ЗОШТО и ДАЛИ бракот ја убива желбата за секс?

Познато мислење е дека како поминуваат годините и медениот месец избледува, двојките ја губат навиката за секс, тој станува рутина, дури и обврска која треба да се заврши, а не интимна и возбудлива работа. Дали е тоа затоа што желбата за секс се намалува, а односот помеѓу партнерите преминува во платонски или нашиот биолошки часовник тоа го успорува?
“Љубовта и бракот одат заедно како коњот и кочијата“, ова е стих од познатата песна на Синатра. Но што е со сексот и бракот? Постои ли причина зошто не се римуваат?
Проблемот може да се појави доколку еден од партнерите сака повеќе секс отколку другиот или ако двајцата посакуваат некои промени “во креветот“, а не разговараат за тоа. Една анкета покажала дека поголем дел од луѓето повеќе сакаат брак, отколку слободен живот исполнет со секс. 75% би сакале да се во брак, 18% сакале да се забавуваат, но не и да застанат на лудиот камен, додека само 2% од анкетираните не сакаат ни брак ни забавување.
За жал, испитаниците изјавиле дека квалитетот на сексуалниот живот им опаѓа со годините во брак. 72% од паровите кои се во брак помалку од три години практикувале секс неколку пати неделно, додека истото важи само за 33% од паровите кои се повеќе од десет години во брак.
Шансите дека навистина уживаат во сексот со текот на годините, од 89% се намалуваат на 70%, додека оние кои својот сексуален живот го опишуваат како возбудлив сочинуваат 58%, односно 29%, во зависност од тоа дали се во брак помалку од три години или повеќе од десет години.
Постои и едно непишано правило – оние кои ретко водат љубов имаат и ниско ниво на задоволство во сексот. Тоа може да е резултат на подеднакво намалена желба за секс или ниско либидо кај двајцата партнери.

ОГРОМНА ТРАНСФОРМАЦИЈА- Оваа девојка ја скрати својата долга коса на нула!! МАСАКАР (ВИДЕО)

Промените се дел од нашиот живот и истите носат нешто подобро, или пак во краен случај полошо во истиот.

Оваа девојка има многу долга коса, но се одлучила за неверојатна промена.

Таа собра храброст да се потшиша со машинка на нула. КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА!

Новиот ривал на Путин за претседател на Русија е ЖЕНА? (ФОТО)

Позната телевизиска новинарка Ксенија Собчак, чиј татко бил близок соработник на Владимир Путин, има намера да се кандидира на претседателските избори во Русија.

Како што пренесуваат светските медиуми, 35–годишната новинарка планира да се кандидира на претседателските избори кои се одржуваат во март 2018 година.

Таа се опиша како кандидат кој одбива status quo, некој кој би внел борбеност во кампањата и би ги предизвикал уморните стари кандидати од другите партии, кои постојат веќе со години.

Таа на своите потенцијални гласачи им порача да ја изберат неа доколку сакаат нешто да направат, ако им е доста од сè, а немаат свој кандидат.

New York Times пренесува и дека таа е ќерка на поранешен градоначалник на Санкт Петербург, Анатолија Собчак, кој бил ментор на Путин со години и кој починал во 2000- та година.

Меѓутоа, New York Times наведува дека кандидатурата на Собчак ќе биде дополнителен удар за и онака слабата опозиција, со потсетување дека главниот руски опозоционер Алексеј Навални нема право да се кандидира бидејќи тоа му го забрани судот, поради постапка која се води против него.

Бремената Ана Ивановиќ го покажа стомачето ! (ФОТО)

Синоќа се одржа големото отворање на првиот бутик на Intimissimi vo Њујорк. Познатиот бренд за долна облека собра бројни славни личности на едно место, меѓу кои и Ирина Шајк, Ана Ивановиќ, Сара Џесика Паркер и Дакота Џонсон.

За свечениот настан, бремената тениска ѕвезда избра фустан во боја на бургундец. 29-годишната Србинка, која го очекува првото дете со Бастијан Швајнштајгер, со широка насмевка позираше пред фоторепортерите.

Најчитани

Твитови