АРМ, МВР и ЦУК во состојба на зголемена готовност доколку треба да се реагира во текот на ноќта во Скопје

Вонредна седница одржа Управувачкиот комитет за за кризи. Отворен е посебен телефонски број 195 на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење. Задолжени се сите општински кризни штабови да извршат увид на терен на состојбата на објектите и на инфраструктурата и да пријават штети.

Како што информирање владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и сите други институции, заедно со АРМ и МВР, се во состојба на зголемена готовност. Утрово се случија и два други помали земјотреса – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени. После тоа во 15.07 се случи земјотресот од 5.1 според Рихтер. Од тогаш  уште неколку послаби земјотреси го тресеа Скопје

Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави. Според информациите епицентарот на земјотресите бил на 7 километри источно од Скопје. Ова е втор по јачина земјотрес по катастрофалниот потрес во 1963 година.

Чоколаден колач со три состојки идеален за во лето

Се подготвува брзо и едноставно, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

4 јајца

300 гр чоколадо

Овошје по избор

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

На пареа стопете 200 гр чоколадо. Одвојте ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките да формираат цврста пена.

Во растопеното чоколадо ставете ги жолчките, една по една и матете со жица. Потоа наизменично додавајте ги белките и мешајте.

Смесата ставете ја во подмачкан плех или плех обложен со хартија за печење.

Печете околу 30 минути.

Кога колачот малку ќе се олади, прелејте го со останатите 100 гр растопено чоколадо, а одозгора наредете овошје по избор.

Трик со кибрит кој открива дали имате здрави бели дробови

Дали е се во ред со вашите бели дробови може да ви покаже мал тест за кој ви требаат само кибрит и запалка.

Запалете го кибритот и испружете ја раката во која ја држите пред себе. Вдишете длабоко на нос и издишете од уста.

Колку пати ова го направивте пред да го изгасите кибритот? Доколку ви требало некоклу пати за ова да го постигнете, тогаш веројатно имате проблем со белите дробови. Овие проблеми можат да бидат предизвикани од пушење, недостаток на физичка активност и хронични болести на респираторните ограни. На капацитетот на белите дробови може да влијае и начинот на живот, но и болест.

Тестот е неопходно да се прави во соба која е проветрена, и во која нема големо струење на воздух.

Контакт со поранешниот партнер – да или не?

Две различни истражувања спроведени со лица кои се во врски, открија колку често луѓето комуницираат со поранешните партнери и како тој контакт влијае врз нив. Околу 40 отсто од студентите се во контакт со поранешните партнери, а над 90 отсто почнале да комуницираат со нив неколку месеци по раскинувањето.

Многу мал број, само 13 проценти од испитаниците комуницираат со поранешните партнери неколкупати неделно. Оваа појава е  помалку присутна кај луѓе кои биле во сериозна врска, свршени или в брак.

Од друга страна пак, според стручните лица, поголема е веројатноста некој да остане во врска со поранешниот партнер ако во мигот на раскинувањето сѐ уште имал чувства кон него или неа. Во натамошната комуникација најчесто се вклучуваат оние кои се надеваат на помирување.

Исто така, поверојатно е дека ќе останат во контакт луѓето чија врска не завршила со сериозна емоционална траума за една од страните. 

Најчитани

Твитови