Бајка во реалноста: Новогодишна репортажа од Брисел

Жителите на Брисел како и најголемиот дел од туристите кои се наогаат во овој град, најлудата ноќ ја прославуваат на Гранд плаза.

Еден од најубавите плоштади во светот, кој поради својата 10- вековна историја и грандиозните градби е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство од Европа.

Најатрактивна секако е новогодишната елка. Оганизаторите за украсување на градот одлучија  да отстапат од традицијата, па наместо природна, во средиштето на Гранд Плаза поставија висока електронска елка, која преставувала дел од проектот “Светл“.

“Таа преставува, одраз на духот и времето на уметниците на градот“, објаснуваат од канцеларијата на градоначалникот на Брисел. Но, елката не им се допадна ниту на жителите, ниту пак на туристите. Уште првиот ден над 10.000 граѓани го ставија својот потпис за нејзино одстранување. Не, воопшто не ми се допаѓа. Не, е посебна, индустриска е, не ми се допаѓа. Не е стислки соодветна. Ова е историско место, а дрвото не е баш историско“, се најчестите коментарите на жителите на европската престолнина.

Критичарите на апстарктното светлосно дрво сметаат дека, оваа промена се должи на се’ почестите забелешки од страна на граѓаните со исламска вероисповест, кои во Брисел ги има во голем број, бидејки китењето на новогодишната елка не се совпаѓа со нивната традиција. 

Инаку, Булеварите и плоштадите низ Брисел, се украсени како што долкикува на светска метропала. Во ресторантите веќе одамна се пополнети резервациите за дочекот на Нова година. Цените се високи, но понудата ги задоволува стандартите и на најпребирливите туристи.

Како до совршени усни? (Видео)

Многу девојки копнеат за совршено нанесен кармин на усните, но обидувајќи се да го создадат тоа совршенство често прават грешки.

Во следново видео ви нудиме неколку трик чекори како да дојдете до совршено нашинкани усни.

Погледнете:

 

Overlining lips by @luisa_simonaa

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Мона Лиза од ново време (Видео)

Дали знаете како ќе изгледаше позната „Мона Лиза“ доколку таа беше насликана денеска?

На ова кратко видео ќе ви го оживееме тој момент, погледнете:

 

How cool is the Mona Lisa 2017? 😱 ⠀ by @liza.kondrevich

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Родители внимавајте: Бебињата сакаат да ве држат на око

Мајките кои децата ги носат на тој начин што бебињата не го гледаат нивното лице предизвикуваат голем стрес кај нив, смета професорката Кристин Фаулер од Универзитетот во Сиднеј.

Исто чувство имаат бебињата и во количките со кои погледот им е свртен кон бучниот и застрашувачки свет, а притоа не ги гледа родителите кои ја буткаат количката и кои за нив претставуваат безбедност. Во оваа положба бебето е изложено на голема количина на стимуланси на надворешниот свет што за нив може да биде фрустрирачки.

Ова е лошо за бебе до една година, иако многумина не се сложуваат, тврдејќи дека овие техники можат да се применат само кај новороденчиња и бебиња до 3 месеци и дека по 3-от месец на бебињата им здосадува гледањето во родителите и дека им е потребен нов стимуланс.

Сепак, теоријата на професорката Фаулер ја поддржува една рана студија која утврдила дека бебето патиаконе можи да го види лицето на својот родител кога не е дома и тоа можа да остави последици на неговото ментално здравје.

Најчитани

Твитови