Храна богата со здрави масти

На интернет може да најдете голем број на информации според кои исхраната која содржи мал процент на масти e најдобар начин за намалување на тежината, регулирање на холестеролот и спречување на некои здравствени проблеми. Според професионалните нутриционисти и спортски тренери конзумирањето на здрави масти и избегнувањето на транс мастите е далеку поважен фактор за намалување на килограмите и регулирање на холестеролот во однос на исхраната со мал број на масти. Конзумирањето на здрави масти е неопходно за правилна апсорција на витамините во нашето тело, правилна нервна активност, одржување на здрави клетки, побрзо и подобро заздравување на повредите и здрав имунолошки систем. Избегнување на храната која содржи транс масти и конзумирање на храна богата со мононезаситени и полинезаситени масти ќе овозможи регулирање на холестеролот и намалување на ризикот од болестите поврзани со нездравата и неправилна исхрана. Сите активни вежбачи треба да конзумираат околу 1 грам здрави масти за секој килограм телесна тежина.

Во продолжение е исхраната која е лесно достапна и содржи голем процент на здрави масти.

Риба

Рибата природно содржи високо количество на омега 3 масни киселини. Мастите кои ги содржи рибата спаѓаат во категоријата на здрави масти кои придонесуваат за подобрување на здравјето на срцето и подобрување на работата на мозокот. Според светските здравствени организации се препорачува да се конзумираат најмалку 2 порции (од најмалку 100-150 грама) на риба неделно, додека сите активни вежбачи може да внесуваат 1-2 порции повеќе. Најдобро е да се конзумира печена или варена.

Најлесно достапни видови на риби кои ги препорачувам се лосос, скуша, туна, пастрмка, ослич. 

Семиња и ленено семе

Семињата како што се семките од сончоглед, тиква, сусам заедно со лененото семе претставуваат одличен извор на здрави масти кои го намалуваат холестеролот. Лененото семе исто така содржи и голема количина на растителни влакна и претставува одличен додаток при подготвување на салати и некои пецива. Тие исто така содржат и корисна количина на витамини, минерали, протеини и есенцијални масни киселини. Семките од тиква се сметаат за еден вид супер храна бидејќи содржат одлична количина на глутамин, аланин, глицин и поголема количина на цинк.

Авокадо

 

Покрај тоа што авокадото ја подобрува и одржува работата на срцето и го намалува лошиот холестерол (LDL), тоа исто така содржи и висока количина на здрави масти кои помагаат во одржување на преносот на информации во нашиот нервен систем и ја подобруваат апсорцијата на хранливи материи од страна на телото.

Јаткасти плодови

Сите видови на јаткасти плодови се корисни за срцето и содржат  голема количина на витамини, протеини, минерали, амино киселини и здрави масти. Без некое размислување може да вметнете бадеми, индиски ореви, лешник, фстак и ореви во вашата секојдневна исхрана. Треба да се напомене дека и покрај тоа што се богати со здрави масти тие исто така се и многу калорични, па поради тоа препорачувам умерено внесување од 40-50 грама дневно.

Јајца

Јајцата се едни од ретките видови на храна кои би можеле да се наречат како супер-храна. Јајцата покрај тоа што се еден од најквалитетните извори на протеини, тие изобилуваат со големо количество на витамини и здрави масти. Јајцата го зголемуваат добриот холестерол ( DHL ) , со тоа го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и разни здравствени проблеми. 

Иван Митев

Фитнес инструктор во Synergy Fitness & Spa

Серија земјотреси во Пехчево, Берово и околината

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево - Кресна се регистрирани денеска во период од 10 до 11 часот.

Земјотресите најсилно се почуствувани во Пехчево, Берово и околината. Најсилниот бил со магнитуда од 3,1 степен по Рихтеровата скала и е регистриран во 10.27 часот, а најслабиот со магнитуда од 2 степена според Рихер во 10.54 часот.

Покрај овие два земјотреса, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше уште три земјотреси и тоа во 10 часот со магнитуда од 3 степени, во 10.17 часот со магнитуда од 2,3 степени и во 10.19 часот со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала. 

ОГРОМНА ТРАНСФОРМАЦИЈА- Оваа девојка ја скрати својата долга коса на нула!! МАСАКАР (ВИДЕО)

Промените се дел од нашиот живот и истите носат нешто подобро, или пак во краен случај полошо во истиот.

Оваа девојка има многу долга коса, но се одлучила за неверојатна промена.

Таа собра храброст да се потшиша со машинка на нула. КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА!

Новиот ривал на Путин за претседател на Русија е ЖЕНА? (ФОТО)

Позната телевизиска новинарка Ксенија Собчак, чиј татко бил близок соработник на Владимир Путин, има намера да се кандидира на претседателските избори во Русија.

Како што пренесуваат светските медиуми, 35–годишната новинарка планира да се кандидира на претседателските избори кои се одржуваат во март 2018 година.

Таа се опиша како кандидат кој одбива status quo, некој кој би внел борбеност во кампањата и би ги предизвикал уморните стари кандидати од другите партии, кои постојат веќе со години.

Таа на своите потенцијални гласачи им порача да ја изберат неа доколку сакаат нешто да направат, ако им е доста од сè, а немаат свој кандидат.

New York Times пренесува и дека таа е ќерка на поранешен градоначалник на Санкт Петербург, Анатолија Собчак, кој бил ментор на Путин со години и кој починал во 2000- та година.

Меѓутоа, New York Times наведува дека кандидатурата на Собчак ќе биде дополнителен удар за и онака слабата опозиција, со потсетување дека главниот руски опозоционер Алексеј Навални нема право да се кандидира бидејќи тоа му го забрани судот, поради постапка која се води против него.

Најчитани

Твитови