Македонија ја доби Шведска во баражот за СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија за противник ја доби селекцијата на Шведска во баражот за пласман на Светското првенство 2017 година што ќе се игра во Германија. Македонија на извлекувањето што се одржа во Гетеборг беше рангирана во „вториот шешир“ и за ривал ја доби Шведска од „првиот шешир“. Македонија за баражот се избори откако успешно ги мина квалификациите каде во групата го освои второто место зад Австрија, а пред Исланд и Фарските Острови. Првиот натпревар нашата репрезентација го игра на домашен терен од 9 до 11.јуни 2017 година, а реваншот ќе се игра од 13 до 15.јуни 2017 година во Шведска. Победникот од двомечот ќе се пласира на СП, каде учество имаат обезбедено: Германија (домаќин), Норвешка (светски првак) и Франција, Данска и Холандија (полуфиналисти на Европското првенство 2016). Покрај дуелот Македонија – Шведска се играат уште осум бараж дуели: Црна Гора – Белорусија, Италија – Србија, Русија – Полска, Унгарија – Словачка, Романија – Австрија, Украина – Шпанија, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција. Светското првенство во Германија ќе се одржи од 1 до 17. декември 2017 година. 

Exclusive.mk зеде изјави од селекторот Симе Симески и директорот на женските репрезентации Д-р Емил Угриновски:

Д-р Емил Угриновски изјави: " Македонската женска ракометна репрезентација го врати победничкиот дух на квалификацискиот турнир за Светското превенство 2017 на Фарски острови. Подмладената екипа докажа дека има квалитет и дека е спремна за поголеми предизвици. Нашата стратегија на подмладување и транзиција на екипата вроди со плод, ако пред една година губевме со 7 разлика од Исланд на турнирот ги победивме со исто толку разлика и обезбедивме бараж за едно големо натпреварување. Ова што го сторивме е 100% македонски производ, како никогаш досега нашата репрезентација е чисто македонска без странски ракометарки и без странци во стручниот штаб. Ова е доста битен сегмент на нашиот успех и Македонија е горда на тоа, бидејќи така успехот има посебна тежина. На ждрепката ни се падна Шведска која не беше посакуван противник, но и не е непобедлива репрезентација што се покажа на тековното Европско првенство. Едно е сигурно, а тоа е дека нашите ракометарки, стручниот штаб и РФМ максимално ќе се вложат за да влезат што поспремни во баражот и да се обезбеди пласман. Кај ракометарките се гледа еуфорија и волја да го дадат максимумот во баражот, а нас како стручен штаб и на РФМ ни е должност да обезбедиме што подобри услови и на највисоко ниво ги подготвиме играчите за дуелот против Шведска. Првиот натпревар се игра на домашен терен и сум сигурен дека ќе ја добиеме поддршката од публиката. Очекуваме "вулкан" од трибините и ќе се врати големата поддршка од нашите навивачи.  Јас сум оптимист и мислам дека со добри припреми и добра организација може да ја постигнеме нашата цел, а тоа е пласман на Светското првенство."

Симе Симески изјави: "Како противник ја добивме репрезентацијата на Шведска која е доста квалитетна репрезентација која игра современ, брз ракомет. Шведска ја следевме на тековното Европското првенство на кое прикажа добра игра, но покажа и слабости кои мислам дека може да ги искористиме. Сега наша задача до баражот во јуни 2017 е да имаме добри припремни натпревари, да ја следиме формата на нашите ракометарки и да го анализираме противникот. Јас сум оптимист дека со максимално посветување може да направиме да постигнеме успех и да се пласираме на Светското првенство 2017. По однос на тоа дали ќе има измени во нашиот тим, не можам ништо да ви потврдам сега. Нас како стручен штаб ни е битно кој играч е во добра форма, а не кој е млад или стар. Така, екипата ќе се формира согласно формата и прикажаната игра на ракометарките."


 

Му снемувало храна и поставил камера и останал во шок кога ја видел снимката (видео)

Кога Њујорчанецот Џо Камингс приметил дека од неговиот стан снемува храна, одлучил во кујната да постави скриена камера за да дознае за што се работи. Тоа што го снимил многу ќе ве изненади!

Имено, камерата снимила жена која излегла од вентилавијата во неговата кујна! Непознатата жена живеела во станот на Џо без негово знаење, ја јадела неговата храна, па вршела нужда во неговиот мијалник!

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Жена била бремена две години и родила јаре, снимката е морбидна (видео)

Една жена од Нигерија наводно родила мала коза по две години откако останала бремена, пренесуваат локланите медиуми.

Жената која наводно била бремена две години, побарала помош во локалната клиника која ја основал свештеник. Откако се породила, локалните жители се собрале за да би го виделе јарето кое во локви крв лежело на бетонот.

Исто така објавено е видео, како што наведуваат медуимите, ги потврдуваат тврдењата за оваа жена.

Инцидентот се случил во градот Порт  Харкорт во Нигерија, а веста прво се појавила на социјалните мрежи.

ТРИК КОЈ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ: Еве како да ја вратите батеријата од вашиот лап топ повторно во живот! (видео)

Фрижидерот во кој чувате ладно пиво, исто така, може да ви помогне да ја оживеете вашата расипана батерија за лап топ...

Ставете ја бтеријата во затворена пластична ќеса. Оставете ја во фрижидер да стои 12 часа.

Извадете ја батеријата од фрижидер, оставвете јана собна температура и избришетеја со крпа.

Вратете ја наад во лап топот.

Наполнте ја батеријата што можете повеќе, и потоа оставете ја да се исуши. Повторете го то 3 до 4 пати.

Вашата расипана батерија ќе  проработи

Погледнете го видеото:

Најчитани

Твитови