АНКЕТА: Македонците согласни Елена Ристевска најпопуларна пејачка!

Ексклузив.мк спроведе анкета на тема: Која пејачка е најпопуларна во Македонија?

На анкетата понудени беа Елена Ристевска, Каролина Гочева, Калиопи Букле и Симона Поповска.

Македонците се согласија дека најпопуларна пејачка во Македонија е Елена Ристевска.

Од вкупно 1046 испитаници, 363 одговорија Елена Ристевска, 300 Каролина Гочева, 249 Калиопи, а 134 одговорија Симона Поповска.

 

Се е поради слава, Харис проговори за врската со Рада Манојловиќ

После дуетот кој го снимија, пејачката Рада Манојловиќ и помладиот колега Харис Берковиќ ја уверуваа јавноста дека се во врска. Но пејачот за српските медиуми реши да признае дека таа љубов е измислена.

-Можеби еден ден нашиот однос ќе прерасне во нешто повќе, но тоа никогаш не се знае. Рада и јас сме само пријатели и колеги. Што се однесува на нашиот љубовен однос за кој се шпекулира, тоа е само наш макретинг трик. Токму поради таа причина никогаш не ја деманиравме врската. Ете, читаме текстови за нас, се смееме, но не сакавме да зборуваме за нашиот однос, кој како што кажав е само другарски, вели Берковиќ.

Овој млад пејач додава дека трачот воопшто не му пречи, дури и му годи кога се пишува дека е со згодни и убави дами, па макар и кoга се шпекулира.

-За мене е привилегија кога ме поврзуваат со убави девојки и чувството е одлично. Ми годи кога ќе кажат дека сум добар фраер. Сепак, за тоа повеќе би сакал да зборуваат припадничките на понежниот пол, завршува Харис.

Хороскопски врски осудени на неуспех

Хороскопот помага да се открие компатибилноста помеѓу знаците. Генерално, доколку некој поседува класични карактеристики на одреден хороскопски знак, тој ќе се совпаѓа со друг знак кој ги поседува иститие, или сличнте карактеристики. Така на пример, многу често се сложуваат меѓусебно овенот и лавот, бикот и ракот, девицата и шкорпијата и сл. Но, како што постојат компатибилни знакови, некои знаци, поради своите желби, страсти и каприци едноставно не си одговараат. Сепак, сите овие комбинации се општо прифатени и се однесуваат само на класичнте претставници, додека, најчесто, во љубовта речиси се’ е дозволено, спротивностите се привлекуваат и секој индивидуално дејствува. Но, ако решиме да го пратиме класичното клише, овие астолошки врски се осудени на неуспех.

Овен и Рак – Овните се екстровертни и енергични, полни со страст, секогаш подготвени на предизвици. Раковите, од друга страна се премногу чувствителни, конзервативни, интровертни. Овие два знака се сосема различни, бидејќи имаат различни приоритети.

Рак и Водолија – Водолијата е активен и атрактивен знак што сака патувања, дружења и самостојност, додека Ракот најмногу ужива во сопствените четири ѕида. Можеби би функционирале во некој паралелен универзум, под специфични услови или неспецифични карактеристики. Се’ на се’, оваа комбинација не е препорачлива.

Лав и Бик – Два знака со незапирливи каприци и тврдоглавост, но различни приоритети. Додека лавовите уживаат во слава и богатство, биковите копнеат по стабилност и безбедност. Тешко прифаќаат промени. Најпозитивното нешто што можат да го понудат овие знаци е взаемно почитување.

Вага и Јарец – По природа, јарецот сака да контролира и секогаш да биде во право, додека вагата има нежна и дарежлива природа. Резервирани и ладни, јарците на емотивен план никогаш нема да бидат на исто рамниште со вагите.

Девица и Лав – лавовите сакаат да ги трошат парите, додека девиците сакаат да штедат. Помеѓу овие знаци проблемите обично се јавуваат поради финансиски несогласувања. Екстравагантна и опуштена, природата на лавот сигурно ќе влезе во конфликт со конзервативната и мирната природа на девицата.

Риби и Близнаци – Близнаците имаат потреба од апсолутна слобода, додека рибите сакаат стабилност во врските, живот исполнет со љубов и посветеност. Помеѓу овие знаци постои голема привлечност, но истата со текот на времето исчезнува поради различностите. 

Популарно

Твитови