Опсесивно - компулсивно растројство

Една од карактеристиките на  опсесивно-компулзивните растројства се рекурентните  опсесивни (наметнати) мисли, представи или присилни дејствија -  во  вид  на  слики, идеи, импулси  или  емоции  со  непријатна  содржина- за  кои  личноста  е  свесна  дека  се  нелогични,  активно  се  бори  да  се  ослободи  од  нивниот  притисок,  но  не  може  тоа  да  го  направи.

Растројството  обично  започнува  во  детството, еднакво  кај  машкиот  и  женскиот  пол  и  има  тенденција  кон  хронична  еволуција.

Опсесивните  мисли се  перзистентни  идеи,  мисли, поттикнувања,  кои  се  доживуваат  како  туѓи  и  наметнати,  врз  кои  личноста  не  може  да  има  контрола  и  кои  секогаш и предизвикуваат  анксиозност  и  непријатност.

Опсесивните  мисли  секогаш  одново  се  враќаат  на  стереотипен  начин  во  свеста  на  личноста  и  секогаш  одново  носат  поголема  вознемиреност  и  потешкотии  од  вегетативен  тип- тахикардија, губење на здив, вртоглавици... особено  ако  се  поврзани  со агресивни  тенденции.

Содржините на опсесивните мисли се најразлични најчесто поврзани со  повторувачки мисли  за  зараза (на пр.  Ако  се  ракува  со  некое  друго  лице  или  ја  допира  рачката  на  вратата  која  ја  допираат  и  други  лица-постои  можност  да  се  зарази).  Повторувачки сомненија (на пр. дали  вратата  останала  отклучена,  светилките  изгаснати,  шпоретот  исклучен и сл.), потреба  за  одреден  распоред  на  работите  во  домаќинството  (на  пр.  анксиозност  и  вознемиреност  ако  работите  и предметите  се  во  неред  или  асиметрично  распоредени),  агресивни  и  застрашувачки  поттикнувања (на пр. мисла  да  се  удри  или  повреди  некое  дете  или  да  се  викни  на  глас  нешто  непристојно), сексуални  фантазии (На пр. Повторувачки  порнографски  мечтаења и сл.)

Опсесивните  мисли  не  представуваат  вобичаена  грижа  за  секојдневните  вобичаени  и  реални  животни  случувања  и проблеми.

Компулзиите  се  повторени  дејства  кои  се појавуваат  како  неодложна  потреба  за  акција, која  претставува  само  едно  движење  и  допир  или пак  акција  од  повеќе  повторувани  движења  кои  се  стереотипни  и  се  повторуваат  како  ритуали,  а  кои  имаат  за  цел  да  ја  спречат  или  да  ја  намалат  анксиозноста  и  нелагодноста.  Тие  движења  и  ритуали  имаат  одреден  редослед   и  одреден  број  на  повторување, доколку  ритуалот  биде  неправилно  изведен  или  прекинат, анксиозноста  нараснува  до  неиздржливи  граници и  личноста  има  потреба  да  го  повтори  дејството  од  ново  по  правилен  распоред  и  одреден  број  повторувања  за  да  би  се  растеретила  од  нелагодноста  иако  ги  смета  за  ирационални.  ( На  пример  се  мие  по  10  пати  раце-ако  некој  ја  прекине  има  потреба  од  повторување  на  ритуалот, или   прескокнување  на  црти  на  плочки,  прескокнување  шахти,  молење, броење, тихо  повторување  на  зборови...)

Обично  почетокот  на  растројството  е  постепено,  со  можност  за  наголемување  на  опсесивно-компулсивните  содржини  и  со  тенденција  за  хронична  еволуција.

Опсесиите  и  компулзиите  предизвикуваат  значајна  непријатност, одземање на време  или пак  значајно  ги  спречуваат   во  секојдневните  професионални  и  социјални  релации.

Терапија  на  опсесивно-компулсивните  растројства-  има  за  цел  да  ја  намали  нелагодноста  и  анксиозноста, опсесивноста  и  компулсивноста. Се  препорачуваат  антипсихотици, антидепресиви  и анксиолитици. Заедно  со  фармакотерапијата се  применува   бихејвиорална  и индивидуална аналитичка  психотерапија.

Пишува:

Д-р Ирена  Најдоска - специјалист психијатар во Neuromedica

 

Стартуваше полагањето на државна матура

Со испитот по мајчин јазик и литература, 16. 466 ученици го  започна полагањето на државна матура во средните училишта низ Македонија. Татјана Стојанова – Дуева директорка во средното  училиште „Јосип Броз Тито“ вели дека сите правила и прописи за полагањето на државната матура се запазени, но дека  не се согласува со реакцијата на дел од матурантите кои што велат дека се против  полагање државна матура.

„Јас не би се согласила со фактот дека учениците реагираат на самиот чин на испитот на државна матура, зошто повеќе години се спроведува Учениците имаа подолг временски период да се подготват за овој испит, не гледам причина да постои стрес и ги разбирам, бидејќи се сепакученици и тоа е испит на зрелост. Мора да се охрабрат и да го поминат“ - вели Татјана Стојанова Дуева  - директорката на гимназијата "Јосип Броз Тито"- Скопје.

Средношколците со поделени мислења, за едни  државната матура е модел со кој се оценува  квалитетот и вложениот труд, додека  други сметаат дека матурата треба да се укине затоа што е систем со кои не може да се процени вистинското стекнато знаење.

Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование во земјава е усвоена со решение на поранешниот министер за образование и наука, Азис Положани.

Веќе 8 години како матурантите во Македонија полагаат државна матура. Истата во два наврати претрпе низа промени и надополнувања. Во повеќе случаи низ текот на изминатите неколку години. Учениците протестираа против одлуката на Министерството за образование и наука да се полага државна матура. Вкупно 17 800 матуранти полагаа пробна матура во 2008 година.

Покрај државната матура,  воведено е  и екстерното тестирање, реформа воведена пред 6 години која ја следат низа контроверзии. Од МОФ велат дека по итно треба да се прекине екстерното  тестирање. Над дваесет и пет илјади граѓани ја поддржаа нивната петицијата со која од надлежните институции  бараа  екстерно тестирање да се прогласи за пробно.

„Во екстерното тестирање вистински не е поставено кои се параметрите и која е целта, односно не се мери квалитетот на образованието, наставните програми и какво влијание има врз учесниците.“ - вели Теодора Столевска – Младински образовен форум.

СДСМ поднесе иницијатива до парламентот за укинување на екстерното тестирање по скратена постапка. Но, неизвесно е тоа дали ќе се случи, бидејќи се уште  не е формирана влада. Пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев вели дека е неизвесно дали оваа година ќе се укине екстерното и поради тоа апелираше до партиите од мнозинството да се донесат потребните измени.

„Поради суштината на екстерното, голо меморирање на факти, кое учениците понатаму не можат никако да го искористат, сметаме дека веднаш треба да се укине овој концепт. Ние поднесовме брање да се укине ектерното во Собранието по скратена постапка, но за да се успее да се стигне до петти јуни, односно до првиот ден на полагање на тестирањето, мора да добиеме поддршка од сите политички субјекти.“ - вели Стефан Богоев, СДСМ

Неодамна министерот за образование и наука Пиштар Љутфиу ја потврди информацијата дека сепак ќе има екстерно тестирање на крајот од оваа учебна година, бидејќи, како што вели, законите не може да се менуваат преку ноќ а учениците да започнат со подготовки за полагање. 

За да се укине екстерното тестирање треба да се сменат законите за основно и средно образование како и Законот за наставници. Владата треба да донесе нови измени и да му ги предложи на Собранието. Откако Собранието ќе ги усвои измените, новите законски решенија треба да бидат објавени во Службен весник за да стапат во сила. 

Психолозите: Зошто мажите сакаат анален секс?

Ретко кој маж не сонува за анален секс со својата партнерка, а откриваме и зошто.

Во мислите на повеќето мажи, аналниот секс е најслаткиот можен зачин за сексуалниот живот, велат психолозите. Всушност, тие во еден научен истражувачки труд се позанимавале со прашањето зошто мажите толку многу сакаат анален секс, и резултатите се пет главни причини.

1. Аналниот секс е сосема поинакво искуство од вагиналниот секс, а љубопитството си го прави своето. 

2. Аналниот секс е новиот егзотичен начин да го зачините сексуалниот живот. Нема да ви дојде до анален секс кога тој би бил највообичаената работа која ја практикуваат сите двојки во светот, на редовна база. Но токму поради тоа што аналиниот секс не е на менито, кога еднаш ќе се појави како специјална понуда мажите го посакуваат токму тоа. 

3. Иако не е нешто чудно, аналниот секс се уште е табу. Не е толку шокантен како порано, но уште е табу тема поради тоа што е невообичаен. А поради тоа што делува и малку "непослушно" веднаш им станува попривлечен на мажоите.

4. Не секој го има искусено ова искуство, слично како искачувањето на Монт Еверест. - Ок, дефинитивно повеќе луѓе имале анален секс отколку што се искачиле на највисоката планина, но сфаќате што мислиме. Аналниот секс е нешто посебно, поинакво искуство. 

5. Со оглед на тоа што, како што веќе кажавме, аналниот секс е ретка појава во сексуалните односи, мажите понекогаш сакаат да го пробаат токму поради тоа.

Интересно е тоа што мажите не ги привлекува толку многу самата помисла на анален секс, колку идејата дека ќе можат искрено да се пофалат дека и тие (барем еднаш) го пробале.

Раиола се огласи и го посочи вистинскиот виновник за недоразбирањата меѓу Донарума и Милан

Џанлуиџи Донарума иако е само тинејџер веќе ужива голема почит во светот на фудбалот, па Милан со сите сили се обидува да го задржи својот бисер на „Сан Сиро“.

Меѓутоа засега работите не одат како што треба и младиот голман се уште ја нема продолжено соработака со „росонерите“, па се појавија одредени информации оти тој ќе биде седнат на клупата на резерви наредната сезона ако летово не стави потпис на нов договор.

Овие вести допреа до агентот на Џиџи контраверзниот Мино Раиола кој го обвини медиумите оти сакаат да направат војна меѓу неговиот клиент и клубот.

-Никој не рекол дека Џиџи не сака да го обнови договорот со Милан. Не верувам дека директорите на клубот го кажале тоа, мислам дека се обидуваат да направат војна меѓу мене и Милан. По обврските со репрезентацијата Џиџи ќе замине на одмор и ќе видиме што ќе се случи.Преговараме со Милан, ќе видиме. Ќе процениме некој работи и другите тоа ќе го направат. Не носам никој како слободен агент, -рече Раиола.

Договорот на Донарума со гигантот од Милано му истекува наредната година.

Најчитани

Твитови