Што преставуваат стравовите и како може да се справиме со нив

Стравовите се група на чувства која личноста ги има кога ќе процени дека е таа загрозена  или  е загрозена некоја нејзина вредност, а да не може адекватно да се спротистави на објектот или ситуацијата која ја загрозува.

Понекогаш се плашиме кога ќе се најдеме во ситуација да ни вперат пиштол, или пак имеме предиспитна трема, а понекогаш не ја ни знаеме причината за потеклото на стравот. На поголем дел од нас тоа чувство ни е непријатно, но мора да разбереме дека стравот е нормална појава и дека е составен дел од животот.

Гледано  еволутивно за да може да се самозаштити личноста и нејзината вредност, имањето на страв е начин на преживување . Единствено вродени стравови, односно стравови кои се манифестираат кај бебињата се страв од губење на сигурноста и страв од силни звуци.

Бебето исто така ќе реагира со страв на сите видови на болка. Во текот на развојот се појавуваат и така наречени развојни стравови кои се специфични за одреден развоен период на детето.

На пример страв од темница кој се јавува на крајот на втората година или околу третата година, се зголемува и во петтата година е многу интензивен. Факторот на околината, генетскиот фактор како и интелегенцијата влијаат на степенот на предиспозиција за развивање на стравовите кај децата. Родителите, особено мајките  со своите реакции влијаат на интензитетот на појава на стравовите.

Со оглед на тоа дека повеќе од стравовите се учат, кај децата не треба да се зацврствуваат и да се охрабруваат неадекватните и ирационалните стравови, но не треба ни да им се забранува да ги манифестираат.

Уплашеното дете треба се утеши и да се помилува, а потоа да му постави прашање од каде потекнува стравот и да се направи обид да се разубеди, доколку стравот е неадекватен.

Многу луѓе се прашуваат дали е возможно да се победат стравовите? Одговорот е не, стравовите не можат да се победат, можат само да се надминат. Зошто? Ако зборуваме за борба, тоа подразбира дека во конфликтот учествуваат барем две страни. Победата на едната страна подразбира пораз на другата страна. Значи доколку зборуваме за страв, да се победи стравот, тоа би значело да се издвои победа над себе, односно да се поразиш самиот себе. Тоа е парадоксално и од таа причина е невозможно.

Стравот е дел од нас, кој се плаши. Тој кој се плаши е во исто време и субјект и објект на стравот. Тој што мисли дека стравовите може да се победат, не го признава стравот - го негира. Тој што не го признава својот страв продолжува да го потиснува или да го елиминира на секој можен начин. Но работата е тоа што ниту еден страв не може да се потисне целосно. Обично се случува спротивното колку повеќе се потиснува , тој се повеќе се враќа во еден или друг облик.

Ирационални, невротски стравови

Невротските стравови се подеднакво реални со тоа што тука постои разлика во објектот на стравот. Невротските стравови се обично стравови од одредени мисли и идеи во кои личноста верува ( а ги проценува како загрозувачки и опасни по себе) или чувства од кои личноста се плаши.

Како да ги надминеме стравовите?

Ако не можеме да го победиме стравот, не можеме да го потиснеме, не можеме да побегнеме од него, што можеме да направиме со стравот? Без разлика за каков страв станува збор (фобии, панични напади, слободно лебдечки страв, и т.н) постои само еден конструктивен начин на третирање на стравот. Тоа е соочувањето. За разлика од потиснувањето и негацијата на стравот, соочувањето подразбира прифаќање на стравот, а со тоа отстапуваме од избегнување и го освестуваме тој дел од што се плашиме.

Соочување со стравот подразбира следново:

Промена на ставот кон стравот – подразбира прифаќање на следниве идеи: стравот не е опасен само е непријатен;  може да се поднесе; стравот сам по себе не води кон болест(телесно или психичи). Стравот може да се надмине единствено со соочување и изложување , а никогаш со избегнување и потиснување. Стравот не е израз на слабост, соочувањето со стравот е израз на храброст. Стравот е нормална појава , дел од човековата природа и стравот е минлив.

Доаѓање до созанние од што се плашиме – ние никогаш не се плашиме од ситуацијата ( како што се возење во лифт, висина, јавен настап, интервју за работа и т.н), ние се плашиме од значењето кое го придаваме на тие ситуации. Тоа значи ние најмногу се плашиме од идеите во кои веруваме , а не од непосредната реалност која нас не опкружува. Кога еднаш ќе ги откриеме и изговориме тие идеи тогаш сме во ситуација да влијаеме на нив, да ги менуваме и да ги корегираме.

Прифаќање дека стравот треба да се изнесе целосно– подразбира излагање на ситуацијата во која чувствуваме страв, дозвола да се појави стравот и да се остане во ситуацијата додека не помине. На тој начин си докажуваме на самите себе дека стравот не е опасен, дека можеме да го поденсеме и ако се плашиме не значи дека ситуацијата реално е опасна. За да може да се ослободиме од стравот мораме да го пуштиме да се појави за да може да престане. Оваа процедура треба да се повторува се додека во потполност не престане да се јавува во тие ситуации

Усвојување на стратегии за соочување со стравот – учење што може да се превземе и направи додека се соочувам со стравот. Можеме да користиме некои техники на дишење кои водат до релаксација, може да се оспоруваат идеите кои создаваат страв и да се заменат со идеи кои се реални и со кои ќе се охрабриме

Серија земјотреси во Пехчево, Берово и околината

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево - Кресна се регистрирани денеска во период од 10 до 11 часот.

Земјотресите најсилно се почуствувани во Пехчево, Берово и околината. Најсилниот бил со магнитуда од 3,1 степен по Рихтеровата скала и е регистриран во 10.27 часот, а најслабиот со магнитуда од 2 степена според Рихер во 10.54 часот.

Покрај овие два земјотреса, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше уште три земјотреси и тоа во 10 часот со магнитуда од 3 степени, во 10.17 часот со магнитуда од 2,3 степени и во 10.19 часот со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала. 

ОГРОМНА ТРАНСФОРМАЦИЈА- Оваа девојка ја скрати својата долга коса на нула!! МАСАКАР (ВИДЕО)

Промените се дел од нашиот живот и истите носат нешто подобро, или пак во краен случај полошо во истиот.

Оваа девојка има многу долга коса, но се одлучила за неверојатна промена.

Таа собра храброст да се потшиша со машинка на нула. КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА!

Новиот ривал на Путин за претседател на Русија е ЖЕНА? (ФОТО)

Позната телевизиска новинарка Ксенија Собчак, чиј татко бил близок соработник на Владимир Путин, има намера да се кандидира на претседателските избори во Русија.

Како што пренесуваат светските медиуми, 35–годишната новинарка планира да се кандидира на претседателските избори кои се одржуваат во март 2018 година.

Таа се опиша како кандидат кој одбива status quo, некој кој би внел борбеност во кампањата и би ги предизвикал уморните стари кандидати од другите партии, кои постојат веќе со години.

Таа на своите потенцијални гласачи им порача да ја изберат неа доколку сакаат нешто да направат, ако им е доста од сè, а немаат свој кандидат.

New York Times пренесува и дека таа е ќерка на поранешен градоначалник на Санкт Петербург, Анатолија Собчак, кој бил ментор на Путин со години и кој починал во 2000- та година.

Меѓутоа, New York Times наведува дека кандидатурата на Собчак ќе биде дополнителен удар за и онака слабата опозиција, со потсетување дека главниот руски опозоционер Алексеј Навални нема право да се кандидира бидејќи тоа му го забрани судот, поради постапка која се води против него.

Најчитани

Твитови