Интервју со Томашевиќ: Секојпат го чувствувам Тоше кога ја пеам песната од него, емоциите течат (видео)

Некогаш само натпреварувач, а денес член на стучно жири во музичко шоу, благодарение на извонредните гласовни способности, Јелена Томашевиќ. Можеби на прв поглед делува недостижна, но напротив, љубезна, насмеана и доста емотивна. Скромноста и е голема доблест, а вклучувањето на камеритее „маана“ за да може целосно да се препушти и отвори каква што е пред самата себе и во кругот на најблиските. Пред извонреден настап во „Дежаву“ Скопје, Exclusive.mk како и по правило со привилегија да поразговара со Томашевиќ. Снимање, смеа, забава и измешани емоции резултираа со совршено интервју. Зборовите, во случајов, неважни видео интервјуто повеќе од ексклузивно.

Погодете кој МАКЕДОНСКИ бенд е хит на радио во ЈАПОНИЈА!

Хит-песната „Донки Хот“, на псеудо-кабаре составот од Битола, „Фолтин“, се најде на подкастот OK Jazz, на престижното јапонско радио и веб-портал Токио џез-сајт, со седиште во Токио.

Хит-мелодијата на фантастичната македонска група, како и сите останати од нивните албуми, ги освои уредниците на радиото, заради уникатноста и автентичноста, и затоа е ставена во селекцијата со уште неколку од светски познати џез, ворлд мјузик, соул и фанк изведувачи.

За бендот, ова е голема чест и привилегија, која ќе ги отвори вратите за нивни настапи во земјата на изгрејсонцето, а со видеото се потсетуваме на „Донки Хот“.

Сека тајно го грсти синот! Бебето Јаков е многу слатко (фото)

Сека Алексиќ пред два месеци на свет донесе здраво машко бебе и му го даде името по апостолот Јаков. Бидејќи Сека е голем верник таа знаела дека синот веднаш ќе биде крстен во црква откако ќе излезе од болница. Сека со сопругот Велко организираа тајна крштевка и навистина успеаја во тоа.

„Го крстивме Јаков веднаш по раѓањето, неколку дена откако излеговме од болница. Знаеме дека тоа е реткост, но ние се одлучивме на таков чекор. Сакавме мирна и интимна атмосфера далеку од медиумите и јавноста. Јавната прослава ќе биде на неговиот прв роденден“, изјави Алексиќ.

 

Популарно

Твитови