КОИНЦИДЕНЦИЈА? И СОПСТВЕНИКОТ НА КОМПАНИЈАТА ПАЈПЕР ЗАГИНАЛ ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА! (ФОТО)

Иако авионите од моделот Пајпер Сенека досега се покажаа како безбедни за летање, во светот се случиле многу бројни авионски несреќи од овој тип. Еден вид на таква авионска несреќа за прв пат во Македонија се случи вчеравечер во атарот на селото Кожле, во авионската несреќа загинаа сите шест членови на екипажот и пилотот. 

Пајпер Сенека Авионите ги произведува авионската компанија „Пајпер“ со седиште во Флорида-САД чија сопственост од 2009 година е во рацете на владата на Брунеи. Компанијата постои од 1927 година и од тогаш па се до денес има произведено над 144.000 авиони од 160-те различни сертифицирани модели, од кои 90.000 се уште летаат.

Авионската компанија Пајпер првично била основана во септември 1927 година од страна на браќата Гилберт Тејлор и Гордон Тејлор во Њујорк, набрзо компанијата била преименувана во „Рочестер“ Њујорк.

Откако еден од браќата загинал во авионска несреќа, компанијата се преселила во Пенсилванија со ветување за преминување во корпорација.

На крајот од 1930 година компанијата поднела барање за стечај при што на чело на копанијата застанал Вилија Пајпер кој го откупил целиот имотот на компанијата.

Визијата на фабриката за авиони Пејпер на почетокот била да произведува економични, лесни за управување мали приватни авиони. Мисијата била да се развие модел со ниска цена која ќе обезбеди работна едноставност и стабилност за да може лесно да се научи да се управува и да се користи.

Авионот кој вчера попладне се урна во близина на селото Кожле се користи најчесто кај бизнисмените за брз начин за прелетување на некои дестинации и најчесто се во приватна сопственост, но има и компании кои нудат приватни чартер летови со овие авиони.

Авионите досега се покажале како безбедни за летање и покрај многуте авионски несреќи од овој тип.

Превземање на оваа содржина, во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Малите кучиња се поагресивни

И покрај верувањата дека најагресивни и најопасни кучиња се бул-териерите (пит бул, стафордски териер), доберманите и ротвајлерите, ново американско истражување посочува дека најопасни се малите раси. Трудот е објавен во списанието „Аплајд енимал бихејвиор сајенс“, а спроведен од Универзитетот на Пенсилванија.

Тоа опфатило 6.000 испитаници, сопственици на 33 раси кучиња, и се покажало дека најагресивно куче е – дакелот (познат и како јазавичар). Според наводите, секој петти дакел гризнал непознато лице или нападнал друго куче, а секој дванаесетти го нападнал својот сопственик. На второ место е чивавата, а трети е „Џек Расел“ териерот.

Најнеагресивни се басетите, златните ретривери, лабрадорите, сибирските хаски и англиските кратковлакнести борзои. Бул-териерите и ротвајлерите се некаде на средина, а некои и под просекот. Научниците напомнуваат и дека за нападите на оние „големите кучиња“ нај многу се говори оти тие се посилни и поопасни од другите.

Истражување: Малите кучиња се поагресивни | opserver.mk

Карлеуша се смири со најголемата ривалка, познати деталите

Кристина Киа Коcкар и Јелена Карлеуша се смирија.
 
Фолк дивата одлучи да ги „закопа военаите секири“ заради мајката на Киа која во младоста му помагала на нејзиниот сопруг Душко.

– „Никогаш не мислев ништо лошо, без врска се препукувавме … Бев културна, постојано велев дека тоа е само шоубизнис. Имаше една работа што многу ми пречеше, но сега нема да зборувам за тоа. Било, па поминало. На Карлеуша и се случи трагедија во случајот со мајка и, па јас не продолжив повеќе да полемизирам со неа. Потоа видов дека на Инстаграм Јелена ми ја лајкнала нејзината песна што јас ја изведував. Јас на настапите пејам дури четири нејзини песни“  – изјави Киа за српски „Гламур“.

Решете го стресот на работа со овие едноставни трикови!

Овие совети ќе ви помогнат да не се нервирате премногу на работното место…

Три четвртини од жените чувствуваат стрес на работното место и сметаат дека токму тој го загрозува здравјето и го убива расположението. Нешто помал број (но сепак значаен) се оние кои поради стресот со кој се соочуваат секојдневно развиваат сиптоми на депресија. Со оглед на состојбата во друштвото, мал број на работни места и силната конкуренција разбирливо е зошто толку многу стресот е присутен. Се обидовме да пронајдеме решенија што ќе ви помогнат засекогаш да го победите стресот:

Земете пауза!

Иако понекогаш се чини дека тоа ќе предизвика катастрофа од поголеми размери ако го напуштите работното место, тоа нема да се случи. Направете пауза од половина час, прошетајте, јадете ужина во мир или разбистретете ја главата на свеж воздух. Тргнувајќи се од стресната средина, па макар и на кратко, ќе ве опушти, ќе се смирите и ќе ги наполните батериите, а со тоа ќе бидете и продуктивни.

Џвакајте!

Бројни студии покажале дека гумите за џвакање го намалуваат стресот за дури 17%, а освен тоа што смируваат, за дури 67% ги подобруваат мултитаскинг способностите.

Најчитани

Твитови