Најуспешни ВИП личности за 2016 според Еxclusive.mk (ФОТО)

Годината во тек наскоро ќе ја испратиме и со желби за просперитет  и среќна иднина ќе ја дочекаме новата. Како по некое непишано правило и годинава тимот на најдобриот македонски портал Exclusive.mk, кој за помалку една година во етер е во топ 7 најчитани портали, направи топ избор на најуспешни ВИП личности од македонската естрада. Редоследот не е важен, категоријата е битна и делот дека се од оваа наша листа.

1.НАЈВЛИЈАТЕЛНА ЛИЧНОСТ – Ина Многуфина.

Голема маса на луѓе секојдневно ја следат токму нејзе, Ина Многуфина. Секој нејзин твит – статус наидува на голем број на лајкови како потврда за тоа дека е токму така. Но се соочуваше и со критики, но големите луѓе знаат да го прифатат тоа на најдобар и најбезболен начин. Во оваа година Ина помогна и во многу хумани цели. Секоја чест. Па со право оваа номинација НАЈВЛИЈАТЕЛНА ЛИЧНОСТ ние и ја доделуваме на Ина Многуфина.

2.НАЈДОБАР ЕСТРАДЕН ТВ МАГАЗИН – Backstage

Приказните од секојдневието знаат да ги прикажат на посебен и уникатен начин својствен само за нив. Тимот на Backstage континуирано расте како и се поголемиот број на нивна публика. И во ова политички нестабилно време останаа тие што се, квалитетни, професионални и препознатливи. Зборовите не се никогаш доволни, успесите сами по себе зборуваат. Номинацијата НАЈДОБАР ЕСТРАДЕН ТВ МАГАЗИН затоа ја доделивме токму на нив- Backstage.

3.НАЈЗАБАВНА И НАЈУНИКАТНА ТВ ВОДИТЕЛКА – Ивана Наскова

За помалку од една година на тв екраните создаде вистински бум на несекојдневно и необично тв шоу „На шанк“. Никогаш не глуми дека е нешто што не е, а секоја емисија е исполнета со интересни гости и разговорот што го води со нив е спонтан што дава дополнителен оригинален блесок на македонско тв шоу. Нескромно и со право, номинациајта НАЈЗАБАВНА И НАЈУНИКАТНА ТВ ВОДИТЕЛКА и ја доделуваме токму на нејзе, Ивана Наскова.

4.НАЈУСПЕШНА ЉУБОВНА ДВОЈКА – Деспина Царева и Филип Гачевски

Покрај огромната љубов која владе помеѓу нив тие и понатаму останаа професионалци во својата професија. Деспина е дипломиран правник, тв водителка и модел, а Гачевски најуспешен голман во Ф.К. „Вардар’’, но игра и за Македонската репрезентација. Љубовта им е како од бајките, а професионалните ангажмани секогаш најголем квалитет пред конкуренцијата. Номинацијата, НАЈУСПЕШЕА ЉУБОВНА ДВОЈКА им ја доделуваме токму на нив сооглед на рекордната гледаност на интервјуто кое ние го направивме со нив и тоа дека крадат погледи каде и да се појават. Дали овој пар ќе се пресели во Верона, останува времето да покаже.

5. ПИСАТЕЛКА СО НАЈГОЛЕМ И НАЈВЛИЈАТЕЛЕН УСПЕХ – Ксенија Николова

„Макар уште еднаш“ е насловот на делото на Ксенија кое направи вистински бум помеѓу македонските читатели. Покрај успешноста во оваа сфера исто така е препознатлива и нејзиниот потпис стои зад многу македонски музички теми. Самото име и презиме Ксенија Николова е асоцијација на убав пишан збор, квалитет и препознатлив стил. Не се мислевме за кому да припадне номинацијта ПИСАТЕЛКА СО НАЈГОЛЕМ И НАЈВЛИЈАТЕЛЕН УСПЕХ, па со право и ја доделивме токму нејзе, Ксенија Николова.

Стартуваше полагањето на државна матура

Со испитот по мајчин јазик и литература, 16. 466 ученици го  започна полагањето на државна матура во средните училишта низ Македонија. Татјана Стојанова – Дуева директорка во средното  училиште „Јосип Броз Тито“ вели дека сите правила и прописи за полагањето на државната матура се запазени, но дека  не се согласува со реакцијата на дел од матурантите кои што велат дека се против  полагање државна матура.

„Јас не би се согласила со фактот дека учениците реагираат на самиот чин на испитот на државна матура, зошто повеќе години се спроведува Учениците имаа подолг временски период да се подготват за овој испит, не гледам причина да постои стрес и ги разбирам, бидејќи се сепакученици и тоа е испит на зрелост. Мора да се охрабрат и да го поминат“ - вели Татјана Стојанова Дуева  - директорката на гимназијата "Јосип Броз Тито"- Скопје.

Средношколците со поделени мислења, за едни  државната матура е модел со кој се оценува  квалитетот и вложениот труд, додека  други сметаат дека матурата треба да се укине затоа што е систем со кои не може да се процени вистинското стекнато знаење.

Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование во земјава е усвоена со решение на поранешниот министер за образование и наука, Азис Положани.

Веќе 8 години како матурантите во Македонија полагаат државна матура. Истата во два наврати претрпе низа промени и надополнувања. Во повеќе случаи низ текот на изминатите неколку години. Учениците протестираа против одлуката на Министерството за образование и наука да се полага државна матура. Вкупно 17 800 матуранти полагаа пробна матура во 2008 година.

Покрај државната матура,  воведено е  и екстерното тестирање, реформа воведена пред 6 години која ја следат низа контроверзии. Од МОФ велат дека по итно треба да се прекине екстерното  тестирање. Над дваесет и пет илјади граѓани ја поддржаа нивната петицијата со која од надлежните институции  бараа  екстерно тестирање да се прогласи за пробно.

„Во екстерното тестирање вистински не е поставено кои се параметрите и која е целта, односно не се мери квалитетот на образованието, наставните програми и какво влијание има врз учесниците.“ - вели Теодора Столевска – Младински образовен форум.

СДСМ поднесе иницијатива до парламентот за укинување на екстерното тестирање по скратена постапка. Но, неизвесно е тоа дали ќе се случи, бидејќи се уште  не е формирана влада. Пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев вели дека е неизвесно дали оваа година ќе се укине екстерното и поради тоа апелираше до партиите од мнозинството да се донесат потребните измени.

„Поради суштината на екстерното, голо меморирање на факти, кое учениците понатаму не можат никако да го искористат, сметаме дека веднаш треба да се укине овој концепт. Ние поднесовме брање да се укине ектерното во Собранието по скратена постапка, но за да се успее да се стигне до петти јуни, односно до првиот ден на полагање на тестирањето, мора да добиеме поддршка од сите политички субјекти.“ - вели Стефан Богоев, СДСМ

Неодамна министерот за образование и наука Пиштар Љутфиу ја потврди информацијата дека сепак ќе има екстерно тестирање на крајот од оваа учебна година, бидејќи, како што вели, законите не може да се менуваат преку ноќ а учениците да започнат со подготовки за полагање. 

За да се укине екстерното тестирање треба да се сменат законите за основно и средно образование како и Законот за наставници. Владата треба да донесе нови измени и да му ги предложи на Собранието. Откако Собранието ќе ги усвои измените, новите законски решенија треба да бидат објавени во Службен весник за да стапат во сила. 

Психолозите: Зошто мажите сакаат анален секс?

Ретко кој маж не сонува за анален секс со својата партнерка, а откриваме и зошто.

Во мислите на повеќето мажи, аналниот секс е најслаткиот можен зачин за сексуалниот живот, велат психолозите. Всушност, тие во еден научен истражувачки труд се позанимавале со прашањето зошто мажите толку многу сакаат анален секс, и резултатите се пет главни причини.

1. Аналниот секс е сосема поинакво искуство од вагиналниот секс, а љубопитството си го прави своето. 

2. Аналниот секс е новиот егзотичен начин да го зачините сексуалниот живот. Нема да ви дојде до анален секс кога тој би бил највообичаената работа која ја практикуваат сите двојки во светот, на редовна база. Но токму поради тоа што аналиниот секс не е на менито, кога еднаш ќе се појави како специјална понуда мажите го посакуваат токму тоа. 

3. Иако не е нешто чудно, аналниот секс се уште е табу. Не е толку шокантен како порано, но уште е табу тема поради тоа што е невообичаен. А поради тоа што делува и малку "непослушно" веднаш им станува попривлечен на мажоите.

4. Не секој го има искусено ова искуство, слично како искачувањето на Монт Еверест. - Ок, дефинитивно повеќе луѓе имале анален секс отколку што се искачиле на највисоката планина, но сфаќате што мислиме. Аналниот секс е нешто посебно, поинакво искуство. 

5. Со оглед на тоа што, како што веќе кажавме, аналниот секс е ретка појава во сексуалните односи, мажите понекогаш сакаат да го пробаат токму поради тоа.

Интересно е тоа што мажите не ги привлекува толку многу самата помисла на анален секс, колку идејата дека ќе можат искрено да се пофалат дека и тие (барем еднаш) го пробале.

Раиола се огласи и го посочи вистинскиот виновник за недоразбирањата меѓу Донарума и Милан

Џанлуиџи Донарума иако е само тинејџер веќе ужива голема почит во светот на фудбалот, па Милан со сите сили се обидува да го задржи својот бисер на „Сан Сиро“.

Меѓутоа засега работите не одат како што треба и младиот голман се уште ја нема продолжено соработака со „росонерите“, па се појавија одредени информации оти тој ќе биде седнат на клупата на резерви наредната сезона ако летово не стави потпис на нов договор.

Овие вести допреа до агентот на Џиџи контраверзниот Мино Раиола кој го обвини медиумите оти сакаат да направат војна меѓу неговиот клиент и клубот.

-Никој не рекол дека Џиџи не сака да го обнови договорот со Милан. Не верувам дека директорите на клубот го кажале тоа, мислам дека се обидуваат да направат војна меѓу мене и Милан. По обврските со репрезентацијата Џиџи ќе замине на одмор и ќе видиме што ќе се случи.Преговараме со Милан, ќе видиме. Ќе процениме некој работи и другите тоа ќе го направат. Не носам никој како слободен агент, -рече Раиола.

Договорот на Донарума со гигантот од Милано му истекува наредната година.

Најчитани

Твитови