СТОП за настинките и кашлицата! Народни и природни рецепти и лекови!

Со доаѓањето на есента се зголемуваат и условите за појава на настинки кои со себе носат кашлица, грип и останати здравствени тегоби.

Она што на сите нам ни треба во студените есенски и зимски денови, е силен имунитет со кој ќе се избориме против настинките кои демнат од сите страни. Но, многу често не успеваме да се одбраниме од нив. За среќа, постојат некои начини кои по природен пат ги лечат настинките.

Лек против силна кашлица 
Во шоља зовриено млеко ставете половина лажичка жалфија. Оставете да врие точно три минути, а потоа додајте лажичка маст и половина лажичка сода бикарбона. Сето тоа помешајте го и пијте со мали голтки. Дневно смеете да испиете до три шољи. Секогаш консумирајте го овој лек веднаш по подготовката.

Рецепт против упорна сува кашлица 
Земете еден портокал и добро измијте го со вода и сода бикарбона, а потоа ситно исецкајте го заедно со кората. Посипете го портокалот со шеќер и варете половина час. Од овој сируп земајте по една или две лажици кога ќе почувствувате напад на кашлица.

Јаболки и кромид против кашлање 
Изрендајте јаболко и кромид, па додајте мед (сите состојки да бидат во еднакви количини). Од оваа смеса земајте по една лажица неколку пати на ден.

Сок од кромид со шеќер 
Доколку кашлицата не престане, исчистете една главица кромид и посипете ја со лажица шеќер. Процедете го сокот кој ќе се појави и пијте по една лажица три пати на ден, 20 минути пред оброкот. Можете да направите и сок од кромид со мед, кој се прави со размер 1:2, а се пие по една лажица 3-4 пати дневно, 30-40 минути пред јадење.

Шербет 
Во тенџере на тивок оган ставете една шоља шеќер и оставете го да се растопи. Кога шеќерот ќе се карамелизира додајте една или две шољи вода, па мешајте додека да се растопи карамелизираниот шеќер. Додајте малку ѓумбир и сок од лимон. Пијте по две лажички три пати дневно.

Ловоров лист против кашлица 
Во половина литар вода додајте 150 грама шеќер, а кога ќе зоврие додајте 10 листови ловор и варете уште половина час. Извадете го ловоровиот лист, а смесата ставете ја во тегличка или во шоља. Користете по потреба.

Роналдињо љубоморен на еден фудбалер (ВИДЕО)

Роналдињо е голем обожавател на Англиската Премиера лига во која претходната сезона видел еден гол каков одсекогаш сакал да постигни. Се случил на утакмицата Crystal Palace и Tottenham во која победа славеа Tottenham со резултат 1:3. Роналдино беше воодушевен од голот на Dele Alli.

"Морам вас да ви признаам дека сум љубоморен на Али поради тој гол, за кој е тешко да најдам вистински зборови. Тоа беше мајсториски како што одсекогаш сакав да постигнам", кажал Роналдињо

 

Научниците откриваат: Ова е совршениот облик на женски гради.

Се мисли  дека овој облик на гради најмногу го привлекува машкото внимание, а ова го откриваат токму научните истражувања.Како британските пластични хирурзи би имале колку што е можно подобар образец за употреба во реконструктивната хирургија којашто ја применуваат над пациенти заболени од карцином на дојката, коишто се подвргнале на мастектомија, било спроведено и истражување, сè со цел да се добие визија за совршениот облик на женските гради.

Во истражувањето, чиишто резултати се објавени и во научниот магазин "Пластична и реконструктивна хирургија", испитани биле повеќе од 1.300 мажи, жени и хирурзи, коишто морале да прегледаат повеќе фотографии, а на крајот и да ги одредат совршените пропорции на женските гради.

На крајот, сите три групи го избрале токму природниот облик, налик на оној на античката грчка скулптура на Милоска Венера или "Афродита од Милос" — античка статуа и едно од најпознатите дела од скулптурата од стара Грција, која е денес еден од најпознатите експонати во Лувр во Париз.

 

Значи, иако можеби помисливте дека ќе победат бујните вештачки деколтеа, овојпат сепак победуваат природните гради, со какви што секако не може да се пофалат голем број на актерки и старлети!

За секунда имаше одговор: Најбрзо решена задача во квиз! (видео)

На вториот натпревар полуфиналистите во српскиот квиз Сложувалка, Никола Стојменовиќ и Милица Марковиќ, се соочија со „претежок“ предизвик во играта Мој број. Бројот кој го избра Милица како задача, ги насмеа сите.

Погледнете зошто во 04:47

Најчитани

Твитови