Празниците се на прагот: Решенија за продуктивност на работа во овие денови

Тешко е да се одржи продуктивноста кога голем дел од колегите се на годишен одмор, а божиќни и новогодишни украси ги има насекаде. Ви предлагаме десет совети кои ќе ви помогнат не само да останете продуктивни и концентрирани за време на празниците, туку и добро да се чуствувате во својата кожа.

Поставете дневни цели

Направете листа на задачи кои мора да ги направите секој ден. На тој начин и покрај задачите и обврските кои сте ги завршиле ќе останете мотивирани.

Во ред е да земете пауза

Прошетајте и земете чист воздух или одете на кафе. Никому не му е во интерес, па ни на вас да седите цел ден на работното столче во канцеларија.

Држете се што поуредни

Сите сакаат и уживаат во божиќни декорации и украси, но вас тоа истовремено може да ве деконцентрира.

Одржувајте концентрација

Исклучете ги табовите во пребарувачот кои не се врзани за работа, престанете да на социјалните мрежи. Можете да го исклучите дури и е-маилот ако ве деконцентрира. Исклучете го звукот на вашиот смартфон.

Дружете се со колегите

Проверете кој уште од вашите колеги работи за празник и повикајте го на ручек за време на паузата. Покрај тоа што ќе ви биде полесно бидејќи уште некој е во истата ситуација како и вие, ќе се запознаете со колега кој инаку не сте многу блиски, а може на ручекот ќе смислите и некој заеднички проект.

Поставете приоритети

Подетеле ги задачите на оние кои мора да ги завршите и оние кои е добро да ги завршите.

Вежбајте

Вежбањето ќе ви помогне да останете будни, добро расположени и да се решите со стресот.

Стимулирајте се на мали награди

Она што важи за петодишни деца важи и за вас, ветете си себе мали награди во текот на работниот ден кои ќе ве стимулираат, како што се кафе, слатки, социјални мрежи и наградете се после секоја завршена задача.

Наспијте се

Секако дека сте под притисок да до три чаост наутро гледате филмови, но важно е да го одржите вообичаениот режим на спиење за да не бидете поспани цел ден.

„Trinity Strings“ женски бенд кој ги помести границите на македонската естрада: Направија преработка и видео запис кој дефинитивно е светско а наше! (ВИДЕО)

Три девојки, две вилиони, едно виолончело, талент и резултатот е нешто светско а наше. Нешто што прв пат и се случи на Македонија. Женски бенд кој ги помести границите на вообичаеното, веќе видено и слушнато. „Trinity Strings“ - нешто ново на естрадава, нешто повеќе од добро...

Во соработка со Роберт Билбилов и Зоран Зонде Стојановски направија одлична преработка на „Луд сум по тебе„ на Александар Тарабунов. 

Како звучи и изгледа видео записот погледнете во продолжение. Не само што е мелем за уши туку и за очи! 

Уживајте...

Колку ќе биде К-15 за 2018-та година, и до кога фирмите најдоцна треба да Ви исплатат!

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите кои не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите. 

Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во поселдните три месеци. Врз основа на овие пресметки, минатата година тој износ беше најмалку 8.909 денари – најмалку 40% од просечната нето плата, а најмногу до 13.116 денари – најмногу до 40% од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОВИСОК К-15 ЗА 2018?

Зголемувањето на минималнецот од 10.080 на 12.000 денари и постојаниот пораст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија се двата фактори коо влијаат на тоа работниците на крајот од годината да добијат поголем износ за К-15 во однос на оној кој беше исплатен минатата година.

Нашата пресметка врз основа на податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на просечната нето и бруто плата во месец јуни покажа дека износот на К-15 за секој вработен во Македонија треба да се движи во интервал од 9.123 до 13.403 денари. 

Според обликот на носот откријте карактерни особини за одредена личност!

Звучи чудно, но е вистинито. Погледнете ги овие осум различни облици на носеви и кои карактеристики се врзуваат за нив, па самите проценете дали има вистина во тоа.

1.Нубијски нос

Овој облик на нос се издвојува од другите со својата должина. Мостот е речиси рамен, додека пошироката точка на носот е насочена надолу. Лицата со ваков облик на нос се љубопитни и радознали. Исто така се оптимистични, симпатични и секогаш се трудат да најдат решение за секој проблем.

2.Грчки нос

Обликот на овој нос потекнува од познатите грчки скулптури за кои бил карактеристичен. Тој се одликува со тоа што е тесен и прав. Луѓето со овој облик на нос се обично повлечени и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Мошне се практични и лојални. Тешко е да се разговара со нив отворено за емоциите.

3.Кукаст нос

Многумина го споредуваат овој облик на носот со оној што потсетува на птичји клун. Тој е свиткан од основата односно од веѓите до врвот на носот. Луѓето со ваков нос се креативни и пожртвувани. Страсно ги бранат сопствените верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги постигнат сопствените цели.

4.Извиткан нос

Мошне е сличен на претходниот, но овој нос е превиткан од носната коска до врвот. Сепак врвот е значително пошилест. Луѓето со овој облик на нос се смета дека се мошне одлучни, мошне се посветени на својата работа и добри се во организација.

5.Копчест нос

Овој нос е мошне краток и делува мошне симпатично. Тоа е најпопуларниот облик, затоа што не ги нервира луѓето. Тие имаат прилично силна волја, сакаат да бидат директни и мошне се одлучни во тоа секогаш да го добијат тоа што го сакаат.

6.Рамен нос

Овој облик е најчест во Азија и малку е порамен од другите облици. Врвот на носот е кружен, а носниците се пошироки. Лицата со рамен нос имаат силен карактер. Тие се мошне темпераментни и страствени, а може мошне да се налутат ако некој си игра со нивното трпение.

7.Конкавен нос

Обликот на овој нос се одликува со мал лак на носната коска. Слично како и копчестиот нос и овој е мошне популарен затоа што не е мошне впечатлив и изгледа мошне нежно. Луѓето чијшто нос има ваков облик се великодушни и секогаш подготвени да им помогнат на другите. Мошне се чувствителни.

8.Накривен нос

Можеби називот на овој нос не е особено ласкав, но овој облик на носот укажува на нежен карактер. Мостот на носот се истакнува додека врвот е мошне заоблен. Лицата со ваков нос се мошне добри во тоа што го прават и знаат да ги сослушаат другите, што ги прави прекрасни пријатели или партнери. Мошне ги ценат лицата што цврсто стојат на земјата.

Најчитани

Твитови