Скопјанката, која краде воздишки со секси тело и блескава насмевка (галерија + видео)

Студениот бран кој ја зафати Македонија, беше одлична причина да најдеме одлично место кое и тоа како ќе не загрее. Не се мислевме многу, Synergy Fitness & Spa ги исполни сите наши критериуми. И токму тоа место, Synergy Fitness & Spa во Скопје, го искористивме за сценографија за прекрасна фотосесија. Па оттука логично доаѓа прашањето, која е девојката? Ѓурѓица Трајановска од Скопје е девојка која има 24 години, добро градено тело и насмевка со која плени. Зад неа се пет активни години поминати како маникенка, за во 2010 да се стекне со титулата Miss body Macedonia. Инаку, таа е модел во маркетинг агенција АК.

Душегрижниците ќе речат дека за убаво тело пред се во прашање се гените, а Трајановска ќе раскаже. Самата таа вели дека за секси и добро градено тело пред се е потребен здрав начин на исхрана, квалитетна опрема за вежбање и тоа од Polleo sport и секако редовни тренинзи. Ѓурѓица редовно вежба аеробик кај Елена Бубало во најдобриот Synergy Fitness & Spa центар. Ако е за вовед доволно се зборови, фото галеријата од фотосесијата и видео материјалот зборуваат многу повеќе.

Ова е Exclusivity Project 2. - проект на Exclusive.mk во кој се промовира убавината, здравиот живот, модата и животниот стил на успешни Македонски граѓани. Во проектот ќе учествуваат многу девојки и момци од цела Македонија со што ќе се промовираат лица, места, објекти и настани. Во план е да се опфатат околу 50 фотосесии и видеа со кој на професионален начин ќе се прикажуваат нашите учесници. Проектот Exclusivity Project го спроведува маркетинг агенцијата Exclusivity во соработка со Редакцијата и Продукцијата на Exclusive.mk, фотографите PS Photography, Badstef и David Black, нашите покровители и соработници Synergy Fitness and Spa, Polleo Sport и Neuromedica. Наскоро следуваат уште многу епизоди.

Пријавете се и вие во проектот на: info@exclusive.mk

Погледнете ја Галеријата со Ѓурѓица и ВИДЕОТО


Directed by: Никола Митревски

Photography: Badstef и PS Photography  V

Video: Димитар Бабалков - Exclusive.mk

Postproduciton: Димитар Бабалков - Exclusive.mk

Makeup: Studio Artistico

Новинари: Ема Стојова и Марјана Аспровска - Exclusive.mk

Организација: Маркетинг Агенција - Exclusivity и Редакција - Exclusive.mk Exclusivity Project 12.2016

 

Драгана Мирковиќ го прослави 50-от роденден (Фото)

Драгана Мирковиќ во Виена го прослави својот 50-ти роденден. 

„Оваа журка ќе ја паметам цел живот“, вели таа.

„Најпрво од самото будење од моите деца во дневната соба добив подарок. Марко седеша покрај клавирот, а Мануела ја зема гитарата и ми ја отсвиреа „Нешто убаво“, што ме расплака.“, додава Драгана.

Најновиот персонализиран мерцедес го добила од сопругот Тони, а била и воодушевена од букетот од 50 црвени рози кои ги добила од Здравко Чола.

Мелита: Ако си силна жена, не ти требаат ветувања од никого (Фото)

Македонската водителка последниве години е многу актуелна на социјланите мрежи.

Таа е една од јавните личности која често споделува фотографии од нејзиниот приватен живот. Нејзиниот интересен стајлинг ја прави привлечна за јавноста.

На нејзините постови на социјалната мрежа Инстаграм, фотографиите се најчесто со интересни описи. Погледнете и сами:

Најчитани

Твитови