Electrum Events ја најавија последната журка за 2016-та

 

Electrum Events се горди да најават уште еден незаборавен настан, незаборавна ноќ пријатели, чест ни е да го најавиме GALOSKI еден од најталентираните македонски диџеи пред кого стои блескава кариера, диџеј кој изминатиов период се прошета низ плејлистите на светски познатите диџеи Avicii, David Guetta, Dimitri Vegas & Like Mike, Hardwell, Nicky Romero, Fedde Le Grand.

Диџеј и продуцент кој може да се пофали со изданија на издавачката куќа на Fedde Le Grand Flamingo Recordings и изданија на Protocol Recordings издавачката куќа на Nicky Romero.

Момчето кое веќе неколку пати ја затвараше ноќта со масивните селекции хип-хоп и трап FITTY FLOW кој полека но сигурно се издига кон врвот на македонските диџеи.

Исто така резидент и на веќе добро познатата македонска дуо музичка група ДНК. Резидентот на Electrum Events, WEL и оваа година ќе застана на страната на добрата забава. Ќе направат и оваа последна журка на Електрум за 2016 та да биде незаборавна како и што самите фанови го кажуваат и споделуваат со сите нас 11 Декември - Недела е денот кога сите повторно ќе се обединат и ќе застанеме на добрата страна на музиката со почеток од 20:00 во Caffe Bar Piazza.

Електрум Евентс нема тука да ја застанат со својата програма, се најавува нешто многу поголемо во 2017 та со гости од странство на сцената која ќе се разгори по втор пат...

Во Прилог ви прикажуваме Префилм од журката на 11 декември.

Годините кога научив да летам во рацете на читателите

Во четврток, 22.06.2017, во Клуб Матица на Булеварот на книгите беше промовирана новата книга на Евгениј Хоуп насловена „Годините кога научив да летам“. Книгата е симбол на неговите 30.000 изминати километри автостоп низ Европа. Секоја копија која беше достапна во Клуб Матица за време на промоцијата беше распродадена.

Инспириран од животот на авторот, книгата Годините кога научив да летам, ќе ве одведе подалеку од вашите очекувања, ќе ве нурне во светот на талкачи, трагачи и номади, ќе ве спроведе на себе спознавачки координати и ќе ви дошепне колку е важно да се следиме себеси.

Во книгата дваесет и петгодишниот Михаил се впушта во една животоменлива потрага, која започнува откако на едно од неговите автостоп патувања ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден од нивниот заеднички престој, девојката исчезнува, како никогаш и да не постоела. Барањето на нејзиното присуство завршува со наоѓање на едно книжуле со неколку скинати страници, посветено на некаков утопистички остров.

Сите во себе носиме свој талкач, трагач, номад, авантурист. Спознајте се себеси со „Годините кога научив да летам“ во сите продажни места на Матица.

Синергија на забава и култура на Златни денови Кратово 2017

Од 2014 година градот на кулите и мостови е домаќин и организатор на еден од најзабавните фестивали на музика и култура. Веќе четврта година по ред Кратово успева да се воспостави како еден од најпознатите градови каде што постои совршена синергија на забава, култура и историја.

Како и претходните години, така и оваа, градот овозможува содржини за сите генерации и вкусови. Поради природата на овогодинешната програма се очекува Кратово да е исполнето со еуфорија и среќа која никој нема да ја заборави.

Во петок, 30.06.2017, ќе настапат Бона Деа, Тара, Александра Јанева, за веднаш по нив збавата продолжи со најголемите балкански кафански песни за душа. Во овој дел од програмата духот на меаните ќе го пренесат групата Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска и балканскиот боем Драган Којиќ Кеба. После кафанската атмосфера шаренилото на вечерта ќе го збогати нашата овогодишна преставничка на Евросонгот, Јана Бурческа, а за крај на првата вечер на сцената ќе експлодира идолот на младата генерација Слаткар со хит проектот Слаткаристика.

Во сабота, 01.07.2017, звуците на кулите и мостовите ќе ги красат Етно составот – Вез од Штип, ортодоксните рокери Пеперминт, а ѕвезда на вечерта и на фестивалот ќе биде нашата најголема музичка ‘‘ДОНА‘‘, балканската ѕвезда, Калиопи. За вистинска саботна треска ќе се погрижат новосаѓаните ,Tribute to Бјело Дугме кои заедно со Кратово ќе ги пеат најголемите хитови на легендарните ‘‘копчиња‘‘. После настаните на главната сцена забавата ќе продолжи во базен дискотеката во Кратово каде познати ди-џеи ќе се погрижат за еуфорично продолжување на фестивалските ноќи.

Во недела, 02.07.2017, традиционално на платото пред Музејот во Кратово, предвидена е 3Д Журка, односно Дневна Детска Дискотека, во која најмалите ќе уживаат и ќе се забавуваат со добра музика, многу игри, награди и многу маскирани гости. Шаренолокоста на програмата е да понуди нешто за секој посетител. Како и претходно, Златни денови - Кратово, го задржува концептот на една балканска ѕвезда за секоја година, а овој пат организаторот е горд дека оваа година ќе имаме музичари кои имаат значително место на балканска музичка карта, а со посебна задоволство сме горди на концертниот настап кој оваа година ќе го има нашата и балканска музичка ѕвезда, Калиопи, која ќе настапи со својот бенд. Се очекуваат посетители од цела Македонија да ги исполнат улиците на градот уживајќи во одличната музика. Овој фестивал е одлична можност за секој да се запознае со историјата на прекрасното Кратово и да си ја исполни душата со прекрасна музика, кратовски гурмански специјалитети и одлична забава.

Пред посетата на Кратово се препорачува посетителите навремено да обезбедат сместување бидејќи сместувачките капацитети се ограничени, а се очекува интересот да е значително поголем од минатата година.

Кузмановски: Ја посакував Германија, во Загреб ќе се чувствуваме како да играме на домашен терен

Македонската ракометна репрезентација ќе се натпреварува во групата Б на Европското првенство во Хрватска, кое ќе се одржи во јануари следната година. Нашите момци добија доста интересни противници, односно силите ќе ги одмерат со европскиот првак, Германија, како и со Словенија на Вујо и Црна Гора на бекот на Вардар, Борозан. 

За очекувањата од оваа ждрепка еден од најнадежните македонски ракометари, Филип Кузмановски ни изјави дека е задоволен од истата, бидејќи лично ја посакувал Германија за противник на ова ЕП. 

„Добивме интересна група и мислам дека ќе биде неизвесно до крај. Јас лично ја посакував Германија и среќен сум што ми се исполни желбата. Сите знаеме што значи Германија во ракометот. Нас ни преостанува максимално да се подготвиме за секоја од овие репрезентации. Се сеќавам на минатото првенство во Хрватска, кога Македонија играше како на домашен терен, со голема поддршка од фалангата. Сигурен сум дека овој пат ќе имам уште поголема поддршка и ќе се чувствуваме како да играме на домашен терен, а тоа ќе биде една голема предност за нас и заедно со нив да можеме да направиме голем резултат. Би сакал сите да сме здрави дотогаш и се да биди во најдобар ред со секој од нас“, вели битолчанецот. 

Натпреварите од оваа група ќе се одиграат во загрепската „Арена“. 

Најчитани

Твитови