Од СЕЛСКИ МОМИ до ФОЛК ПЕЈАЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА И АВСТРАЛИЈА...

Во Македонија ретки се телевизиите кои ја негуваат  традиционалната македонско-бугаро музика, има неколку телевизии кои не знам како опстануваат (ништо лично за телевизиите на кои имињата не е ферски да ги споменеме а сите ги знаеме), а ја негуваат оваа музика.

Седам и вртам со даљинското се со цел да најдам нешто за гледање по мој вкус, одеднаш аутоматски рефлексите ми проработеа и ми се укочи раката се со цел да ја оставам програмата каде што во моментот одеше еден јак кадар: Цура се гали одоздола па нагоре, кој не би ја гледал оваа телевизија цел ден?

Морав да го догледам спотот во кој истата таа цура чекаше од шампањското да излезе пената која со нејзините гестикулации на рацете залепени за флашата сфатив дека е десанка (кој го гледал спотот знае). Догледав и си реков морам јас да ја најдам песнава на јутјуб за да го анализирам текстот, едноставно ме интересираше од каде толкава храброст имаше момата да пее такво нешто...

Почна песната која заради нетот кочи од самиот старт или од што е толку кич самата не се пушта, РАКЕ ПУКЕ, РАКЕ ШЛАКЕ?? да се посветам на јаката кола, цура,69-ката или текстот? Песната ја изгледав, очите ми се наполнија, а душата празна, текстот како да беше од некој порно филм, цурата како да пееше за во некој друг свет а не за во нашиов каде што години наназад се негувала старата Македонска народна песна...

Си мислев дека единствени се, уникатни се Бугарите и со стил и со музика и со набубрените бузи од селиконот на нив, пошто селиконот под усните (цицките) веќе е во поодмината фаза па не се приметува толку, но сум заостанал многу, ова почнува да не прегазува или 21 век ова е во мода.

НОЗЕ КО МИСИИЦА ИТРА КО ЛИСИЦА? да беше гатанка никогаш немаше да ми текне дека одговорот е Гавазова... ТИ МЕ ВИКАШ ЦУЦИ МУЦИ БАШ ГИ САКАМ ТИЕ ЗВУЦИ...

Од секогаш си мислев дека Македонија има стари убави народни песни, дека ќе се негуваат и во ова ново време и дека бугарската сцена е далеку зад нас и дека циркус има онаму каде што има посетеност и гледаност, дефинитивно кога има гледаност и кај нас има циркус без пари, но кој се  плаќа врз лицето на државата и нацијата...

ВО МОДА СЕ МИНИСТРИ ЕМ СЕ ЗГИДНИ ЕМ СЕ БИСТРИ??? еј што имам кејф да си имам шеф? зарем момава по надимак Барби не се срами јавно да распише оглас во кој бара само шефови за да ја скијаат во банско каде ќе пијат шампанско?

УМОТ МИ ГО ШЕКНА ЕДЕН ДОТЕРАН И ЗГОДЕН И ОДМА ЗНАЕВ ДЕКА ЗА МЕНЕ Е РОДЕН, ЦЕЛИОТ ЖИВОТ ТАКОВ БАРАВ БАШ НО ПОЈМА НЕМАВ ДЕКА ТОЈ Е МАФИЈАШ?? ЗЛАТО ДИЈАМАНТИ СКАПИ ФИРМИ СТРАНСКИ?? СЕ ЗА МЕНЕ МИ КУПИ МИ КУПИ ТОЈ...

КЕШ КЕШ КЕ ТИ ТРЕБА МНОГУ КЕШ БАТО ЗА ДА ДОПРЕШ СЕКСИ ВЕШ? Певаљкава барем нека и каже некој дека секоја жена сака маж со кеш, да е шеф и да има БМВ, но не на ваков начин да се експонира во јавноста.

ПАРИ ПА ПОСЛЕ ЌЕ МЕ ЌАРИШ...Зарем има уште вакви песни, неможам да си поверувам што гледам на мојот екран... Да не беше рефренов и спотов со танги тешко дека ќе просперираше со копање компири и грав во роднот крај...

*БОНУС* #tb Вале Гулабица

 

Занимливо и важно: Како влијаат сончевите зраци на нашата кожа и тело? (видео)

Кој не го сака сонцето? Тоа со своето присуство го подобрува нашето расположение и прави секој човек да изгледа поубаво. Но, исто така може да предизвика и многу штета, доколку не сме внимателни.

Иако голем број луѓе внимаваат и на плажа постојано нанесуваат крема за сончање, има и такви кои понесени од желбата да фатат што е можно подобар тен, забораваат да нанесат или воопшто не користат средства за заштита на кожата.

Ако и вие сте дел од втората група, читајте внимателно: Иако многумина од нас веќе се запознаени со фактот дека сонцето може штетно да влијае врз нашата кожа, малкумина знаат во колкава мера може да биде таа штета. Според едно истражување од 2013 година објавено во медицинското списание „Clinical, Cosmetic And Investigational Dermatology“, УВ зраците предизвикуваат дури 80% од видливите брчки на кожата. Постојат многу митови и недоразбирања околу нашата безбедност при изложувањето на сончевите зраци и што сè треба да направиме за да се заштитиме од нив. На пример, нема докажани придобивки од кремата со фактор за заштита поголем од 30. Исто така, малкумина знаат дека сончевите зраци не ја оштетуваат нашата кожа единствено кога сме одлучиле да се сончаме на плажа, без притоа да користиме соодветни креми, туку тоа може да се случи и додека сме на пауза за ручек. По 20-минутна изложеност на сонце без соодветна заштита, кожата веќе е на ризик УВ зраците.

Но, овие зраци не ја оштетуваат единствено нашата кожа, туку тие имаат влијание врз речиси секој дел од нашето тело, како позитивно, така и негативно. На пример, витаминот Д, што го содржат УВ зраците, може да го намали нивото на холестерол и да им даде цврстина на нашите коски. Тоа создава ендорфин, поради што се чувствуваме посреќни во сончевите денови. Но, истовремено, ако не внимаваме, може да доведе до дехидрација на нашите бубрези и да предизвика создавање камења во еден подолг временски период.

Погледнете го видеото каде е прикажано како сончевите зраци влијаат врз целиот наш организам и не заборавајте уште веднаш да се заштитите, без разлика каде се наоѓате.

ВАЖНО: Јадете што сакате, но само до 10 наутро!

Ако сте на диета имаме добра вест за вас.

Можете да јадете што сакате но само до 10 часот наутро, а еве и зошто е тоа така.Секоја диета подразбира одредено ограничување од храната, или барем некој вид на храна поради јаглехидратите и мастите, а за да се почестите со нив а да не се здебелите јадете само до 10 часот наутро.

Тоа е така бидејќи сте активни во текот на денот и ќе ги истрошите сите калории кои сте ги внеле во себе. Исто така, важно е да не правите и големи паузи помеѓу оброците.

Практикувајте да имате повеќе, но помали и избалансирани оброци во текот на денот.

За здрав организам и енергија овие витамини ни се потребни во текот на летото

Во летните месеци некои витамини ни се потребни од други, за да се чувствуваме полни со енергија.

Секоја сезона има свои особености и тоа неминовно се одразува на нашето тело.

По витални со витамин C од брокулите, пиперките, портокалите

Истражувањата покажуваат дека витаминот C може да му помогне на телото да се навикне на зголемените температури за пократко време. Тој ги намалува шансите и од развивање на болести поврзани со високите температури. Портокалите, пиперките и брокулите се едни од најдобрите и вкусни извори на овој витамин.

Витамин D помага да се прилагодиме кон сончевите зраци

Иако не е добро да се презаситува телото со витамин D, тој е многу важен за човечкиот организам и му помага да се приспособи кон сончевите зраци. Тој ја заздравува и кожата, ја прави помалку подложна на изгореници од сонце и помага во спречување на појава на брчки. Печурките се одличен извор на овој витамин.  

Здраво тело со витамин А

Помогнете му на телото да се опорави во последица на оштетувањето на кожата од сончевите зраци. Витамин А помага за обновување на колагенот и еластинот во кожата, кои се борат против знаците на стареење. Конзумирање на портокалите, дињи и тикви е едноставен начин за набавка на овој витамин.

Витамин Б6

Постојат неколку различни групи витамини, но сите се корисни во летните месеци. Витамин Б6 може да ви помогне во борбата против заморот во текот на летните денови. Кој извор на овој витамин е добар? Ф'стаците, гравот и млекото, исто така и месото.

Витамин Б3

Задржете го дигестивниот систем под контрола со витамин Б3. Една од непријатните работи во летните месеци е надуеност. Која храна ќе ви помогнат да се справите со тоа? Вкусни извори на протеини како пилешко и туна.

Витамин Е

Против сезонските алергии кои се случуваат во текот на летните периоди, можете да се борите со помош на витамин Е. Ако не сте алергични на снегулките, пробајте со редовно конзумирање на бадеми, кикирики и ореви.

Најчитани

Твитови