Радовишанец: Чекајќи ноќна 2ка, на Нова година, си фати девојка!

Додека најголемиот број на луѓе на последниот ден од старата година се собираат на различни прослави за дочек на Нова година, момче (24) од Радовиш имал многу поразличен момент. После лудата и весела ноќ, накај два часот по полноќ на Нова година стоел на една од постојките на „Партизанска“ за да си замине дома со ноќна двојка. Ладното време не го поколебало да фати такси, напротив останал да стои речиси еден час.

„Бевме собрани кај еден другар во стан, домашна атмосфера за Нова година. Како да знаев, нешто од внатре ме тераше, да не останам кај него да преспијам. Накај два часот по полноќ излегов и се упатив накај постојка да фатам автобус. Додека пушев цигара, а прстите ми беа премрзнати ми пристапи една девојка и ме праша колку долго чекам автобус. Кратко, и одговорив. Сакаше да запали цигара, но немаше запалка. И помогнав и започнавме некој клише муабет.  За среќа, и таа чекаше ноќна двојка. Не ни претпоставував дека ќе се запознаеме. Автобусот од нигде не се појавуваше, па одлучивме да заминеме во еден од локалните кафулиња, поради студот. Цела ноќ теравме лабаво, а следниот ден пиевме кафе. Се одеше како на филм. Денес е моја девојка, а јас нејзин избраник“, раскажува среќното момче.

Инаку, поради скромноста, момчето сакало да остане анонимно, соопштува лицето кое ја сподели информацијата.

Допис од: Р.У.

Превземање на оваа содржина, во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Тешка сообраќајка во прилепско, патот затворен за сообраќај

Попладнево од 17.50 часот сообраќајот на патниот правец Градско - Прилеп на месноста викана „Фариш“ е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.

Прекинот на сообраќајот на овој патен правец е поради случена сообраќајна незгода.

Полицијата е на местото и врши увид.

Засега нема подетални информации за сообраќајката, се очекуваат во наредниот час.

Се будите во 3 часот - еве што се обидува вашето тело да ви каже

Телото е неверојатен механизам. Во него за време на спиење се случуваат бројни хемиски реакции и промени кои многумина се поврзани со работите кои ги работиме во текот на денот.

Ако навечер се будуите во исто време или пак не можете да заспиете , ова е вистинската причина за состојбата на вашето тело.

Ако се будите меѓу 23:00 и 01:00 часот 

Ова време е поврзно со жолчниот канал. Овој орган ги разградува маснотиите кои сте ги внесле во организмот во текот на денот.  Будењето во ова време значи дека јадете претшка и премасна храна и дека е време да го промените начинот на исхраната. 

Исто така будењето  во ова време може да значи и дека во себе задржувате негативни емоции проследено со гнев кон себе или кон други. Вашите или туѓите грешки ве држи будни.

Ако се будите меѓу 01:00 и 03:00 часот 

Во ова време телото го  освежува црниот дроб кој е чистач на нашиот организам.

Будењето во оваа доба може да значи дека на вас црниот дроб ви е преоптеретен и поради тоа работи засилено. Телото вас ве предупредува да ја промените исхраната и да намалите со алкохолот. 

Исто така будењето во ова време поврзано е и со негативни емоции како што е лутината, гневот и вина поради што тешко можете да се опуштите. 

Ако се будите межу 03:00 и 05:00 часот 

Во оваа доба од денот е поврзано со белите дробови кои содржат кислород кои телото го одготвуваат за нов ден. Во тоа време белите дробови се чистат. Ако се будите меѓу три и пет во ноќт, тоа може да биде знак дека вашите бели дробови се преоптеретени со загаден воздух или цигара, но и од тешка храна. 

Исто така будењето во ова време  е поврзано со чуството на тага  и жалење кое можеби ви се случило нешто негативно или депресивно кое не сте успеале во целост да го решите или прифатите. 

Ако се будите меѓу 05:00 и 07:00 часот

Ова време е поврзано со дебелото црево кое тогаш се чисти и обновува. Овој процес е многу важен за целиот организам, а будењето во ова време може да значи дека телото е дехидрирано и дека му недостасува вода. 

Кога станува збор за емоциите , будењето во 5 и 7 наутро е поврзано нетрпеливоста, празнината и несигурноста. Исто така, тоа може да значи дека во животот ви недостасува  промена. 

Швалерски хороскоп: Овие три знаци ќе ве изневерат без око да им трепне!

Секако дека и меѓу припадниците на овие хороскопски знаци има и верни, но тие се исклучоци што само го потврдуваат правилото дека овие три знаци се најголемите прељубници во Зодијакот.

Близнаци

Тие не планираат неверство, но со задоволство изневеруваат. Ако се посомневаат во верноста на саканата личност, простуваат, бидејќи ни самите не се нешто подобри. На мажите Близнаци,неверството едноставно им се случува, а доколку се случи нивната партнерка да дознае за тоа, ја убедуваат дека не е онака како што изгледа. Близнаците не се злопамтила, живеат во сегашноста, а нивната девиза е „земи се’ што ти пружа животот“.

Стрелец

Неверен по природа, дури и кога се обидува да биде верен, едноставно му доаѓаат такви ситуации и тој не може да му одолее на љубовниот предизвик. Затоа обично има барем неколку значајни врски или бракови, а ако остане во еден брак, не е верен, освен ако не се ожени во 40-тите. За разлика од жената Стрелец, која повеќе сака сурова вистина отколку најслатка лага (и затоа не ја плаши неверството), мажот роден во овој знак неверството на партнерката знае да го прости, бидејќи е свесен дека на некој начин и го заслужил.

Водолија

Водолијата сака да им држи лекции на другите, особено од морален тип, но и сама ги крши, бидејќи кому ќе му овозможи задоволство, ако не себеси?! На мажот Водолија му импонира да го бие глас на заводник во друштвото, но не забележува дека тоаи’ пречи на партнерката. Иако е неверен, мажот Водолија инсистира на фер-игра, па затоа тешко простува, бидејќи не може да поверува дека за неговата партнерка постои некој друг кој е поинтересен од него. Бидејќи од себе ги одбива сите што му се верни, мажот Водолија обично завршува покрај жена што ќе му биде се’ друго, само не и – верна.

Најчитани

Твитови