Најбруталниот македонски рапер Donplaya направи песна за Pokemon - "Сите сте покемони" (+18 ВИДЕО)

Најбруталниот македонски рапер Donplaya направи песна за Pokemon - "Сите сте покемони". Битолчанецот веќе долго време е познат по своите креативно-саркастични текстови со кои ги опишува општествените настани во нашата држава. Според неговите рап текстови Donplaya се преставува како Playboy, анархист и шоумен со што македонскиот хип-хоп го носи во сосема нова димензија во стилот на познатите американски рапери кои исто така ги практикуваат сличните реторикки. 

Покрај песната за Покемони кои моментално е најактуелна тема во медиумите, Donplaya има и доста други интересни песни како "Кучко не!", "Многу кучки мусли јадат", "Јадиме палачинки" и многу други интересни наслови. Сигурно многу луѓе не го сфаќаат серизоно, но Donplaya заедно со Праскиза имаат воја продукција МврСвр и имаат повеќе видео спотови од 95% од артистите во РМ. 
Видете и проценете сами дали овој изведувач е сериозен и дали неговите песни заслужуваат публицитет!

Oбвинетите признаа вина за НАЈГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ НА БАНКА во историјата на Македонија

На вчерашното рочиште во Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со грабежот во Тутунска банка, четворицата обвинети опфатени со Обвинителен акт признаа вина за кривичните дела што им се ставаа на товар.

Како што соопшти Основното јавно обвинтелство ,  тие се изјасниле  за виновни дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. На 10.04 2017 извршиле кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра. Иако ги признале во целост наводите од Обвинителниот акт, обвинетите не откриле што сториле со украдените парични средства.

Согласно Обвинителниот акт, првообвинетиот се гонеше за сторени кривични дела – Затајување од член 239 став 5 во врска со став 3 и 1 и во врска со член 45, што значи дека делото е сторено повеќе пати во низа како повеќекратно остварување на истото дело, како и за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 3 од Кривичниот законик. Второто лице се товареше за истите кривични дела – Затајување и Тешка кражба, но во врска со член 24 од Кривичниот законик, односно за помагање. Третиот обвинет со Обвинителниот акт се товари за кривичното дело – Тешка кражба со помагање, додека пак четвртото лице е обвинето за кривичното дело – Затајување во врска со член 22 од Кривичниот законик, односно за соизвршителство.

Откако обвинетите ја признаа вината, судијата закажа рочиште на 27.10.2017 година, на кое ќе бидат изнесени завршните зборови во предметот против нив. За кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 3, што се однесува на предмети во вредност од големи размери, пропишана е затворска казна од 3 месеци до 10 години. За кривичното дело од член 239 став 5 – Затајување, законикот пропишува затворска казна од една до 10 години.

Надлежниот обвинител кој постапува во предметот до судот достави и Обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување им биле доверени определен круг на работи, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ. Две лица се товарат дека сториле кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353 став 5 во врска со член 45 од Кривичниот законик, што предвидува вршење кривично дело од продолжен вид, додека другите двајца се товарат за истото кривично дело – Несовесно работење во службата, но за негово еднократно сторување.

Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.

Разголена и без грам шминка – селфито на Сека е хит на интернет

Пејачката Светлана Сека Алексиќ ги заинтригира своите фанови со фотографија која ја споделила на Инстаграм, а на која открива сѐ, а ништо не покажува.

Сека се фотографирала во својот дом прекриена само со капут со крзно и без шминка. Сепак, нејзиното беспрекорно лице не успеало да го намали воодушевувањето од деколтето кое Сека го покажала.

Нејзината фотографија за само неколку минути доби илјадници лајкови.

Се појави најлудиот кондом на светот за најмоќниот политичар (ФОТО)

Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, за роденден доби еден куп роденденски подароци. Од песни па преку разни животни, кучиња, мали тигри, кози и коњи, филмски реквизити…

Сега на ред дојде и кондом со неговите лик и име.

Новиот презерватив со име „Put in“, што во превод значи „стави го“, за првпат е виден на саемот за еротика во Њујорк.

Фотографијата на кондомот со интересната амбалажа ја постираше на социјалните мрежи една Русинка, а останува да погодуваме дали таа овој сувенир го понела со себе и го искористила.

Во секој случај, сите се воодушевени од овој предмет кој може да послужи како идеален подарок за љубителите на ликот и делото на Владимир Путин.

Најчитани

Твитови