Слатката стевиа: Придонес во уживањето на благиот вкус без потреба од грижа за здравјето

Колку пати до сега сме сакале да уживаме во слатките без грижа на совест? Благодарејќи на билката стевиа, чии листови се извор на силна и природна сладост, потполно сте во можност да се препуштите на уживање во слаткото без да се плашите дека ќе внесете додатни калории. Во постапката која е слична на правењето чај, сувите листови на стевиата се потопуваат во вода при што се издвојува слатка супстанца. Со нејзино прочистување се добива екстракт за засладување кој е 200 пати посладок од шеќерот. Таа не содржи калории, е од природно потекло и не влијае на регулацијата на шеќерот во крвта. Не придонесува за создавање на кариес, а можат да го користат возрасни, деца, трудници и лица со дијабетес.

 

Оваа билка се користи повеќе од два века од страна на племињата покрај реката Амазон за  засладување на пиењето и храната, но и за лечење на рани и тегоби во стомакот. Денес екстрактот на оваа билка се користи насекаде во светот во многубројни прехрамбени производи. Засладувачите без калории, како што е стевиата, не го стимулираат апетитот и не предизвикуваат дебелеење. Кога се користи како дел од контролиран калориски внес, со балансирана исхрана и редовна физичка активност, може да биде корисен во контрола на телесната тежина. Затоа стевиата е идеална за сите кои сакаат да водат сметка не само за својот изглед, туку и за своето здравје.

 

Слатката сусптанца од една билка на стевиата, може да заслади дури и 30 чаши кафе или чај. Доколку го замените шеќерот во кафето со стевиа, во рок од една недела ќе внесете 660 калории помалку, под претпоставка да пиете 2 шолји кафе во текот на денот. Покрај природната сладост, на стевиата и се препишуваат и лековити својства. Во неа се пронајдени антиоксиданти од групата флавоноиди, кои се благотворни за човечкиот организам.

Игор Исаковски

Фитнес инструктор во Synergy Fitness & Spa

 

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови