Дневен хороскоп : скорпиите осамени, риби внимавајте со исхраната

Овен

Новите работни можности поврзани со образование, медиуми и или промена на средината ви поставуваат прашања кои се однесуваат на иднината на вашиот приватен живот. Ако сакате да ги следите вашите цели потребни ви се одредени прилагодувања. Не одложувајте туку конкретно делувајте и ќе сватите дка не е толку тешко колку што ви изгледа. Денот е одличен за деловни разговори и склопување на договори.

Бик

Денот пред вас нема да ви ви донесе некои позначајни новини во вашиот живот. Ќе морате главно сами вашето слободно време да го направите што поинтересно. Имате можности да ги искориститре вашите фантазии и креативност. Одлично го чувате мирот во рамникте на љубовната врска. Имате многу идеи кои ќе се обидете да ги спроведете на дело. Ви посакауваме успех. Здравјето одлично ве служи.

 

Близнаци

Ќе бидете раздразливи и склони кон кавги со околината. Не ви препорачуваме да донесувате некои важни одлуки денеска, како ни да започнувате поголеми работи. Пред се настојувајте да постигнете психичка рамнотежа. Немојте да мислите дека треба да бидете информирани за се и дека треба да бидете на пет места истовремено. Тоа не можно. Сентименталните сте нестабилни. Здравје; чуствително-нервози. 

Рак

Надворешните услови не ви се наклонети. Ќе имате тежок однос со авторитети или со некоја повозрасна личност од вашиот ранг. Ќе ги почуствувате последиците од вашето однесување и за некои работи ќе морате дупло да се потрудите. Зафатете се со работа и ,,загризете,, таму каде најмногу ви е важно. Работните обврски ќе бидат пречка помеѓу вас и партнерот и гого ќе му биде тешко да ги искажи чуствата. 

 

Лав

Бидете внимателни во односите со околината и проверувајте ја секоја информација. Избегнувајте нагли одлуки. Размислете за секој чекор. А можеби би било најдобро важните одлуки да ги одложите за друг ден. И на интимен план исто така ви се закануваат опасности од напнатости и недоразбирања во семејството. Здраствената состојба ви е чуствителна , внимавајте на срцето и крвотокот.

Девица

Ќе бидете доста напнати а во извршувањето на работните задачи ќе се среќавате со некои тешкотии. Затоа ви препорачуваме сега за сега да се занимавате само со работи кои се убави, а кризните ситуации да се обидете да ги разрешите на мирен начин. Избегнувајте го секој облик на агресија. Љубовниот живот ви е скаладен, ве очекуваат пријатни моменти во душтво на партнерот. Здравјето ви е просечно, ви треба рекреација.

 

Вага

На работното место без некои позначајни промени, секојденвните обврски ќе ги извршувате вообичаено. Вашата финансиска ситуација ви задава проблеми, но на тој план можете да очекувате подобрување. Накратко вашата ситуација е подобра од тоа што ви изгледа вас. Најважно е да го освежите секојдневието и да се ослободите од рутината. Емоционално сте стабилни. Здраствената состојба ви е одлична.

Скорпија

Без некои поголеми промени во однос на изминатиот ден. Ве советуваме да не сметате на пријателства и да не верувате премногу секому, бидејќи можат да ве предадат и оние во чија лојалност сте биле сигурни. Најдобро би било да одложите некои важни работи. Во интимниот живот напнатоста исто така ќе ви се зголеми, па ќе се чуствувате многу осамено. Здравје: чуствително -внимавајте на вратот.

Стрелец

Ве очекуваат некои непријатностите кои можат да бидат поврзани со судски спорови. Не е погоден ден за започнување на некои поголеми работи, бидејќи ќе делувате под влијание на негативните емоции. Финасиската ситуација ќе ви задава грижи. Сентименталните односи ви се средни со тенденција на влошување. Здраствената состојба ви е чуствителна внимавајте на бубрезите.

 

Јарец

Ќе бидете целосно посветени на работата па така несетно ќе ви мине работното време. Се чуствувате помалку исцрпени и нерасположени. Немојте да ја занемарувате забавата како и се она што може да ве опушти. Настојувате да не мислите само на обврските и грижите. Во приватниот живот ќе бидете задоволни но вашите односи со партнерот не се стабилни. Здраствената состојба ви е одлична.

Водолија

Денеска некои работи ќе добијат погрешен тек на одвивање, но нека не ве загрижува тоа бидејќи тоа е само моментална ситуација. Не си допзволувајте импровизации и не се базирајте на вашиот шарм. Морате да верувате во себе си и да работите поодговорно. Љубовниот жиовт ви е доста напнат но наскоро ќе дојде до подобрување. Здраствената состојба ви е добра но треба повеќе да се движите.

 

Риби

Ќе бидете напнати, а работните задачи нема целосно до крај да ги извршувате. Избегнувајте кавги и внимавајте од непријателства, бидејќи тие барем во овој момент се многу опасни за вас. Денот е поволен за краткотрајни работи. И покрај поволните елементи вашата ситуација е доста нестабилна. Емоционално сте засега задоволни. Здраствената состојба ви е доста чуствителна бидете внимателни со храната.

По поразот, уште една тажна вест за навивачите на Хрватска: Тој си заминува

По поразот од Франција во финалето на СП, Иван Ракитиќ е тажен, но и горд.

-Тажни сме. Бевме блиску до златото. Дождот што врнеше е како небото да плаче. Целиот свет денеска навиваше за Хрватска. Денеска имаше 100 милиони Хрвати. Сите се вљубија во нас. На тоа треба да бидеме горди. Ѝ честитаме на Франција за златото и едвај чекаме да си дојдеме дома, во Загреб.

-Бевме подобри. Се до третиот гол бевме многу подобра екипа. Ни дадоа четири гола од три шута. Штета, ама тоа е фудбал.

Пред почетокот на СП, Ракитиќ најави дека ќе се повлече од репрезентацијата.

Фотографијата што ја објави на Инстаграм по натпреварот отвора сомнеж дека навистина овој натпревар е последен за Ракитиќ во репрезентативниот дрес.

„За Лука, мојот брат. Ми беше најголема чест да го делам сево ова време со тебе. Те сака Ракета“, пишува Ракитиќ на посветата на дресот што му го подарил на Модриќ.

Посветата на Модриќ, која го содржи истиот текст, е во сегашно време, а таа на Ракета во минато, забележуваат хрватските медиуми.

Од 2007 до денес Ракитиќ одиграл 88 напревари за Хрватска и постигнал 13 гола.

Љубовен триаголник ги раздели Ирена и Орце - Пејачката со друг музичар (фото)

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија.

По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно, Орце пред десетина дена се иселил од нејзиниот стан, пишува порталот „7 дена“.

Според извори на порталот, причина за разделбата е тоа што Ирена имала друго момче, музичарот Амети Мухамедали- Мухи.

Дека е крај на врската потврдил и Гелевски.

-Да точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас  нема што друго да кажам.  Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници, вели Орце.

Пејачката негирала дека има друго момче.

-Да имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче, вели таа.

Пејчот Мухамедали за порталот рекол дека нема што да изјави.

„Јавна тајна е врската меѓу Ирена и Мухи. Цела естрада тоа го знае“, велат нивни колеги. Според нив Ирена и музичарот  веќе три години биле во врска и дека станува збор за голема љубов. Тоа ним им го раскажал и Мухи,  со уште многу детали од нивната врска. Тој живеел во странство, но од љубов кон  Ирена се вратил во Македонија и сега на свирките настапуваат заедно, пишува порталот „7 дена“

Целосен извештај: Владата потроши 180.000 евра за прославата за поканата од НАТО

Владата потроши вкупно 179.500 евра за прославата што се одржа во саботата во 15 града низ Македонија за поканата за членство во НАТО.

„Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, редари, технички персонал, сценска опрема, ангажман на 40-тина изведувачи коишто настапија во 15 градови ширум Македонија, транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција, а се вкупно со сите ставки чини 11 900 евра по град или вкупно 179 500 евра за прославата ‘Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ’ во сите градови. Владата ангажираше исклучиво домашни изведувачи со кои беа склучени авторски договори за уметнички трудови, односно за музичко-сценски изведби, а изборот на градови беше определен согласно со рамномерна географска застапеност“, информира Владата.

Од таму велат дека трошоците за организацијата на настаните се скромни, по нормални пазарни цени. „За промоцијата на настаните не се потрошени средства за реклами во медиумите, ниту, пак, се потрошени какви било средства за организиран превоз на публика од едни во други градови“, велат од Владата.

Во продолжение интегрално го пренесуваме извештајот за потрошени средства:

Вкупната сума за реализација на настаните, разложена по ставки опфаќа:

1. Ангажман на 40-тина домашни изведувачи утврден со засебни авторски договори со секој од нив и вкупно за сите, во сите 15 градови и настапи на домашните изведувачи чини 75 500 евра.

Во секој договор е наведено дека ангажманот е за „прослава по повод поканата за Македонија за членство во НАТО“ со наслов „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”. Трошоците за неколкуте изведувачи кои го откажаа ангажманот не се вклучени во пресметката и нема да се реализираат, а административната процедура со нив ќе се заврши по пат на спогодба.

2. Сценската опрема, бините, системите за озвучување и осветлување за 15 настани се реализирани од страна на компанија со којашто Владата на Република Македонија има склучено договор, врз основа на тендер и спроведена јавна набавка, којашто тековно врши услуги за изнајмување и ракување со опрема за аудио и видеоподдршка на настани во надворешен простор за потребите на државните институции.

Вкупната сума за сите трошоци за сцени и сценска опрема, за сите 15 места низ градовите, односно за сите 15 настани, чини 49 000 евра или околу 3 200 евра по град.

3. Сите други потреби и услуги за организација на настаните, што подразбира обезбедување на соодветна логистика, 150 редари, технички персонал, заштитни огради, 15 шатори, 15 гитарски засилувачи на звук и клавијатури, транспорт на опрема и технички персонал, чини вкупно, за сите 15 настани во градовите 35 000 евра или околу 2 300 евра по град.

За оваа ставка, преку соодветни законски постапки се спроведе тендер со три понуди за избор на најповолен понудувач, по што преку критериум најниска цена, избрана е компанија која ги реализираше услугите за организација на настаните.

4. Ангажман на лица за авторски труд за креативен концепт и реализација на промотивна кампања на социјални мрежи, графички решенија, видеопродукција, визуелизации на бините и постпродукција со вкупен износ од 20 000 евра или околу 1 300 евра по град.

Прославата ја поддржаа и локалните самоуправи, со организациска и логистичка помош.

Пренос на МРТВ не се реализираше бидејќи авторските договори со изведувачите не вклучуваа регулирање на авторски права за пренос во живо на национални телевизии и со цел да не се издвојува посебно ниту еден од 15 настани и 40 изведувачи ширум државата.

Најчитани

Твитови