Телефонот ви кочи и ве нервира? Еве како да го забрзате вашиот андроид

Познато е дека со текот на времето на користење мобилните телефони, таблетите или паметните телефони кои имаат андроид оперативен систен стануваат многу спори, а со тоа и не толку корисни. Забавеното извршување на функциите предизвикува нервоза кај корисниците, па тие многу често се во потрага по информации кои ќе ги решат проблемите и со тоа ќе ги забрзаат нивните андроиди уреди.  Токму такви информации кои ќе го забрзаат функционирањето на вашите андроиди можете да добиете во продолжение на статијата.  Прочитајте ги корисните совети, применете ги и имајте брз и стабилен андроид уред. 

За забрзување на поголемиот број андроиди одговара следниов начин: вклучете ја опцијата „Developer Options‟, одберете го полето „Settings‟, па потоа „About Phone/Tablet‟ и во него одберете го „Build Number‟ и почекајте додека не се појави известување дека „Developer Options‟ е вклучен.

Подесување на анимациите
Анимациите кои се многу привлечни ја успоруваат работата на андроидот. И вие можете нив да ги „успорите‟ или потполно да ги избришете. Оваа е постапката: Отворете го „Developer Options‟, потоа пронајдете ги „Window Animation Scale‟, „Transition Animation Scale‟ и „Animator duration scale‟. За секоја од овие опции може да се подесат анимациите на скала од 0,5x до 1,0x или сосема да се исклучат. Оваа постапка треба да овозможи побрзо појавување на менијата на екранот. 

Исчистете го кешот
Оваа постапка е особено важно да се спроведи кога е потребно за кратко време да се вчитаат страници кои веќе сте ги посетиле, но кешот може да биде незгоден и да ве кочи во тоа затоа што веќе е наполнет. Без разлика кој пребарувач го користите знајте дека кешот можете да го исчистите. Опцијата за чистење на кешот обично се појавува под полето „Settings‟ кај пребарувачот, како и во деловите кои се поврзани со приватноста и историјата на пребарување.

Отстранете ги непотребните апликации и процеси
Андроид уредите имаат вграден систем за управување со енергијата кој не е баш така паметен. Апликациите и процесите остануваат активни и ја оптеретуваат меморијата уште многу долго време откако сте престанале да ги користите. Слободно избришете го кешот и „убијте‟ ги процесите кои долго време не ги користите. Отворете го полето „Settings‟ па потоа „Apps‟ и извршете ја постапката, само внимавајте да не гибате ништо што е поврзано со „Google Play‟ или „Android Services‟.

Избришете ја кеш апликацијата
Ако некои апликации порано добро работеле а сега предизвикуваат проблеми можно е за нив решение да е бришењето на кеш апликацијата. Отворете го полето „Apps‟ па потоа „Settings‟ па апликации и одберете го „Clear Cache‟, само бидете внимателни што бришите. Со постапката ќе се избришат сите податоци за логирање па имајте на ум дека ќе морате повторно да ги внесувате. 

Редовно ажурирајте ги апликациите
Можете рачно да проверите дали апдејтовите се достапни во „Google play‟ со отворање на „My Apps‟ и потоа „Update All‟. Потоа ќе добиете посебно известување ако на апликациите им треба додатна дозвола а ќе можете и да ги прегледате.
Исто така можете уредот да го подесите автоматски да се надоградува штом се поврзи со интерет. Во „Settings‟ во „Google Play‟ одберете „Auto update apps‟. 

Наместо четки ги користи прстите! Дела од кои застанува здивот (фото)

Прекрасните слики се работени во техниката масло на платно, но наместо четка, уметникот ги користел прстите. Сликањето со прсти е уметност која бара посебен талент. Уметникот става ракавици, на прстите нанесува боја, па започнува да „свири” по платното. Токму така, за да се создадат овие слики потребна ви е вештина на пијанист кој наизменично удира со прстите по клавишите на пијаното. Сликите се дело на Ирис Скот која техниката на сликање со прсти ја научила во Тајланд.

Откако ја совладала, Ирис одлучила дека нема повторно да ѝ се врати на четката, бидејќи сликањето со прсти е многу забавно и полесно од сликањето со четка.

Актуелно: Денес, нова авионска несреќа го потресе светот!

Еден мал авион, во кој биле пилотот и двајца патници, се урна на плажа на Тенерифе, на Канарските Острови, откако пилотот претходно и соопштил на контролата на летање дека има технички проблеми.

Во инцидентот, патниците- една жена и 14 годишно девојче- само се полесно повредени, додека пилотот се здобил со потешки повреди, но не се наоѓа во животна опасност.

Во моментот на падот на авионот, на плажата „Лас Тераситас“ имало голем број туристи кои се сончале, но сепак, никој не бил повреден.

Кога виделе дека малиот авион се насочува кон плажата, во обид да се спушти на песокот, сите почнале да бегаат и да бараат засолниште.

Локалниот весник „Ла Гвардија“ пишува дека авионот полетал од Тенерифе кон Мароко, но набргу пилотот побарал дозвола за принудно атерирање и почнал да бара плажа на која ќе се приземји.

При атерирањето малиот авион се превртел и се распаднал, а гориво и ситни делови од авинот се распрснале по плажата, но неговите остатоци не се запалиле, а трите лица биле безбедно извлечени од малечкото летало.

– Вистинско чудо е што никој на плажата не настрада, а што тројцата од авионот се живи, изјави за локалните медиуми градоначалникот на местото Санта Круз, Хозе Мануел Бермудес.

Според него, или пилотот бил мошне добро обучен, или пак сите тројца имале голема среќа

Популарно

Твитови