Зошто Лапонија е земјата на Дедо Мраз (ГАЛЕРИЈА)

Подрачјето на поларниот круг се протега дури на териториите на четири држави…Сето тоа кај нас е познато како Лапонија- матичното место на Дедо Мраз, ирвасите, глечерите и номадските племиња Сами. Иако не е држава, зазема простор кој го сочинуваат 4 држави, односно, се наоѓа на северниот дел на Финска. Просторот има свои јазик, култура, обичаи и традиции, но нема државни граници. Во оваа „недојдија“, за која „обичните смртници“ гледаат така скептично, мирно живее номадскиот народ Сами ( лапонски- човек).  Иако се помал е бројот на Лапонците кои се држат до традиционалното,  сепак тие не го напуштаат ова, за нив најубаво место на светот- кое нуди повеќе атракции. Ако би сакале да видите поларна светлина, тогаш ова место е вистинската прилика. Аурора Бореалис е феноменот кој може да го гледате во текот на целата година на темно небо Во Шведскиот дел се наоѓа најголемото игло во светот, а интересна можност за Ваша венчавка би била и ледената црква во близина. Во овој дел може да уживаат и љубителите на крос-кантри скијањето, сноумобилите или брзите санки влечени од Хаски. Оваа студена убавица не е само синоним на белата површина и најпознатиот световен лик – Дедо Мраз. Ова место е со голем туристички потенцијал.

Снегот,поларната светлина и сиот раскош на убавата природа е една од главните причини зошто токму ова парче земја е родниот крај на Дедо Мраз.

Брачните терапевти тврдат: Разводот не е неуспех, туку доказ дека бракот бил успешен!

Бракот и понатаму може да се смета за успешен дури и ако заврши со развод, велат психотерапевтите. Брачните советници тврдат дека бракот е дизајниран со цел луѓето да можат да "растат" - и понекогаш ја "прераснуваат" таа врска.

Важно е да се прифатат промените во бракот, а не да се стравува од нив.

Хал Рункел, брачен терапевт од Атланта вели дека "бракот има една цел", а тоа е луѓето да постигнат личен раст во него. Во својата пракса тој вели дека никогаш не ги предомислувал партнерите ако тие одлучиле да се разведат, а според него, разводот не претставува неуспех.

"Бракот е совршено дизајниран за да ни помогне да пораснеме. Тој создава предизвици, ја открива нашата себичност и незрелост. А тоа е добра работа. Тој постојано бара од вас психички да растете и да се развивате, а тоа понекогаш значи и разделба од вашиот партнер", вели Рункел.

Њујоршкиот психолог Лаура Маркам се сложува со Рункел и додава:

"Да бидете способни да ги прифатите околностите и искуствата во животот како прилика за развој, а не како нешто што ќе ве направи среќни или несреќни е клучот за задоволство во врската".

Причини зошто Ви доцни менструалниот циклус а не е во прашање бременост!

Доколку менструалниот циклус Ви доцни не мора да значи дека станува збор за хормони, бременост или прерана менопауза. Обрнете внимание дали го запоставувате Вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика нарушен месечен циклус.

Некои од причините можат да бидат стресот, патувањата кои се шок за организмот и премалку сон. 

Стрес

Стресот може да се предизвика од трауматични настани како смрт или болест на блиска личност, раскинување, преселување или губење на работно место. Сите ситуации кои нагло се случуваат во Вашиот живот значително го зголемуваат нивото на стрес.

Имено, стресот влијае на делот на мозокот под името хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, помеѓу сè и менструалниот циклус, кој може да биде нередовен, а крварењата да се обилни или многу слаби.

Патување

Патувањата посебно оние подолгите можат да бидат голем шок за телото. Несоницата, нервозата и уморот се само некои од симптомите за нередовна менструација поради различните временски зони.

Таквите промени влијаат на циклусот, кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата би требало да се нормализира после два до три циклуси.

Малку сон

Одмор не е седење пред ТВ, туку мора да се наспиете. Малку сон може да предизвика бројни негативни промени во организмот како пад на имунитетот, нервоза, умор и омалаксаност, но и пореметување кај менструалниот циклус.

Докажано е дека на човекот му се потребни 7 до 9 часа сон и поради тоа е потребно да се променат дневните рутини и да му овозможите на телото доволно време да се одмори.

Ангелика Кенова вистинска жива Барбика: Изгледа како кукла и живее под „стаклено ѕвоно“! (ФОТО)

На сите ни е познато дека девојките од Русија се исклучително убави и дека имаат многу додворувачи, но приказната на Ангелика Кенова е нешто што не го гледаме секој ден.

Таа никогаш не излегува сама од дома, бидејќи постојано со неа има телохранители. Имено, медиумите веќе пишуваа за тоа дека Ангелика е многу убава, па родителите ја штитат од момчињата.

Ангелика изгледа како човечка Барбика, а изгледа дека тоа предизвикува големо внимание. Таа истакнува дека нејзините родители постојано ја гледале како вистинска принцеза и дека не ја пуштале да излегува сама.

Не излегувала со момчиња, како другите девојки, не води нормален живот, бидејќи изгледа како кукла.

"Додека бев девојче, родителите ме претвораа во Барбика и ми беше драго што луѓето така ме доживуваа, бидејќи таа е идол на девојките ширум светот", рекла таа.

Напоменува дека немала пластични операции и дека сѐ што е на неа е природно. Меѓутоа, многумина не веруваат во нејзината приказна.

Додава и дека родителите ја тераат редовно да вежба, па признала дека сака да го напушти својот живот кој сега е под "стаклено ѕвоно" и да почне да живее како сите други нормални девојки.

Најчитани

Твитови