Сите сме тука – донираме за настраданите

ФБ-групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ ве известува и ве повикува:

Утре, сите коишто нема да бидеме во можност да бидеме со лопата во рака (види настан:https://www.facebook.com/events/1650986225215867) да бидеме на едно место, онаму каде што сме потребни - СИТЕ ПУНКТОВИ ПОСТАНУВААТ ЕДЕН ГОЛЕМ и КООРДИНИРАН ПУНКТ за донации за настраданите во поплавените делови на Скопје – на Сквер Јадран, од 10 до 22 часот!

ВЕДНАШ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО И ПАКУВАЊЕТО, СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ЌЕ БИДЕ УПАТЕНА ОНАМУ КАДЕ ШТО Е НАЈНЕОПХОДНА!

Ситуацијата од теренот потврдува дека се неопходни уште многу донации! Да докажеме дека сме хумани и дека можеме повеќе! И тие што веќе дониравме, да донираме пак – дури треба! А МНОГУ ТРЕБА!

Наместо на едно кафе во град, донирајте за спас на нечиј живот!

НАЈНЕОПХОДНИ ДОНАЦИИ

  • Средства за дезинфекција
  • Средства за лична хигиена
  • Конзервирана и сува храна (храна којашто не треба да се готви или да се чува во фрижидер)
  • Храна за бебиња
  • Пелени за бебиња (сите броеви)
  • Пелени за возрасни
  • Прибор за чистење
  • Кофи
  • Ракавици за чистење
  • Лопати
  • Гумени чизми
  • Работнички колички
  • Лекови коишто се издаваат без лекарски рецепт
  • Батериски ламби
  • Плински боци и плински уреди за готвење
  • Свеќи и кибрит
  • Медицински маски
  • Хирушки ракавици

Упатуваме ЈАВЕН ПОВИК до СИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАРТОНСКА АМБАЛАЖА, до 9 часот, директно на Сквер Јадран да донираат картонска амбалажа во што поголем број – НЕОПХОДНА ЗА ПАКУВАЊЕ НА ПРИСТИГНАТИТЕ ДОНАЦИИ. За координација можат да се обратат на телефонскиот број: 071 665 433! За нив, едно комбе или еден камион со картонска амбалажа е ништо, ама некому, може да му биде сѐ. А таквите случаи се МНОГУБРОЈНИ!

УПАТСТВО ЗА ВОЛОНТЕРИ

Волонтерите коишто ќе ги примаат и пакуваат донациите се неопходни, ПОВЕЌЕ И ОД ОНИЕ ШТО И ДЕНЕС СМЕ НА ТЕРЕН!

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Облечени во БЕЛИ МАИЦИ, како знак на препознавање! СЕКОЈ ВОЛОНТЕР да носи: МАРКЕР, ТРАКА ЗА ЛЕПЕЊЕ ПАКЕТИ и СКАЛПЕЛ ИЛИ НОЖИЦИ.

ПОТРЕБНИ СЕ И ВОЛОНТЕРИ СО ВОЗИЛА, ЗА ДИРЕКТНА ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИИТЕ ДО НАСТРАДАНИТЕ

(Со гумени чизми, ракавици и медицински маски)

Совршен ден за Вагата, финансиски успех за Шкорпијата: Дневен хороскоп (26.03.2020)

Овен (21.03 – 20.04)

Иако ви се чини дека понудата за работа е лоша за вас, ви се советува да ја прифатите. Избегнувајте расправии со партнерот, особено кога станува збор за трошоците. Слободните лица можеби ќе најдат некоја нова љубов.

Бик (21.04 – 21.05)

Иако наизглед сте полни со сила, вашата кондиција е на доста ниско ниво, така што дополнителна рекреација нема да ви штети. И покрај тоа што сте доста ангажирани на работното место, денес повеќе ќе сакате да се посветите на себе и на средување на вашите мисли. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работното место ви следи нов проект, но поради големиот број на работни задачи ќе бидете во дилема дали да го прифатите. Наш совет е да прифатите без размислување затоа што тоа ќе ви помогне да го наполните својот паричник. Партнерот ќе се потруди да ве изненади за да ви го подобри расположението.

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку немате доверба во одредени соработници, направете го тоа што е неизбежно за да можете да ги зачувате вашите работни интереси. Избегнувајте деловно ривалство со личности кои имаат негативна репутација. Се наоѓате во емотивен расчекор.

Лав (23.07 – 22.08)

Верувате дека со својата убедителност ќе ја постигнете целта. Некој сака јасно да ви покаже дека нема да игра по вашите правила. Добро се согласувате со лицата кои имаат визија. Се трудите да добиете шанса во работата со Водолија или Рак.

Девица (23.08 – 22.09)

Бидете потолерантни во кавгите, особено ако станува збор за недоразбирање со Рак или Овен. Денес би можел да ви се најде при рака еден Јарец кој добро ве познава. Подгответе се да ја освоите поддршката од една Вага бидејќи очекувате да ви помогне во работата која може да ви донесе голема популарност. Се трудите да бидете фер кон своите, но сепак вашите интереси ги ставате на прво место.

Вага (23.09 – 22.10)

Пред вас е одличен ден во кој ќе се чуствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени , но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите, бидејќи во спротивно вашата позиција може да ослабе. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чувствувате. Некои претставници ќе уживаат во гледањето на некој нов филм, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни.

Јарец (22.12 – 20.01)

Со фамилијата ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмот е стомакот. Не е ништо алармантно, но сепак вие сте исплашени.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.

Риби (20.02 – 20.03)

Интуицијата ви е добра и ќе успеете да направите нешто што посакувате. Бидејќи сакате самостојна работа прифатете некоја работа која можете да ја обавувате во својот дом. Заработката и понатака ви доаѓа преку партнерот. Избегнувајте цигари.

Дневна доза смути: Здрава замена за кафе!

Денешниот предлог е за сите љубители на кафето. Од нашата нова омилена веб страна, smuti.mk., ви нудиме рецепт со кој ќе сакате да се расонувате секој ден.

За само неколку минути ќе го започнете денот свежи и енергични.

Потребно:

една голема лажица цимет

една банана

една шолја смрзнат јогурт од ванила

една шолја кафе

Подготовка:

Сите намирници се ставаат во одличниот Nutribullet, каде за само неколку секунди, со помош на неговото циклонско дејство и патентирани сечила, ќе го добиете вашиот омилен пијалок. Nutribullet целосно ги разложува замрзнатото овошје, јаткастите плодови и семките за вашето тело да може да ги апсорбира и искористи.

Во продолжение погледнете го и видео-рецептот од smuti.mk, каде ќе го видите подетално начинот на подготовка. Добијте ја потребната доза кафе. Здраво, вкусно, евтино. И, најважно, знаете што содржи!

 

извор: Fashionel.mk

Направите вкусно турско кафе по стар рецепт!

Има нешто посебно кај турското кафе. Иако можеби сè поретко се наоѓа во кафетериите, воглавно сите го пијат дома. Доколку сакате да го пиете турското кафе како луѓето во минатото, следете ги овие совети.

Пред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.

Дел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).

Се промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.

Тргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.

Ова се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:

Пречестото мешање го убива вкусот.

Доколку кафето се подигне неколку пати, се уништува пената и се губи вкусот.

Мешањето на свареното кафе ќе го измени неговиот вкус.

Доколку пиете благо кафе, најдобро е да го додадете шеќерот во водата додека е ладна. Односно, пред да го ставите и сварите кафето.

Најчитани

Твитови