Поучна приказна! СÈ ВО ЖИВОТОТ СЕ ВРАЌА СО ИСТА МЕРА

Си живеел одамна некој сиромашен селанец кој секојдневно му продавал путер на селскиот пекар.

Еден ден пекарот се посомневал во чесноста на селанецот и решил да измери дали путерот кој тој му го продавал навистина тежи 1 килограм.

Кога го ставил на вагата имал и што да види – навистина селанецот му давал помалку од тоа што биле договорени.

Пекарот толку многу се разбеснил што веднаш отишол кај судијата да го тужи.

Судијата побарал да го викнат селанецот и го прашал дали користи вага и како знае колку путер треба да стави во садот.

Селанецот на тоа одговорил „Почитуван судија, јас сум прост човек. Немам модерна вага, ама имам еден едноставен стар кантар.“

Судијата тогаш го прашал како го мерел путерот кој му го продавал на пекарот, а тој му одговорил:

„Почитуван судија, многу време пред пекарот да почне да купува путер од мене, јас секој ден купував леб од кај него. Така сега кога почна да купува путер од кај мене, јас секое утро купувам од него еден леб, го ставам од едната страна на кантарот и му мерам онолку путер колку што тежи лебот. Ако е некој крив што има помалку путер, тогаш тоа е тој самиот.“

Во животот сè ни се враќа со иста мера.

На некои луѓе нечесноста им се претвора во навика, па после некое време целосно забораваат што е вистина. Но кога залажуваат? Очигледно само самите себе.

ВИЦ НА ДЕНОТ! Трпе на операција!

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:

– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?

– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.

– Договорено. Нани ми нани…

Како беа почетоците на Љупка Митрова од Струмица - Од тогаш до денес е една од најпопуларните блогерки

Со својот префинет моден вкус, професионалните фотографии, провокацијата и одличниот спој на комбинации, младата и атрактивна струмичанка стана една од најпопуларните домашни блогерки.

Сексапилната Љупка е екс сопруга и мајка на две ќерки, кои понекогаш знае да ги вклучи во фотосесиите.

Меѓу многуте вепачтливи и жешки фотографии, на Инстаграм згодната струмичанка објави и таква каде е разголена под тушот со што ја направи екстремно позната на македонската "инстаграм сцена".

Бројот на  нејзините обожаватели и следбеници на Инстаграм дејес веќе достигна бројка над 100 илјади, а не се сомневаме дека цифрата ќе се зголеми многу повеќе.

Сега е уште попозната со тоа што е во врска со Спејко. 

Гледано од машка страна: Девојки еве какви треба да бидете во кревет!

Ако мислите дека не го задоволувате вашиот партнер доволно и дека го правите сексот здодевен, прочитајте ги овие 7 совети кои ќе ве насочат кон тоа што сакаат мажите и ќе ви помогнат да го направите сексот сè освен рутина.

Сексуална фантазија

Ако вашиот партнер ви каже дека нема сексуални фантазии бидете сигурни дека ве лаже. Но пред да му се налутите за лажењето, размислете што би се случило ако ви ги каже своите фантазии?! Дали би ги прифатиле?

Честопати партнерот не ви ги кажува фантазиите бидејќи се плаши од вашата реакција. Ако навистина сакате да ги знаете, бидете подготвени да чуете сè што му паѓа на памет.

Мажите сакаат кога им зборуваме валкано, па затоа за време на односот, прашајте го со секси глас, што сака да ви прави и која е неговата фантазија. Слушнете го одговорот и потрудете се да ја остварите.

Преземете контрола

Не постои ништо посекси од жена која знае точно што сака. Преземањето контрола значи да покажете иницијатива или да му шефувате за време на сексот, додека нему му се врзани рацете, на пример.

Едноставно, турнете го на кревет, врзете му ги рацете над глава и кажете му што сè планирате да му правите.

Пробајте нови секс пози

Кога сме веќе кај преземањето контрола и иницијатива, мажите сакаат кога покажувате интерес за нови секс пози. Пробајте се што ќе ви падне на памет. 69, доги стајл (doggy style), секс на маса, стоечки…

Шефувајте

Кажете му на вашиот партнер што да прави. Не дека тој не знае, но сака да ви го слуша гласот додека имате секс и да се чувствува како да сте лоша учителка која му наредува.

За време на петингот ставете ги неговите раце онаму каде што сакате да бидете допрени и нежно покажете му што сакате да му прави на тоа место. Ако се покаже како добар ученик охрабрете го и пофалете го со секси извици.

Мажите сакаат да ве гледаат

Иако можеби ова ве потсетува на порно видео, мажите уживаат додека ве гледаат додека сами се допирате за време на сексот или предиграта.

Седнете врз неговиот алат и допирајте си ги градите. Во оваа поза партнерот ќе има одличен поглед врз целото ваше тело и начинот на кој се милувате самите.  Исто така можете да се потргнете на страна и да го гледате директно во очи додека сами се задоволувате. Не дозволувајте му да ве бакнува ниту пак допира. Ова ќе го излуди.

Бидете гласни

Не срамете се да врескате додека имате секс. Мажите сакаат да ве слушаат, бидејќи тоа ги мотивира, охрабрува и им го крева егото. Врескањето значи дека уживате за време на сексот, а кога вие уживате вашиот партнер ужива уште повеќе.

Најчитани

Твитови