Нов закон: За навреда на Facebook 21.000 денари казна

Според новата регулатива во Брисел, навредите кои ќе бидат објавени преку Фејсбук, ќе бидат казниви исто како и при говор на улица.

Полицијата во западен Брисел донесе декрет според кој правилата кои го опфаќаат однесувањето во јавниот простор, ќе важат и за социјалните мрежи.

Така, во општината Жет, оној кој ќе се послужи со говорот на омраза ризикува да биде казнет со 350 евра парична казна (околу 21.000 денари)

-Она што не смеете да го направите на вашиот сосед, на пример, да го навредувате бидејќи бил премногу гласен, досега беше дозволено на социјалните мрежи, но отсега нема да биде така- изјави градоначалникот на оваа општина, Ерве Дојен.

Тоа не значи дека полицијата ќе ги следи социјалните мрежи, но дава можност за тужба од лицата кои се жртви на несоодветни коментари и навреди, пренесува Ројтерс.

По поднесување на жалбата, полицијата ќе го идентификува и гони авторот, со што ќе покрене судска постапка.

Се сеќавате на Бојан Маровиќ? Еве како изгледа денеска (Фото)

Некогашниот миленик на женската публика во целиот регион, денеска има 33 години и изгледа сосема непрепознатливо во споредба со она како сме навикнати да го гледаме. 

Иако тој одреден период беше повлечен од музичката сцена, тој денеска сериозно размислува да и се врати на музиката.

Но, еве како изгледа тој сега

Како до совршени усни? (Видео)

Многу девојки копнеат за совршено нанесен кармин на усните, но обидувајќи се да го создадат тоа совршенство често прават грешки.

Во следново видео ви нудиме неколку трик чекори како да дојдете до совршено нашинкани усни.

Погледнете:

 

Overlining lips by @luisa_simonaa

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Мона Лиза од ново време (Видео)

Дали знаете како ќе изгледаше позната „Мона Лиза“ доколку таа беше насликана денеска?

На ова кратко видео ќе ви го оживееме тој момент, погледнете:

 

How cool is the Mona Lisa 2017? 😱 ⠀ by @liza.kondrevich

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Најчитани

Твитови