ЕМ ПРОСЛАВИ ЕМ ПОМОГНИ: Хуманитарна новогодишна прослава за 17-годишниот Антонио!

Младата волонтерка во Црвен крст Александра Давидовиќ и Иван Црња организираат хуманитарна забава со мото "ЕМ ПРОСЛАВИ ЕМ ПОМОГНИ". Целта им е да ја подигнат свесноста на граѓаните на град Скопје и пошироко дека може да бидат хумани и да ја дочекаат новата 2017 година не било каде туку на место каде дел од собраните пари од продадените карти ќе бидат донирани за младото момче Антонио Антониевски од Градско на кој му треба донација за операција на бубрези.

Почитувани, ве покануваме заедно да ја испратиме старата и да ја дочекаме и прославиме новата 2017 година.

„Ем прослави - Ем помогни“ е мотото на оваа забава, бидејќи покрај тоа што ќе се развеселиме и забавуваме, ќе помогнеме едно детенце да оди на лекување. Се работи за 17 годишниот Антонио од Градско кој е роден со нефрокалциноза и тубуларна ацидоза (хронична бубрежна болест- бубрези кои не се развиваат и не растат со текот на годините), на кој итно му треба трансплантација и лекување.

Прославата ќе трае два дена 31.12.2016 ( 22:00-03:00 часот) и 01.01.2017 (22:00-03:00 часот) во Кафе Коцка. Со купување на карта од 1200 денари добивате влез за двата дена, неограничено пиење (водка, коњак, пиво, узо, вино, газирани и негазирани сокови) и кетеринг.

До 25.12 картите ќе бидат 1200 денари, а потоа ќе бидат 1500 денари.

Тимот од организаторите ќе донира дел од продажбата на картите за Антонио.

Бидете дел од оваа забава, да си поминеме убаво и да имаме спомени кои вечно ќе траат, а пред се бидете и хумани!

Од срце сакаме да му помогнеме на Антонио за тој како здраво момче следната Нова година да ја прослави со сите нас.

Контакт телефон за резервации и карти: 071 954 325

Жешкиот костен е во раце на ДИК! Ќе има прегласување во Теарце?

По Одлуката на Управниот суд да прифати една тужба со која се поништува гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце во ИЕ 6, Државната изборна комисија треба да направи симулација дали прегласувањето ќе влијае на вкупните резултати од изборите на 11 декември.

Според роковникот на ДИК, гласањето ќе се повтори само ако вкупниот број на запишани избирачи на тоа избирачко место на ниво на Изборна единица влијае на вкупните резултати. Доколку има влијание, прегласувањето ќе се повтори 14 дена по денот на изборите, односно на 25 декември.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 239.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Управниот суд на Република Македонија вчера ги уважи тужбата на СДСМ за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Како неосновани, Управниот суд одби три тужби на СДСМ против решенијата на ДИК, а кои се однесуваат за избирачките место 2010 и 2025 во општина Теарце, и за избирачко место 1978 во општина Тетово, сите во Шестата изборна едница. Со тие одлуки на Управниот суд се потврдија решенијата на Државната изборна комисија.

 

Веридба од соништата на Малдиви: Тајна венчевка на Чуктераш! (фото)

Пејачката Славица Чуктераш и фудбалерот Владо Аврамов тајно се венчале летово на Малдиви. Интимната венчавка се случила далеку од јавноста и медиумите во присуство на неколку сведоци, а наводно целата идеја била на фудбалерот Владо. 

„Свавица беше пресреќна. Тој ја изненади и и ги откри сите планови и намери дури кога пристигнаа на одморот“, вели близок избор на парот.

Славица и Владо во октомври ја добија и ќерката Викторија, а вистинската свадбена церемонија ќе се случува летото 2017та во Србија.

 

Популарно

Твитови