Кој е најгледан филм за 2016 година?

Филмот „Captain America: Civil War“ е најгледаното остварување во 2016 година, во кино салите ширум светот. Овој филм од Марвел, направи заработка од над една милијарда долари.

Над милијарди долари заработка имаат и анимираните „Looking for Dory“ и „Zootopia“. Дека децата биле најчести посетители во кино салите ширум светот кажува и податокот дека во топ пет најгледани филмови се наоѓаат и „The Jungle book“ и „The Secret Life of Pets“. Играниот филм на Disney оствари профит од 966 милиони долари, додека пак „The Secret Life of Pets“ заработи 875 милиони долари. 

Покрај „Captain America: Civil War“ на листата за филмови со најголема заработка се и „Batman v Superman“ (873 милиони долари), „Deadpool“ (783 милиони долари), „Suicide Squad“ (745 милиони долари) и „Doctor Strange“ (656 милиони долари). Интересен е фактот дека два од овие филмови, односно „Batman v Superman“ и „Suicide Squad“ се најдоа на листата за најлоши филмови, според филмските критичари.

 

Според листата на најгледани филмови изминатата година, најуспешно студио било студиото на Disney, чии филмови заработиле над седум милијарди долари. Ова е прв пат во историјата, едно филмско студио да оствари толку голема заработка.

Матурантките се „тепаат“ која да е посекси и поразголена, апсолвентките не се замараат!

Животот е полн со предизвици на секое поле, но секој предизвик носи и свои успеси или пак неуспеси. Заклучно, секој период од животот е карактеристичен сам за себе.

Наголемо периодов се прославуваат апсолвентските и матурските вечери, кој за каде е , но дали и така секој се чувствува. Се поголем е трендот да се следат познатите личности особено кога се работи за фризура, шминка и тоалета на матурска или апсолвентска вечер.

Апсолвентките како и да не посветуваат многу внимание на тој чин. Некои знаат да речат дека тоа е само формално, дипломирањето е многу повеќе. За разлика од нив матурантките борба водат меѓу себе која да биде посекси, поразголена и подоминантна од останатите. Годиниве, некои матурантки бараат фустан и надвор од Македонија, не за да се бидат единствени, туку со денови и недели да раскажуваат дека од Солун биле по тоалета, колку пати го купиле.

Со месеци однапред резервираат термини каде да одат на фризер и козметичар, а не размислувајќи дека не постигнале никаков знаечен животен резултат. Но покрај матурантките, нивните родители се уште по загреани. Од каде да се купи подарок за партнерот, колкав простор да се изнајми за матурската прослава и уште што ли не.

Сума сумарум, и матурантки и апсолвентки како припаднички на понежниот пол се расфрлаат по облека, шминка и фризура, не работеле тие за парите нели?

Сепак, матурантите и апсолвентите се поскромни, чевли, панталони, кошула и сако и тоа е тоа. До душа не можеш да направиш разлика меѓу машките кој е апсолвент, а кој матурант, но важо тие убаво си поминале.

Заклучокот едноставен, матурантките се „тепаат“ која да е посекси и поразголена, апсолвентките не се замараат!

Превземање на содржините од порталот Exclusive.mk во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Мелита во чекор со технологијата: На Инстаграм се пофали со новиот телефон (фото)

Мелита Ракичевиќ како и секогаш, па така и сега, во чекор со модата и технологијата. Таа го има најновиот Самсунг. Дали сама си го купи или сепак е подарок, наскоро дознаваме.

Си ја предвиде смртта: Пораката која ја остави ќе ве остави без здив! (фото)

БиХ синоќа ја потресе веста за сообраќајната несреќа кај Градачац во која загинаа Ајша Курбашиќ и нејзината ќерка Ирмела.

Ајша како да ја претчувствувала несреќата што ја засилува тагата поради нејзината трагична смрт. Имено, таа на Фејсбук остави порака само неколку дена пред фаталниот судар. Се прости, иако тогаш сосема сигурно не знаела каква судбина ја чека.

„Еднаш кога ќе умрам...Немојте да се натпреварувате кој повеќе ќе ме сака....И немојте да ги говорите оние тажни зборови...Дека би сакала да сум тука, барем уште еднаш да ме видите...Човек се сака додека е жив. Кога ќе умре, не му треба љубов, ниту било кој збор, напиша таа.

Да потсетиме, несреќата се случи на релација Орманциа - Градачац во местото Вучковци. Во возилото се наоѓале шест лица, а тргнале на прослава на матурата на Ирмела.

Најчитани

Твитови