Со едноставен трик наполни го телефоните за неколку секунди

Истражувачите откриле нов начин за создавање на суперкондензатори – технологија што ќе ги замени батериите во телефоните и ќе ги полни за само неколк  секунди.

Суперкондензаторите наеднаш ослободуваат големо количество енергија и имаат огромен потенцијал кога се работи за напојување на нашата технологија. Проблемот е што не можат да складираат толку енергија како батериите, но со новата технологија на производство, тоа би можело наскоро да се промени.

„Ако батериите се заменат со суперкондензатори, мобилните телефони би се полнеле за само неколку секунди и не би имало потреба повторно да се полнат со недели“- вели Нитин Чудхари, член на истражувачкиот тим од Универзитетот на Централна Флорида.

Засега, суперкондензатор што ќе може да складира енергија колку и литиум-јонските батериите би требало да биде преголем за да може да го собере во стандарден телефон.

Со новата техника на прикачување на дводимензионални нано материјали, истражувачите направиле суперкондензатор кој е многу помал, лесен и флексибилен и со голема моќ на складирање.

Ова не се први обиди на истражувачите да ги искористат нано материјалите за подобрување на суперкондензаторите, но, во минатото имаа проблем да ги спојат овие материјали.

Сегашните литиум-јонски батерии генерално може да се полнат нешто помалу од 1.500 пати, пред да почнат да се разградуваат, додека новите суперкондензатори повеќе од 30.000 пати пред да почнат да се разградуваат.

Истражувачите од Универзитетот во Централна Флорида успеале со помош на едноставна хемиска синтеза да интегрираат суперкондензатор со дводимензионални материјали. Новиот суперкондензаторот е составен од милиони жички со нано-димензии, обложени со обвивка од дводимензионален материјал.

Ако се замисли како обложена жица, јадрото овозможува супер брзо полнење и празнење што го прави суперкондензаторот исклучително моќен, додека дводимензионалната обвивка го овозможува складирањето на енергијата.

„За мали уреди, нашиот материјал ги надминува конвенционалните кога се работи за густината на енергијата, моќноста и цикличната стабилност“, вели Чудхари.

Доколку истражувачите успеат да ги направат уште поефикасни, ова би можело да ги револуцонизира и електричните возила. Засега и најефикасните електрични автомобили мора да користат тешки батерии што споро се полнат. Кога овие батерии би се замениле со подеднакво ефикасни суперкондензатори, тие би можеле да се полнат за неколку секунди и би биле многу полесни.

Новата метода сѐ уште не го достигнала тоа ниво, но истражувачите велат дека има потенцијал за понатамошно усовршување.

Истражувачите сега работат на патетирање на техниката.

Се сеќавате на Бојан Маровиќ? Еве како изгледа денеска (Фото)

Некогашниот миленик на женската публика во целиот регион, денеска има 33 години и изгледа сосема непрепознатливо во споредба со она како сме навикнати да го гледаме. 

Иако тој одреден период беше повлечен од музичката сцена, тој денеска сериозно размислува да и се врати на музиката.

Но, еве како изгледа тој сега

Како до совршени усни? (Видео)

Многу девојки копнеат за совршено нанесен кармин на усните, но обидувајќи се да го создадат тоа совршенство често прават грешки.

Во следново видео ви нудиме неколку трик чекори како да дојдете до совршено нашинкани усни.

Погледнете:

 

Overlining lips by @luisa_simonaa

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Мона Лиза од ново време (Видео)

Дали знаете како ќе изгледаше позната „Мона Лиза“ доколку таа беше насликана денеска?

На ова кратко видео ќе ви го оживееме тој момент, погледнете:

 

How cool is the Mona Lisa 2017? 😱 ⠀ by @liza.kondrevich

A post shared by Howto.Makeup (@howto.makeup) on

Најчитани

Твитови