Галина Чувин (64), е руска копија на канцеларката Ангела Меркел (62), и таа е шампион во фрлање ножеви во мета. Галина вели дека нејзината сличност со Меркел е забележана откако нејзина фотографија проструила во медиумите како најдобар натпреварувач во овој спорт.

„Постои сличност, но бојата на очите ни е различна. Мојата е поубава“, вели Галина.
Оваа пензионерка редовно тренира во својата градина, а својата актуелна популарност сака да ја искористи за да го развие својот спорт, стрелање со нож во мета.
„Доколку би се сретнала со Ангела не би сакала да зборуваме за работа туку како жена со жена“, раскажува оваа Русинка. Погледнете го видеото: