на УКИМ наведуваат дека на вчерашниот избор на нов претседател на СПУКМ на сите 23 факултети гласањето почнало навреме во девет часот и завршило во предвиденото време во 16 часот.

Кандидати за студентски лидер, се вели во соопштението, беа под реден број 1. Стефан Василевски од Медицинскиот факултет кој доби поддршка од 6 студентски парламенти на факултетите и под реден број 2. Давор Поповски кој доби поддршка од 7 студентски парламенти на факултетите. Им честитаме на кандидатите за нивната коректна кампања, која се базираше на програма која им нуди проекти и можности на студентите.

Според СПУКМ, изборниот процес се одвивал во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот, се вели  во соопштението, имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување.

- Воедно сакаме да упатиме остра критика и да го осудиме насилното однесување на Студентскиот пленум за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на  пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ. Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење, се вели во соопштението од СПУКМ.

5-те најдобри книги за медитација за почетници и искусни!

Пред 20 години било навистина тешко да најдете какви било извори за медитацијата. Но, денес можете да се вклучите на Интернет и да најдете информации за медитацијата за неколку секунди.

И покрај ова, книгите остануваат најдобрите извори за медитација, од кои повеќето биле напишани долго пред појавата на Интернетот. Постојат навистина многу дела за медитација и понекогаш изборот може да биде тежок. Некои книги се за формалната, седечка медитација, додека други ве учат како да медитирате целиот живот. Па, за да ви го олесниме барањето, погледнете кои се најдобрите книги за медитација за почетници и искусни.

1. „Правење простор“ – Тич Нат Хан (Making Space – Thich Nhat Hanh)

Во ова кратко дело, зен мастерот Тич Нат Хан на многу едноставен начин објаснува како да почнете со медитација дома. Овде ќе најдете многу креативни техники и предлози кои се многу повеќе од само седење и медитирање. Оваа книга е одлична за почетниците кои бараат нешто едноставно.

2. „10% посреќни“ – Ден Харис (10% Happier – Dan Harris)

За разлика од повеќето книги, ова дело е напишано за скептици од скептик – спикерот за „ABC News“, Ден Харис. Ако сметате дека и кај вас постои сомнеж или некогаш постоел, па сакате да слушнете слично мислење, оваа книга е совршена за вас.

3. „Надвор од вашиот ум“ – Алан Вотс (Out of Your Mind – Alan Watts)

Ова е навистина уникатно дело. Пред сè, бидејќи на некој начин е аудио книга, а второ, бидејќи не обрнува многу внимание на самата техника, туку на справувањето со нештата што ќе се случат за време на и како резултат од длабокото медитирање. Алан Вотс е совршената личност за споделување на овие информации бидејќи знае да го направи тоа на навистина едноставен начин. Ако сакате да почнете со подлабока медитација и да научите нешто повеќе за оваа техника, не смеете да ја игнорирате оваа класична аудио колекција.

4. „Каде одите, таму сте“ – Џон Кабат Зин (Wherever You Go, There You Are – Jon Kabat-Zinn)

Ова е совршениот модерен водич за медитација од таткото на „модерната свесност“. Како и „10% посреќни“, и оваа книга е за секој што не го сака будистичкото објаснување или поврзувањето со што било друго што има „духовна“ перспектива. Сепак, ова не значи дека книгата е плитка бидејќи и самиот Џон медитира. Делото е одлично за почетници кои не сакаат да мешаат и религија. Ако сакате директен водич што не само што ве учи да медитирате, туку и ви кажува што е важно, тогаш ова е книгата за вас.

5. „Медитација во акција“ – Чогјам Трунгпа (Meditation in Action – Chogyam Trungpa)

Напишана од тибетски будистички учител, оваа книга влегува подлабоко во медитацијата на интересен начин со кој се истакнува од другите дела. Чогјам бил интересна и на некој начин контроверзна личност додека бил жив. Нос неговата мудрост и знаење за медитацијата се без сомнение уникатни и додаваат нова димензија на останатите книги.

Пробајте да направите ванилици со пиво!

Направете вкусни ванилици со пиво во вашиот дом.

Состојки:

1,5 шолји растопена маст

½ шолји пиво

1 лажиче прашок за пециво

2 кеси ванила

2 шолји брашно

малку ореви

300 гр. шеќер во прав

Подготовка:

Се меси тесто од сите состојки, се прави кора и се сече на коцки.

Се става орев цел во секоја коцка и се витка како ванилица.

Се редат во плех колачите и се става хартија.

Се печат 15 минути во рерна.

Се валкаат во шеќер во прав.

Диета со сурова храна!

ШТО ПРЕТСТАВУВА ДИЕТАТА СО СУРОВА ХРАНА?

Диетата со сурова храна се базира на консумирањето на непреработена и неготвена храна како: свежи зеленчуци и овошје, семиња, зрнести храни, плодови со јатка, сушени плодови и алги.

Некои од приврзаниците на диетата со сурова храна се и вегани, т.е. воопшто не внесуваат храна од животинско потекло, но има и такви кои консумираат сурово месо и други продукти од животинско потекло. Најчесто, најмалку 75% од храната која се внесува треба да биде сурова.

Скоро сите диети треба да се држат одреден период за да бидат ефективни. Тоа не е така со оваа диета. Нема препорачан период, затоа што диетата со сурова храна треба да се смета како начин на живот и да се практикува постојано.

ЗОШТО ДИЕТА СО СУРОВА ХРАНА?

Приврзаниците на оваа диета се стремат да јадат сурова храна, затоа што сметаат дека кога храната е готвена на температура повисока од 46°C таа ги губи ензимите, кои ѝ помагаат подобро да се вари и апсорбира од организмот.

Храната со готвењето ги губи и повеќето хранливи материи и витамините. Затоа се смета дека суровата храна е поздрава.

ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ

И диетата со сурова храна, како и другите диети има свои позитивни и негативни страни.

Предности:

Многу подобар изглед на кожата;

Повеќе енергија;

Губење на телесна тежина;

Одржување на телесна тежина;

Намалување на нивото на лош холестерол, т.е. значително се намалува ризикот од срцеви и други кардиоваскуларни болести.

Недостатоци:

Потребна е добра организација;

Потребно е да бидете многу мотивирани;

Тешка е за држење, особено кога јадете во ресторан;

Потребна е подготовка;

Проблеми со варењето на храната.

РЕЦЕПТИ

Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат да вкусите како е да сте приврзаник на диетата со сурова храна.

Сурово чили

Состојки:

2 чаши вода

4 чаши домати

1 супена лажица зачин чили

½ супена лажица кумин

морска сол по вкус

2 чаши исечкани зелени и црвени пиперчиња

½ чаша исечкан кромид

½ чаша исечкан целер

Подготовка: Ставете ги доматите и зачините во блендер додека не се добие пире. Потоа додајте ги останатите состојки и мешајте додека не се соединат. Сервирајте го на собна температура или ладно.

Салата со манго и авокадо

Состојки:

2 манго плодови, излупени и исечкани

1 големо авокадо, излупено и исечкано

1 супена лажица сок од зелен лимон

1 супена лажица маслиново масло

1 супена лажица семе од сусам

Подготовка: Во длабок сад смешајте ги сите состојки. Сервирајте веднаш по приготвувањето.

Најчитани

Твитови