„КРИСТОФЕР КОЛУМБО“ НА СКОПСКО ЛЕТО

Во рамки на Скопско лето, вечер, во Драмски театар ќе биде изведена претставата „Кристофер Колумбо“ на Мирослав Крлежа, во режија на Љубиша Георгиевски кој го адаптираше и тесктот.

Играат Рубенс Муратовски, Роберт Вељановски, Александар Стефанулески, Димитрије Доксевски,…, а музиката е на Венко Серафимов.

Во Кафе киното, пак, во Сули ан, од 21 часот ќе биде прикажан романскиот филм „Аферим“, во режија на Раду Жуде. Филмот доби награда за најдобра режија на фестивалот во Берлин.

ШОКАНТНО: Наместо молитва звуци од ПОРНИЧ одекнаа од џамија (ВИДЕО)

Ташин Бабас, градоначалник на турскиот град Кастамона, вети истрага за скандалот што неодамна ја шокираше целата земја

Имено, на платформата Јутјуб беше објавена снимка на која се слуша како од минарето на џамијата Кузејкент, наместо повик за молитва, одекнаа звуци од порнофилм.

– Некој нелегално упаднал во системот на нашата општина. Потребно е итно да ги пронајдеме сторителите на овој дрзок и непристоен чин. Им се извинуваме на нашите драги сонародници поради непријатната ситуација – изјави градоначалникот Бабас во врска со случајот.

Полицијата интензивно трага по виновниците, иако на социјалните мрежи се шират шеги дека инцидентот го предизвикале вработените во јавните служби кои заборавиле да ги исклучат звучниците додека на работа гледале порнографски филм.

Видеото погледнете го ТУКА

Беше заљубена во Брендон: Вака денес изгледа Андреа од „Беверли Хилс“ (ФОТО)

Актерката Габријел Картерис ја играше улогата на Андреа во популарната американска серија „Беверли хилс“ и беше заљубена во Брендон, а денес не би ја препознале.

Габријел најпозната на публиката и е токму по оваа улога, серијата ја напушти во 1995 година, а до крајот гостуваше уште неколку пати . Моментално е претседател на здружение на филмски и телевизиски работници, новинари и водители ширум светот.

Кога е во прашање нејзиниот приватен живот, во 1992 година се омажи за Чарлс Ајзак, дилер на берза, со кој има две ќерки –Келси Роуз и Моли Елизабет.

Еве која позната МАКЕДОНСКА актерка пие кафе со ФЕРХУНДЕ (ФОТО)

Сигурно се сеќавате на убавата турска актерка Дениз Чакар која ја играше улогата на Ферхунде во популарната серија „Кога лисјата паѓаат“ која пред неколку години се емитуваше и кај нас.

За Денис пишуваа и нашите медиуми, а беше една од омилените ликови во серијата иако глумеше негативец. Денес Ферхунде или Дениз работи на нова серија која се уште се снима, а на своите профили на социјалните мрежи редовно објавува нови фотографии од сетовите, но и приватноста.

Па така, меѓу многуте такви моменти забележавме и фотографија со нашата позната актерка Сабина Ајрула-Тозија на која се гледа дека се доста блиски.

Инаку, Сабина стекна голема слава и во Турција со улогата на Афифе Хатун во хит серијата „Сулејман Величенствениот“.

Најчитани

Твитови