Роџер Федерер избран за “Најстилски маж на годината”

Тениската легенда Роџер Федерер беше избран за “Најстилски маж на годината”. Швајцарскиот маестро е познат по демонстрациите на стил во играта на теренот, но покажува одличен талент и во начинот на облекување.

Федерер додаде нова титула во импресивна колекција од достигнувања, откако беше избран за “Најстилски маж на годината” во рангирањето на магазинот GQ. Носителот на 17 титули од Гренд слем се избори со актерот од “Тор” Тим Хидлстон,а за него читателите гласале со над 61%.

-Никогаш не сме се сомневале дека Роџер е елегантен човек, а тоа се докажува на категоричен начин, откако за него гласале толку многу луѓе, изјавија од списанието.

Драгана Мирковиќ го прослави 50-от роденден (Фото)

Драгана Мирковиќ во Виена го прослави својот 50-ти роденден. 

„Оваа журка ќе ја паметам цел живот“, вели таа.

„Најпрво од самото будење од моите деца во дневната соба добив подарок. Марко седеша покрај клавирот, а Мануела ја зема гитарата и ми ја отсвиреа „Нешто убаво“, што ме расплака.“, додава Драгана.

Најновиот персонализиран мерцедес го добила од сопругот Тони, а била и воодушевена од букетот од 50 црвени рози кои ги добила од Здравко Чола.

Мелита: Ако си силна жена, не ти требаат ветувања од никого (Фото)

Македонската водителка последниве години е многу актуелна на социјланите мрежи.

Таа е една од јавните личности која често споделува фотографии од нејзиниот приватен живот. Нејзиниот интересен стајлинг ја прави привлечна за јавноста.

На нејзините постови на социјалната мрежа Инстаграм, фотографиите се најчесто со интересни описи. Погледнете и сами:

Најчитани

Твитови