ШЕСТ ЧАСА ПРАЗНИК ЗА УШИ: „Црвена јабука“, „Рибља Чорба“ и „Ван Гог“ во Скопје

Љубителите на добрата музика на 19 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје уште еднаш ќе имаат привилегија да уживаат во познатите хитови на бендовите кои веќе неколку децении жарат и палат на просторите од Вардар до Триглав. Нашата метропола уште еднаш ќе биде домаќин на добро познатиот бенд „Црвена јабука“, легендарниот „Ван Гог“ и незаменливиот бенд „Рибља чорба“.

Скопје е зависно од добра музика, па токму и поради таа причина се одлучивме да ѝ ги донесеме овие веќе добро познати бендови на македонската публика. Со оглед на нивниот репертоар, ви ветуваме одлична шестчасовна забава во „Метрополис арена“ - велат организаторите на овој музички настан. Цената на влезниците ќе изнесува симболични 350 денари, а истите ќе може да ги купите на „купикартизасе.ком“. Овој концерт носи наслов „Скрим мјузик најт“.

Роналдињо љуборен на еден фудбалер (ВИДЕО)

Роналдињо е голем обожавател на Англиската Премиера лига во која претходната сезона видел еден гол каков одсекогаш сакал да постигни. Се случил на утакмицата Crystal Palace и Tottenham во која победа славеа Tottenham со резултат 1:3. Роналдино беше воодушевен од голот на Dele Alli.

"Морам вас да ви признаам дека сум љубоморен на Али поради тој гол, за кој е тешко да најдам вистински зборови. Тоа беше мајсториски како што одсекогаш сакав да постигнам", кажал Роналдињо

 

Научниците откриваат: Ова е совршениот облик на женски гради.

Се мисли  дека овој облик на гради најмногу го привлекува машкото внимание, а ова го откриваат токму научните истражувања.Како британските пластични хирурзи би имале колку што е можно подобар образец за употреба во реконструктивната хирургија којашто ја применуваат над пациенти заболени од карцином на дојката, коишто се подвргнале на мастектомија, било спроведено и истражување, сè со цел да се добие визија за совршениот облик на женските гради.

Во истражувањето, чиишто резултати се објавени и во научниот магазин "Пластична и реконструктивна хирургија", испитани биле повеќе од 1.300 мажи, жени и хирурзи, коишто морале да прегледаат повеќе фотографии, а на крајот и да ги одредат совршените пропорции на женските гради.

На крајот, сите три групи го избрале токму природниот облик, налик на оној на античката грчка скулптура на Милоска Венера или "Афродита од Милос" — античка статуа и едно од најпознатите дела од скулптурата од стара Грција, која е денес еден од најпознатите експонати во Лувр во Париз.

 

Значи, иако можеби помисливте дека ќе победат бујните вештачки деколтеа, овојпат сепак победуваат природните гради, со какви што секако не може да се пофалат голем број на актерки и старлети!

За секунда имаше одговор: Најбрзо решена задача во квиз! (видео)

На вториот натпревар полуфиналистите во српскиот квиз Сложувалка, Никола Стојменовиќ и Милица Марковиќ, се соочија со „претежок“ предизвик во играта Мој број. Бројот кој го избра Милица како задача, ги насмеа сите.

Погледнете зошто во 04:47

Најчитани

Твитови