Продиџи ова лето во Охрид

Главниот туристички центар со светски музички имиња ќе ја збогатува понудата во летната сезона . Под логото „Ohrid calling“ на 14 август на стадионот „Билјанини извори“ ќе настапи познатиот бенд „Продиџи “на 13 август во рамки на фестивалот „Охридско Лето“  на Античкиот театар музичката атракција Алди Меола а на 1 август договорени се настапите на познатите диџеи Лос Фриквенцис и Ники Ромеро кои ќе го промовираат градот и ќе овозможат прилив на поголем број посетители.Огромниот број на музички настани кои ќе се случуваат ова лето само во еден викенд ќе донесат над 15 илјади нови гости на охридската ривиера.

Од агенцијата за промоција и подршка на туризмот очекуваат плодна сезона и надминување на минатогодишните бројки .

Инаку продолжува интензивната промоција на туристичката понуда на Охрид на нови потенцијални пазари како Кина, Русија, Казахстан и Норвешка.

Беше заљубена во Брендон: Вака денес изгледа Андреа од „Беверли Хилс“ (ФОТО)

Актерката Габријел Картерис ја играше улогата на Андреа во популарната американска серија „Беверли хилс“ и беше заљубена во Брендон, а денес не би ја препознале.

Габријел најпозната на публиката и е токму по оваа улога, серијата ја напушти во 1995 година, а до крајот гостуваше уште неколку пати . Моментално е претседател на здружение на филмски и телевизиски работници, новинари и водители ширум светот.

Кога е во прашање нејзиниот приватен живот, во 1992 година се омажи за Чарлс Ајзак, дилер на берза, со кој има две ќерки –Келси Роуз и Моли Елизабет.

Еве која позната МАКЕДОНСКА актерка пие кафе со ФЕРХУНДЕ (ФОТО)

Сигурно се сеќавате на убавата турска актерка Дениз Чакар која ја играше улогата на Ферхунде во популарната серија „Кога лисјата паѓаат“ која пред неколку години се емитуваше и кај нас.

За Денис пишуваа и нашите медиуми, а беше една од омилените ликови во серијата иако глумеше негативец. Денес Ферхунде или Дениз работи на нова серија која се уште се снима, а на своите профили на социјалните мрежи редовно објавува нови фотографии од сетовите, но и приватноста.

Па така, меѓу многуте такви моменти забележавме и фотографија со нашата позната актерка Сабина Ајрула-Тозија на која се гледа дека се доста блиски.

Инаку, Сабина стекна голема слава и во Турција со улогата на Афифе Хатун во хит серијата „Сулејман Величенствениот“.

СРЦЕТО ЌЕ ВИ ПУКНЕ: Почина детето кое сакаше да го погребаат до неговата мајка

Почина во лондонската болница во која ги помина последните денови од својот живот.

Филип Кванси (7) чија последна желба била да го погребаат покрај неговата мајка почина во петокот.

Тој од мал се борел со различни болести, а минатат година му била дијагностицирана леукемија на која не супеа да и одолее.

Иако од почетокот бил осуден да води битки со болестите, во неговиот живот одолеал на рак, кој на крајот се проширил по целиот стомак.

Неговата мајка, Агниеска починала 2011 исто така од рак, а погребана е во ПОлска. Поради тоа таткотот на Филип Пиотр (40) покренал кампања да собере пари и на своето дете да му ја исполни последната желба. Во краток рок успеал даги собере потребните средства.

- Си отиде моето дете, празнината сега секогаш ќе биде покрај мене и во моето срце, но тој никогаш нема да биде заборавен и секогаш ќе биде сакан.Фала ви многу на сите за поддршката која ќе ми овозможи да исполнам последната желба на Филип да го погребам покрај мајка му, изјави таткото на детето, а пренесува Дејли Меил.

Најчитани

Твитови