ТАЖНА ВЕСТ:Почина познат македонски писател

Мето Јовановски, македонски раскажувач и романсиер и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, почина вчера на 88-годишна возраст.

Тој е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици.

Во кариерата долга 6 децении, Јовановски објавил 30-на книжевни дела – збирки песни, раскази, романи, песни за деца, кои, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Негови најпознати дела се романите „Писмо до саканата“,„Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“,„Хајка на пеперутки“,„Слана во цутот на бадемите“, „Земја и тегоба“, збирките раскази „Јадреш“, „Мени на мојата месечина“, „Крстопат кон спокојот“, „Љубовта на Грифонот“, книгите за деца „Љуман Арамијата“ и „Војвода над војводите.

Мето Јовановски ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино.

Драгана Мирковиќ го прослави 50-от роденден (Фото)

Драгана Мирковиќ во Виена го прослави својот 50-ти роденден. 

„Оваа журка ќе ја паметам цел живот“, вели таа.

„Најпрво од самото будење од моите деца во дневната соба добив подарок. Марко седеша покрај клавирот, а Мануела ја зема гитарата и ми ја отсвиреа „Нешто убаво“, што ме расплака.“, додава Драгана.

Најновиот персонализиран мерцедес го добила од сопругот Тони, а била и воодушевена од букетот од 50 црвени рози кои ги добила од Здравко Чола.

Мелита: Ако си силна жена, не ти требаат ветувања од никого (Фото)

Македонската водителка последниве години е многу актуелна на социјланите мрежи.

Таа е една од јавните личности која често споделува фотографии од нејзиниот приватен живот. Нејзиниот интересен стајлинг ја прави привлечна за јавноста.

На нејзините постови на социјалната мрежа Инстаграм, фотографиите се најчесто со интересни описи. Погледнете и сами:

Најчитани

Твитови