Од Вардар извлечен женски труп, идентитетот непознат

Вчера околу 12.55 часот во водите на реката Вардар забележано било човечко тело кое застанало во грмушки на десниот брег од реката.

Од страна на екипа на Противпожарната заштита, телото е извадено од водите на реката Вардар, а екипа од Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирале смрт.

Се работи за женско лице на возраст од 60 до 70 години. На телото немало забележливи физички повреди, а не биле пронајдени ниту лични документи во облеката. 

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено во институтот за судска медицина за обдукција.

8 ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2017: Еве кои денови ќе бидат неработни во 2017!

Според законот на РМ за празнување и слободни денови до сега ги искористивме новогодишните слободни денови односно првиот продолжен викенд. Споени 31 декември, 1 јануари и 2 јануари кој беше неработен бидејки 1 јануари се падна во недела..

Следува втор продолжен викенд  за припадниците на Православната вера:Неработни Божиќен викенд  6 јануари Петок, 7 Сабота , 8 Недела

Следниот продолжен викенд за Православните е за време Велигден: Се спојуваат 4 денови:14, 15, 16 и 17 Април

Следува 4 продолжен викенд  со празнување на 1 мај Во Понеделник.Значи споени 29 април, 30, Април и 1Мај

Продолжен викенд има и во Август, Септември,Октомви и Декември 

Еве ја целата листа на Слободни денови:

1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден

7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар продолжен викенд петок

1 Мај (понеделник), Ден на Трудот продолжжен викенд 

24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам

2 Август (среда), Ден на Републиката

8 Септември (петок), Ден на независноста Продолжен викенд 

11 Октомври (среда), Ден на народното востание

23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба Продолжен викенд 

8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски” Продолжен викенд 

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

 

За граѓаните од православна вероисповед

 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик

19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици) Ако го споите со 20 ете ви 4 дена слободни

14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден

28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) Продолжен викенд 

За граѓаните од католичка вероисповед

 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

1 Ноември (среда), Празникот на сите светци

25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

 2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

 22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

 27 Јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

 8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

 23 Мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

 28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

 21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

ЗАПИСНИКОТ ВО СУД ВЕЛИ ДЕКА ЗАЕВ ЛАЖЕЛ

Италијанската амбасада во писмо до „Дневник“ објасни дека нивен официјален претставник не се сретнал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денот кога требаше да се одржи главната расправа за „Поткуп“ – 20 декември. Средбата била со т.н. конзуларен кореспондент од Струмица, Стојан Витанов, кој, според амбасадата, ниту е вработен во неа пак е платен за функцијата што ја извршува, што значи не бил нејзин претставник на состанокот со Заев.
Сепак, Заев успеа да добие одложување на закажаното рочиште оправдувајќи се токму со овој состанок, првично најавувајќи го како состанок со амбасадорот, кој подоцна стана конзул, а всушност се работи за конзуларен кореспондент – за кого италијанската амбасада вели оти не настапува во нејзино име.

Kако и да е, Заев успеа да го убеди судот да го одложи рочиштето за „Поткуп“ со тоа што неговата партија достави писмено известување дека навистина се одржал состанок во терминот кога било закажано рочиштето, со нагласување дека на средбата бил присутен конзулот на амбасадата.

Дали италијанската амбасада реагирала до Заев и СДСМ поради тоа што неосновано е искористена како еден вид оправдување за опозицискиот лидер да го одложи рочиштето? Доколку не реагирала, има ли намера? Овие прашања вчера ги испративме до амбасадата, но до затворањето на весникот одговор не стигна.

Во врска со ова што ќе преземе Kривичниот суд во Скопје? Дали сега има основа за санкционирање на Заев поради тоа што известил дека бил на средба со конзулот на амбасадата, кој всушност не е конзул? Од одговорот на судот за „Дневник“ е очигледно дека санкција нема да следува, а според нив, не постои ниту строга законска одредба со која се предвидува казна во ваков случај.

– Во однос на вашето прашање, ве информираме дека судот секако во иднина ќе има во предвид и со должно внимание ќе ги цени причините за оправданоста или неоправданоста на одлагањето на судењето од страна на обвинетите во текот на постапката, а законска обврска на странките во постапките е да го почитуваат судот кој постапува и само на тој начин ќе докажат дека ги почитуваат и се одговорни пред законите на Р. Македонија – велат од Основен суд Скопје 1.

Од таму уште еднаш потврдија дека во записникот од 20 декември стои дека Заев побарал одложување поради средба со италијанскиот амбасадор Kарло Ромео.

Kога станува збор, пак, за конзуларната функција во италијанската амбасада, како што објаснија од таму за „Дневник“, таа формално не постои.

– Во персоналот на амбасадата на Италија во Скопје, всушност, не постои функцијата конзул. Со амбасадата соработуваат на доброволна основа и без финансиски надоместок двајца конзуларни кореспонденти, што е предвидено од страна на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. Тоа се Стојан Витанов во Струмица и Зоран Ристевски во Битола. Тие не се вработени, ниту се репрезенти на амбасадата. Немаат никаква моќ, дури и оние (ограничени) што се припишуваат на конзулите или на заменик-почесните конзули. Според нашите информации, г. Витанов се сретнал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 20 декември минатата година – објаснуваат од амбасадата.

ВМРО-ДПМНЕ: Судот да не дозволи одложување на следното рочиште

Во врска со ова вчера реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вистината на крајот покажа дека Зоран Заев неоправдано го одложувал своето појавување во судот затоа што наводно имал некаква средба со извесен Стојан Витанов, лице што не е вработено во италијанската амбасада.

Од партијата апелираат судот да не дозволи следно неосновано одложување на рочиштето за „Поткуп“. Судовите не смеат да подлегнуваат под притисоците за реизбор на судии и треба да ги санкционираат сите лаги. Недозволиво е следното рочиште аболираниот Заев да бара да го одложи поради наводна средба со помошникот на водоинсталатерот во некоја од амбасадите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Инфомакс.мк

Популарно

Твитови