За нашата татковина се работи, а не станува збор за тоа дали помогнало ВМРО или СДСМ!

Како не ви е срам? Во овие тешки моменти кога целиот народ треба да биде сплотен и сите да помогнат во оштетените места вие повторно глумите хуманост. Се шетате со обезбедување, насмеани, се сликате со лопати и гумени чизми и потоа се фалите на социјалните мрежи.

Браво! Браво!

Сите ќе ви бидат благодарни за помошта и искреноста!

Срамота! Повторно народот го делите на ВМРО и СДСМ!

Не луѓе овде нема ни ВМРО ни СДСМ овде тој што сака да помогне ќе дојде и ќе помогне и нема да се слика и да објавува на Фејсбук дека едните или другите се секогаш тука за граѓаните или незнам што.

Колку пари ви даваат да се сликате и да објавуваат слики? Мислите дека е момент да се продатете наместо навистина и искрено да помогнете?!

Добар пример е да се сликате на Фејсбук и да објавите дека сте помогнале за да ги поттикнете сите околу вас да го сторат истото, да ја кренете свеста на луѓето за лошата ситуација од катастрофата што се случи во саботата каде што животот го загубија повеќе од 20 луѓе.
Не ли размислувате дека секој од нас може да го снајде истото???

Луѓето тонат во кал, се борат со реалноста, а вие како да им се подсмевате со вашите пароли на Фејсбук. Не е време да си ги мерите силите во овие тешки моменти!

Сега е време сите да се фатат за лопата и за џебот да донираат кој колку може.

За Македонија се работи, за Скопје се работи! За нашата татковина се работи, а не станува збор за тоа дали помогнало ВМРО или СДСМ.

Срамота е ова што се случува!

Избегнете труење: Кое месо колку време може да стои во фрижидер и замрзнувач?

Складирањето на храната често носи и многу прашања, особено кога е во прашање месото.

Секој вид месо има рок на траење во фрижидер или во замрзнувач.

Ова е мало упатство како треба да постапите:

Живина

Свежото пилешко или мисиркино месо во обичен фрижидер трае еден до два дена, а во замрзнувач и до една година, на температура од -18 степени.

Зготвеното пилешко месо треба да се изеде најдоцна следниот ден, а смрзнато може да потрае и 2-3 месеци.

Црвено месо

Во фрижидер може да потрае и до пет дена, а смрзнато од 4 до 12 месеци. Зготвеното црвено месо во фрижидер смее да стои до три дена, а најмногу шест месеци во замрзнувач.

Мелено месо

Меленото месо (говедско, телешко, свинско и нивни мешавини) во обичен фрижидер трае до два дена, а замрзнато до четири месеци.

Сланина, колбаси и сувомесни производи

Сланината и сувомесните производи најдобро е да ги изедете во рок од една недела. Свежите колбаси траат до два дена, додека димените околу пет. Смрзнати може да траат и до два месеца.

Мислел дека има воспаление на ногата - Како инсектот завршил во ногата?

Еден месец маж од Нигерија ги игнорирал симптомите на своето тело откако го заболела ногата, мислејќи дека се работи за воспалена вена.

Тој ја гледал вената како расте и се помрднува, но не ни можел да замисли до какви откритие ќе дојде. 

42-годишниот маж откако видел дека воспалението не престанува, отишол на лекар, а таму го очекувал голем шок. Докторите увиделе дека не се работи за вена, туку црв кој му влегол под ногата и тука живеел.

Овој црв го предизвикува воспалението “cutanteous larva migrans” и обично се наоѓа кај животните.

За среќа црвот бил отстранет.

Лекарите во шок: Нема да верувате каде и се заглавил вибраторот на оваа девојка

Дежурните доктори се среќаваат со секакви ситуации, но ова што го доживеале овие доктори дефинитивно ги оставило шокирани.

Роџер Голдбер и неговата колешка се се уште во шок од една пациентка на која и се заглавил вибратор на дефинитивно најбизарното место каде може да се заглави.

Жена чиј идентитет не се открива дошла во болница со ужасни болки во стомакот. Откако лекарите сфатиле за што станува збор, останале шокирани. ИАко жената мислела дека вибраторот кој го користи може да се заглави само во вагината или анусот, сепак не била во право. Таа си го заглавила вибраторот во мочниот канал. 

- Ова е невозможно, како може да се случи вакво нешто, рекла девојката.

И лекарите велат дека ова е невозможно и дека вакво нешто гледаат прв пат во кариерата.

Најчитани

Твитови