Алиоски го „ловат“ од Бундеслигата, Серија А, Белгија и Англија!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ја одигра есенската полусезона во Швајцарија во одлична форма. Буквално сам го носеше Лугано во некои моменти, па поради тоа, на адреса на тимот пристигнаа понуди. Информацијата ја потврди Анџело Ренѕети, првиот човек на Лугано, кој вели дека нашиот фудбалер го „ловат“ од Бундеслигата, Серија А, Белгија и Англија.

„Во изминатите неколку месеци големи клубови се распрашуваа за Алиоски. Добивме интересни понуди. Се работи за тим од Белгија, италијански тим од Серија А, еден тим од Бундеслигата кој се бори да игра во Лигата на шампионите, како и неколку клубови од Англија. Од Швајцарија, има интерес од Базел, меѓутоа мислам дека тоа не е опција. Ако Алиоски имаше 21 година, Базел ќе беше идеална опција. Но, веќе има 24, размислува за чекор напред во кариерата. Како и да е, рано е да се зборува“, изјави Анџело Ренѕети, претседателот на Лугано.

Алиоски, кој за Македонија има десет настапи, оваа сезона за Лугано одигра 30 натпревари на кои постигна 12 гола.

Љубовта победува се: Пар со даунов синдром прослави 22 години од брак! (фото)

Мериен и Томи Пилинг се првиот пар со Даунов синдром кој што се венчал во Велика Британија.

Овој пар се венчал во 1995 година, а нивното венчавање му докажало на светот дека и оние кои имаат таков проблем, заслужуваат љубов и среќа.

Сестрата на Мериен одлучила да направи Фејзбук страница за овој пар, на која добила 8.000 следбеници. Оние кои се сомневале во успехот на нивниот брак, сега не можат да кажат апсолутно ништо.

Се забавувале 18 месеци, а за да ја побара за жена Мериен, Томи прво ја прашал нејзината мајка.

Они истакнуваат дека нивната љубов нема врска со Дауновиот синдром, туку исклучиво со љубовта. Мериен не размислувала два пати, бидејќи одма знаела дека Томи е љубовта на нејзиниот живот.

Нивната љубов им покажала и на други парови со овој проблем дека не постојат препреки кога некој сакаш искрено.

Бил срамежлив, а сега е најмоќен човек на светот: Путин кога станал претседател!

Германскиот фото-репортер Даниел Бискуп, кој неколку пат го фотографирал рускиот претседател Владимир Путин, за него вели дека со време се променил и станал многу поцврст отколку пред 16 години, кога го запознал за прв пат.

-За сите овие години рускиот претседател многу се променил, но некои црти останале исти. Тој зборува многу тивко, речиси да шепоти, а кога зборува германски се обидува да биде многу љубезен – рекол Бискуп.

Според неговите зборови, кој сега разговара со Путин, го гледа сосема поразлично од тоа пред 16 години.

“Тој е сега многу поцврст од порано, некој кој претставува силна Русија. Тоа не е глума, тој верува во тоа”, навел фотографот, пренесува Дие Велт.

Порано Путин делувал многу срамежливо, истакнал Бискуп, додека таа промена во карактерот на Путин ја објаснува преку однесувањето на Западот кон Русија.

-На почетокот на 90-тите многумина во Русија мислеле дека Западот ќе ги прифати со две раце. Меѓутоа, Западот на тој период гледал како на последната рунда од борбата помеѓу комунизмот и капитализмот. Напредокот кој Русите во тој период самостојно го постигнале, Западот го сфатил како свој пораз, а тоа Русите ги погодило. А тие само сакаа кон нив сите да се однесуваат чесно- заклучил Бискуп.

Баран од јахта замина на скијање! (фото и видео)

Сигурно не сте го заборавиле бунтовникот Баран од серијата „Црната роза“. Епа истиот тој деновиве ужива во последните денови од зимата. 

Постојано ги апдејтува фановите со фотографии од зимскиот одмор. Очигледно е дека ужива во бордањето. 

Погледнете дел од фотографиите што тој ги има објавено на Инстаграм.

 

I can fly.

A post shared by Mert Yazıcıoğlu (@mertyazicioglu) on

 

Düşe kalka

A post shared by Mert Yazıcıoğlu (@mertyazicioglu) on

 

Snow

A post shared by Mert Yazıcıoğlu (@mertyazicioglu) on

А, кога зимата ќе помине очекуваме фотки од плажа и секако со поубавата половина.

Најчитани

Твитови