Еве го списокот на пратениците кои го изневерија Заев

Дури 13 пратеници од вкупно 25, меѓу кои и координаторот на пратеничката група Горан Сугарески не се најдоа на изборните листи на СДСМ за изборите закажани на 11-ти декември.

Имињата на Софија Куновска, Лидија Димова, Ален Ѓеоргиев, Марјанчо Николов, Стојко Пауновски, Панче Орцев, Миле Андонов, Марјан Даскаловски, Љубиша Николиќ, Јулијана Силјановска, Биљана Настеска, Благоја Стојановски и на координаторот Горан Сугарески не можат да се забележат на списоците кои го објавија медиумите во пресрет на Конгресот на кој и официјално СДСМ ќе ги соопшти листите.

Останува нејасно дали на листите на СДСМ ќе се најдат и пратениците од коалицијата како Љубомир Јосифовски, Дуфе Кукоски, Соња Мираковска, Горан Мисовски, Енес Ибрахим, кои добија пратенички мандат во 2014-та година. Во собраничкиот состав тогаш влегоа и Солза Грчева, Љубица Буралиева и Роза Топузова – Каревска, кои подоцна станаа независни пратенички.

Во продлжение неофицијалните листи на СДСМ:

Зоран Заев ќе биде носител на листата во изборната единица 4. Заедно со него ќе бидат и Хари Локвенец, Катерина Кузмановска, Кокан Јаневски, Кети Смилевска, Бетиане Китев, Сашко Поцков, Милевка Георгиевска, Мери Лазарова, Сашко Атанасов, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Кристина Момировска, Насте Настевски, Ристо Спасов, Ивана Лазова, Пецо Стојчевски.

Радмила Шеќеринска ќе биде носител во 5-тата изборна единица, заедно со Александар Кирацоски, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Ирена Стефковска, Јован Митрески, Жаклина Лазаревска, Албина Манчевска, Ирена Ангелевска Лазароска, Никола Попоски, Тања Пројческа, Гоце Чакаровски, Тома Петроски, Сашо Јанкоски, Селма Јашари и Ангела Чавкоска.

Изборна единица 2, ќе ја предводи Оливер Спасовски. Покрај него ќе бидат: Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Ферид Мухиќ, Максим Димитриевски, Курто Дудуш, Весна Илиевска, Тања Ковачев, Костадин Ацевски, Лидија Тасевска, Борче Георгиевски, Мартин Ристов, Жаклина Јовановска, Мартин Захариев, Умер Невзат и Ангела Новаковска.

Изборна единица 3: Љупчо Николовски, Благоја Бочварски, Јагода Шахпаска, Панче Иванов, Сашко Костов, Мира Стојчевска, Славица Митева, Агим Муртезанов, Владо Милошев, Елена Ташева Стојанева, Иван Кузмановски, Драган Атанасов, Јованка Пешначка,  Соња Иванова, Дејан Ампев и Сашо Ристески.

Шилегов ја предводи 6ката: Петре Шилегов, Ѓулумсер Касапи, Благојче Трпески, Даријан Сотировски, Катерина Тодороска, Медат Куртоски, Андријана Томовска, Славица Јовановска, Гликерија Илијоска, Јована Андоновска, Нино Сотироски, Милош Стерјоски, Мирослав Митовски, Валентина Гавриловска, Тахир Зунуни и Милена Петровска.

Изборна единица 1: Стево Пендаровски, Рената Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев, Павле Богоевски, Диме Велковски, Тања Прентовиќ, Ивана Туфегџиќ, Петар Атанасов, Анета Симеска, Сања Лукаревска, Далибор Богдановски, Дарко Каевски, Петар Здравковски, Енвер Хасиќ, Михаела Иванова.

Во овој период од животот ќе имате најдобар секс

Како што почнувате да “газите” во дваесеттите години, така се помалку се радувате на родендените, но тоа ќе се промени сега.

Имено, неодамна едно секс истражување на интернет платформата “Happify” постави многу важно прашање: Кога луѓето го имаат најдобриот секс во животот?

На основа на одговорите на луѓето кои се во своите 50-ти и 60-ти години, како искусни “играчи”, најдобриот секс во животот го имале во 40-тите години, или поточно во 46-та година.

А, изгледа дека на тоа има влијание и со кој имате секс, бидејќи поголемиот дел од овие испитаници најдобриот секс во животот го имале со моменталниот партнер.

Тоа значи дека како што животот почнува да ви се приближува кон 46-от роденден, добро размислете дали во тој момент сте со вистинскиот партнер.

Зошто само овој вид на стоногалка во домот, не смеете да ја убивајте?!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.

2 банани дневно водат до неверојатни работи во организамот!

Бананите се богати со витамини и минерал и нудат бројни придобивки за здравјето.

Нутриционистите тврдат дека ако само еден месец јадете по две банани дневно, ќе му направите голема услуга на вашиот организам и здравствена состојба.

1. Подобро расположение

Ова жолто овошје ја содржи состојката триптофан, вид протеин што телото го претвора во серотонин, познат како хормон за среќа. Благодарение на него, тој побрзо продира до мозокот и нашето расположение се подобрува, односно стануваме посреќни.

Во бананите има многу триптофан, па затоа кога ќе се почувствувате лошо или ќе ви се причини дека сте на раб на депресија, навалете на ова овошје. Покрај тоа, серотонинот дејствува смирувачки и го подобрува сонот.

2. Забрзана дигестија

Ова овошје е одличен извор на влакна, поради што ги регулира сите проблеми со цревата. Доколку изедете една банана пред оброк, нема да имате проблеми со надуеноста. Тоа е така затоа што, иако многумина мислат поинаку, бананите не се виновни за запекот. Напротив, го регулираат и забрзуваат дигестивниот систем.

Најчитани

Твитови