Преродбата на Eve Online доаѓа на 15-ти ноември (видео)

Една од најоригиналните и најпопуларните space ММО игри, Eve Online полека се подготвува да ги отвори портите кон вселената за сите љубители на интергалактички авантури. Со цел да привлечат свежа крв, тимот CCP Games се поднови и со нов трејлер кој проповеда за истражување и борбени ситуации на епско ниво!

Бесплатниот за играње модел доаѓа со најновото надополнување насловено како Clone States. Со надополнувањето, се пројавува можноста за едноставно производство на клонови кои се ограничени во одредени вештини и побавно тренираат и се надградуваат. Во случај да сакате да ја играта бесплатно Eve Online, вие ќе бидете еден од тие клонови. Ограничувањата, под разбирливо не стапуваат на сила доколку сте месечен претплатник за играта. Дури и да одите со бесплатен модел, сепак ќе можете да ги користите најпопуларните вселенски бродови, да станувате дел од огромните вселенски битки, како и да се занимавате со рударство.

Со претплатување, станувате Omega State клон и добивате пристап до сите способности и стандардна брзина на тренирање. Во случај да ви заврши претплатата продолжувате бесплатно да играте како Alpha State клон каде одредени способности се заклучени сѐ додека не се претплатите повторно.

За време на штотуку завршениот Eve Vegas настан челните лица подетално објаснија како ќе функционираат новите модели. Имено, како бесплатен алфа клон ќе бидете ограничени во изборот на некои вештини, но некои од нив можат да одат до четврто ниво. Исто така, можете да се усовршувате во Corp Management и да управувате со мали корпо рации. Во поглед на вештини алфите ќе можат да:

  • Командуваат со бродови од нивната фракција
  • Запазат нивоа и вештини кои се објаснети тука

Во поглед на бродови алфите можат да командуваат во:

  • Tech One фрегати
  • Tech One уништувачи
  • Tech One крузери
  • Tech One рударски фригати

Со оглед на комплексноста на Eve Online, за сите нови играчи ќе има подготвено оригинален почетен режим на играње кој ќе ги запознае играчите со бројните елементи и вештини кои се потребни за да се преживее во вселената. Во зависност од одбраната фракција ќе добиете и нов командир.

Бројните надополнувања ќе бидат препратени и со апликација за Android и iOS направи преку која ќе добивате известувања, ќе ја читате поштата која ќе ви пристигне во играта, ќе управувате со креираните ликови и ќе се восхитувате на вашиот брод преку виртуелното вселенско пристаниште.

Најнова вест: Пожар на 2 кат од зграда на ул „Македонија“ во центарот на Скопје (фото)

Вечерва, околу 21:30 часот избувнал пожар во зградата која е на улица “Македонија“. Огнените јазици тргнале од вториот кат, како што неофицијално дознава Exclusive.mk.

Нема повредени и станарите во моментов се пред зградата. Противпожарните екипи стасале со мало задоцнување, но пожарот е изгаснат сега, велат дел од станарите.

„Брзо се ширеше дим, не извадија со маски за кислород“, вели станарка од четвртиот кат на зградата.

Полицијата е на лице место и противпожарните екипи.

Сведоци велат дека пожарот кога избувнал се забележувал од Рекорд, штто значи голем бил.

(при преземање содржини - информации и фотографии наведете извор)

Изјавите на Раста ја шокираа јавноста: Сакам да ја видам ќерка ми со џоинт во рака! (видео)

Стефан Ѓуриќ Раста отсекогаш консумира марихуана и тоа јавно и отворено, а водителката на телевизија IDJ го праша како на неговата ќерка ќе и објасни зошто го прави тоа.

Неговиот одговор ги изненади сите.

Погледнете го делот од интервјуто каде ја спомнува оваа тема:

Ексклузивно откриваме: Ова е младата пејачка со која Карлеуша планира да снима дует! (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша подготвува две нови песни за ова лето и во последните неколку дена интензивно размислува за дует со пејачот Сенида.

Сенида направи вистински бум кај помладата популација со нејзината песна „Слаѓана".

Слушнете го нејзиниот актуелен хит:

Најчитани

Твитови