Овој петок AFTERWORK PARTY во Dejavu со Диџеј Здравко и Џеј Рамадановски!

Најдобриот AFTERWORK PARTY во градот и овој петок ќе биде вистинска сензација.


Специјално во Dejavu Capitol Mall ќе гостува кралот на ноќните забави Џеј Рамадановски.

Како и секогаш атмосферата ја загрева најдобриот Дј Здравко кој е задолжен секој петок за доброто расположение на сите присутни.

Резервации на тел: 076-304-009 078-242-536.

Крстарењето продолжува...

Најстарата жена на светот ја открива тајната за долговечност

Ема Морано наполни 117 години на 27 септември. Таа открива која е тајната на нејзиниот долг живот. Таа јаде по две јајца дневно и така веќе 90 години.

Родена е во 1899 година во Вербанија, Италија. Таа започнала да јаде јајца редовно кога имала 20 години откако лекарот и дијагностицирал анемија. Тој и рекол да консумира по две неварени и едно варено јајце дневно, секој ден.

„Јадам по две јајца дневно и тоа е сé. Јадам и колачиња. Но, не јадам многу, бидејќи немам заби.“

Нејзиниот доктор Карло Бава потврди дека неговата пациентка не се придржувала до конвенционалните нутриционистички совети.
„Ема никогаш не јадеше многу зеленчук и овошје. Кога се запознавме јадеше по три јајца дневно, две неварени наутро, кајгана на пладне, а пилешко навечер“, кажа тој.

Овие денови Ема не јаде многу и не го напуштила својот стан веќе 20 години. Таа го надживеа целото свое семејство, како и пријателите и не сака да ги прославува родендените.

„Луѓето доаѓаат од Америка, Швајцарија, Австрија… Доаѓаат од сите страни за да ме видат“, вели Морано.

Нега на подрачјето околу очите- како да одбереме соодветна козметика - Спец. Др. Парцанова

Изборот на крема за подрачјето околу очите претставува комплексен процес. Не е тајна дека ваквите производи се еден вид на фетиш за голем број од жените особено ако го земеме во предвид фактот дека секоја има пробано/променето повеќе од 3 креми за ова подрачје.

Состојбата на кожата околу  очите може да биде разновидна и од кремите не треба да се очекува дека ќе ни ги отстранат подочниците или магично ќе делуваат на фините линии и брчки. Меѓутоа со редовна и правилна употреба може да се поправи состојбата и активно да се превенираат нови промени.

Каква треба да биде кремата за подрачјето околу очите?

Со едноставен речник објаснето : да има текстура која добро ќе се упива во кожата, да не останува на кожата и да биде добра подлога за коректор/декоративна козметика.

Производи за оваа намена има многу на пазарот на козметика ,секако првиот чекор е да ги препознаете карактеристиките на кожата околу очите и според тоа да го изберете производот. Доколку не употребувате крема за оваа регија или пак користите премасна текстура може да дојде до појава на милиуми ( бисерно бели топчести промени ).

НОРМАЛНА КОЖА ОКОЛУ ОЧИТЕ : присутна кај лица кои имаат нормална кожа на лицето најчесто. Немаме знаци на сувост, црвенило, создавање на брчки и слично, но сепак е можно содзавање на подочници и утринска отеченост.

ТЕКСТУРА: лесна, која брзо се упива, погодна за се освен за силно сува кожа околу очите. Нема anti-age  својства освен во смисла на хидратација и одличен избор како почетна нега за подрачјето околу очите и кај мажи ( со оглед дека мажите не се љубители на масни и тешки креми). Нивната намена е да се хидратира околуочната регија , со добра подлога се за аплицирање на коректор и декоративна козметика и можат да се користат како дневна и ноќна нега.

СУВА КОЖА ОКОЛУ ОЧИТЕ : Најчесто е присутна кај лица кои имаат сува кожа и во лицевата регија меѓутоа мора да потенцираме дека во пракса многу често постои комбинација : масна кожа на лицето и сува кожа во подрачјето околу очите. Поради тоа оние кои имаат масна кожа за лице треба да изберат производи кои ќе го отстрануваат вишокот на себум, а за подрачјето околу очите побогати креми или масла.

ТЕКСТУРА:  на прв поглед ( ако земете тестер на пример) ќе приметите богата и густа текстура која на нормалната кожа обично ќе остане и нема во потполност да се упие и поради тоа дава чувство на угодност.

ANTI-AGE  НЕГА ЗА ПОДРЧЈЕТО ОКОЛУ ОЧИТЕ: прозиводите за оваа намена неопходно е да содржат во својот состав витамин Ц и други витамини, ретинол и антиоксиданси. Специфично овде е тоа што таквите креми не се бираат според текстура бидејки на поголемиот дел од нив намената не им е хидратација . Поради тоа многу често се случува да мора да се комбинираат со уште некој производ за оваа регија – најчесто прозивод  за хидратација .

Доколку пак сте љубител на растителните масла , тие се навистина одличен избор за нега на подрачјето околу очите. Иако морам да нагласам дека употребата на масла за подрачјето околу очите не е козметски прифатливо во смисла дека потребно е подолго време за да се впие во кожата и дека по нанесување на маслото, доколку аплицирате коректор/декоративна козметика, нема да остане во регијата. Затоа маслата се погодни повеќе во ноќната нега и овде како најдобро е маслото од авокадо ( за хидратација ) , маслото од арган, дива ружа како anti-age . Секако дека може да направите самите свој микс од масла според потребите .

Негата на кожата во подрачјето на очите исто така се води според одредени правила, односно правилен начин на нанесување на кремата и секако топло ви препорачувам консултација со дерматолог.

Очекуваното време за резултати од делувањето на кремата е индивидуално и зависи од состојбата на кожата. Кај хидратантните креми или масла можете да забележите подобрување за неколку дена , додека кај anti-age производите дури по неколку месеци редовна употреба.

За крај , не заборавајте да го читате составот на кремата која ја одбирате! Многу прозиводи кои се за нега на подрачјето на кожата околу очите можат да бидат агресивни , во смисла да ја сушат кожата , па затоа внимавајте да не содржат алкохол, парфеми, пропилен гликол и премногу силикон .

Спец. Др. Емилија Парцанова -  специјалист дерматовенеролог

Популарно

Твитови