Совети како да останете најбезбедни во земјотрес

 

Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на текстонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата. Соодветна заштита на земјотресот е многу важна. Што да направите во случај на земјотрес?

 

Еве неколку совети:

- Доколку сте внатре

1. Легнете покрај некое парче мебел како што е тросед, кревет, плакар и тоа во фетус положба. Доколку сте во можност градбете душек и поставете го странично до вас. Избегнувајте да се криете под маса или слични предмети - доколку се срушат тешки нешта врз масата, вие ќе бидете смачкани. 

2. Ако сте во кревет за време на земјотрес, стркалајте се од него и легнете покрај креветот, а главата покријте ја со перница.

3. Избегнувајте криење во кујната, покрај полици со украси и книги, прозорци - било што кое што може да ви падне на глава, да се скрши и да ве повреди.

4.  Надворешните потпорни ѕидови на куќите се едни од најбезбедните место во куќата за време на земјотрес. Доколку имате шанса, потпрете се таму.

5. Иако владее општото мислење дека рамката од вратата е едно од најбезбедните места за криење за време на земјотрес, експертите докажаа дека не е така - овде сте изложени на повеќе физички повреди од двете страни на рамката.

6. Останете внатре додека не сте сигурни дека може да излезете. Истражувањата покажале дека најмногу повреди за време на земјотре се случуваат кога луѓето пробуваат да сменат локација или пак се во гужва во други луѓе со истата цел.

7. Затоа, ако живеете во зграда не тргнувајте по скалите - тука не е безбедно поради тоа што скалите „се движат со поинаква фреквенција“ за време на земјотрес и доколку почне посилен земјотрес, ќе бидете заглавени тука. Се подразбира и дека никако не треба да користите лифт во случај на земјотрес.

- Доколку сте надвор

1. Најдете празно место подалеку од градби, бандери и дрвја и легнете на земјата.

2. Ако сте во возило, застанете настрана од патот и останете внатре додека не престане тресењето. Доколку станува збор за посилен земјотрес, излезете од возилото и застанете покрај него.

- Подготовка однапред

1. Бидете спремни со план за евакуација од домот доколку дојде до земјотрес. Овој план споделете го со семејството, за да може секој да знае дека не треба да паничи, туку да следи одреден протокол.

2. Одредете излез за во итен случај. Задната, предната врата или подрумот - важно е ова да е најлесен пат за излегување од домот и секој да го знае.

3. Одредете најбезбедна соба за криење, во случај да не сте во можност да излезете. Тука важат сите правила за криење во дом (подалеку од предмети што може да ви паднат и да ве повредат).

4. Зацврстете ги сите прозорци, полици што се клатат, откачени слики и сл. кои во случај на земјотрес може да ве чинат живот.

5. Предмети за итен случај: Пакетче за прва помош, батериски ламби, свирче, ракавици, чизми и ќебиња - ова се нештата што треба да ви бидат подготвени и на дофат во случај на ваква елементарна непогода.

6. Храна и вода: Замислете дека 3 дена може да бидете заглавени таму - подгответе вода и конзервирана храна што може да ви издржи за 72-часовен период. 

 

Мало мајмунче кое пее додека се капе: Замислете да го имате овој пресладок миленик (видео)

Можеби на прв поглед ви делува не вообичаено за домашен миленик да се има мало мајмунче, но откако ќе го погледнете видеото веднаш ќе го посаката.

Мајмуните како едни од најинтелигентните животни се почесто земаат место за домашен миленик покрај мачките и кучињата. Ова преслатко животно ќе ви го направи денот поубав:

Откриено што ја намалува машкоста за 1 см! Внимавајте ако го практикувате ова

За интимните односи и половите органи речиси и да нема тема која не е разработена и за која не е зборувано. Покрај методите и исхраната која влијае позитивно на големината на машкиот полов орган постои и нешто кое влијае и негативно.

Според студија објавена од „Journal of Sexual Medicine" потврдено е дека дури 20 отсто од машката популација има помал пенис дури и од просечниот, 12,5 цм во ерекција. На нашите простори просечната должина на машкиот полов орган е 14 цм во ерекција.

Она што негативно влијае и доведува до намалување на пенисот е нередовното мастурбирање и немањето сексуални акти.

За виталност и здрав пенис истражувачите велат потребно е барем два пати недлно да имате секс или да мастурбирате, особено ако сте на возраст од 18 до 30 години.

Психолозите тврдат: Сите ова го прават по сексуалниот чин, а навистина е ОПАСНО!

Британските психолози открија интересна работа поврзана со интимните односи, односно за моментите што следат по сексуалниот чин.

Без разлика дали вашата врска е солидна и долга, или сте на самиот почеток, сигурно се случило откако ќе имате секс, да имате голема желба да ги запознаете внатрешните пориви и чуства на вашиот партнер.

Психолозите тврдат дека овој модел на однесување е сосема нормален, бидејќи повеќето луѓе по сексуалните односи сметаат дека се најблиску до нивниот партнер и се склони кон емоционално отворање и доверување на нивните интимни тајни.

Иако во хармоничен емотивен однос ова е пожелна работа и тоа овозможува да се доближите и подобро да се запознаете со партнерот, експертите предупредуваат дека тоа може да биде многу штетно на почетокот на врската или во случај на површни односи.

Ако сметате дека вашата врска нема капацитет да стане долгорочна, може да жалите за зборовите што ги споделивте, или дека на некој начин вашиот партнер ќе го користи подоцна против вас.

Најчитани

Твитови