Супер Марио го полуде светот, преземањето руши рекорди

Првата голема видео-игра на „Нинтендо“ за паметни телефони веќе ги надмина сите очекувања и се покажа како востински хит. Иако е достапна само четири дена на оперативниот систем „iOS“, играта „Супер Марио ран“ е преземена 40 милион пати што е нов рекорд.

Креаторот на видео играта Шигер Мијамото открива дека е пресреќен бидејќи новиот Супер Марио е достапен за голем број луѓе ширум светот, додавајќи дека очекува бројот на оние кои ќе ја купат играта да расте.

Со оглед на податокот дека само трвите три нивоа се бесплатни, заработката на „Нинтендо“ се уште е тешко да се процени. Бројката од 40 милиони ги претставува сите преземања, но не сите корисници го имаат платено целиот износ за играта која чини 9,99 долари.

Верзијата за Андроид се очекува идната година.

Вака изгледала Светлана Ражнатовиќ на 15 годишна возраст! (ФОТО)

Популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ својата музичка кариера ја започна кога имаше само 15 години. Таа веќе долги години е на сцената и има кариера на која многумина можат да и завидуваат. 

Таа е реализирана на кариерно поле, но таа има изјавено дека сака да учи психологија.

-Сакав да студирам психолигија и бев на одличен пат, бидејќи бев одличен ученик и никогаш немав проблем со училиштето. И верувале или не целиот мој успех и мојата огромна кариера никогаш не им беше доволна на моите родители кои не можат да ми простат што не го продолжив образованието и не завршив факултет.

Погледнете ја Цеца како изгледала кога имала 15 години:

Изберете прашање и дознајте го одговорот со помош на арапско предвидување на иднината

Одберете едно од наведените прашања на кои сакате одговор. Запишете го или запомнете го бројот кој се наоѓа пред прашањето:

120 Дали ќе се омажам/оженам?

185 Дали ќе бидам среќен/на во бракот?

73 Дали ме сака?

201 Дали ми е верен/на?

130 Мисли ли на мене?

161 Дали ќе дојде мојата драга личност?

223 Можам ли да им верувам на пријателите?

402 Дали ќе ми се исполни желбата?

31 Дали ќе успеам во започнатата работа?

141 Дали ќе добијам/имам среќа?

10 Дали ќе добијам на лото?

105 Што ќе биде со мојата свадба?

151 Каков/ва ќе ми биде сопругот/ата?

60 Дали ќе имам деца?

255 Дали болниот ќе оздрави?

312 Дали затвореникот ќе излезе од затвор?

45 Ќе ги победам ли непријателите?

277 Каква среќа ќе имам денес?

21 Каква среќа ќе имам во животот?

242 Дали ќе одам на пат?

171 Дали ќе ги пронајдам украдените работи?

92 Дали ќе живеам во странство?

419 Што значат моите соништа?

Во средината на пентаграмот поставете го прстот и затворете ги очите. Започнете да го движите прстот по цртежот и мислете на одбраното прашање.

Соберете ги заедно бројот на полето и бројот на прашањето кое го одбравте.

202 Ве изневерува.

204 Верен/а ти е.

206 Само кога е до тебе.

208 Повеќе отколку ти.

210 Додека ти е пред очи.

224 Пријателството е цврсто и искрено.

226 Како во мачка.

228 Провери кога си во неволја.

230 Ќе се разочараш.

232 Немаш корист од нивната помош.

242 Ќе идеш и ќе биде корисно.

244 Не патувај, ти се заканува опасност.

246 Ќе одиш, со големо друштво.

248 Патот ќе ти донесе жалост.

250 Не патувај, ќе се покаеш.

256 Нема да оздрави.

258 Ќе оздрави наскоро.

260 Тешко дека ќе преболи.

262 Само голема нега ќе го спаси.

264 Ништо нема да му биде.

278 Денес те чека среќа.

280 Очекувај радосна вест.

282 Внимавај денес.

284 Сѐ што ќе започнеш денес, лошо ќе се заврши.

286 До пладне среќа, потоа внимавај.

313 Наскоро ќе биде на слобода.

315 Смртта ќе му донесе слобода.

317 Едвај.

319 Уште малку.

321 Ќе поминат уште многу години.

403 Ќе ти се исполни.

405 Скромните желби полесно се исполнуваат.

407 Какви мисли имаш…

409 Малку размисли пред да посакаш.

411 Ако имаш среќа, ќе се исполни.

420 Долг сон, погледни во соновник.

422 Радост.

424 Изненадување.

426 Несреќа.

428 Голема добивка.

Супертинктура – најмоќен природен антибиотик (РЕЦЕПТ)

Славниот лекар Ричард Шулц го откри рецептот што тој го нарекува супертоник затоа што помага во лекувањето на голем број болести. Тој нагласува дека е потребно да користите состојки од органско потекло или сами да ги одгледате за да ги извлечете сите позитивни ефекти.

Состојки:

Свежа хабанеро-пиперка (или најлутата што можете да ја најдете), една главица лук, главица кромид, корен ѓумбир, корен рен и нерафиниран јаболков оцет.

Приготвување:

Овој тоник се подготвува како и сите останати тинктури: билките ги ставате во сад, ги прелевате со јаболков оцет, онолку колку што е потребно за сите растенија да бидат потопени.

Потоа, излупете го и ситно исечкајте го зеленчукот, па ставете ги состојките во голема стаклена тегла и во целост покријте ги со јаболков оцет, така што оцетот ќе плива три прсти над нивото на билките и зеленчукот. Затворете ја теглата и додека го држите капакот на место протресете го тоникот да се измеша.

Оставете го тоникот да стои на темно место од две до шест недели. Колку подолго стои, ќе биде посилен, а повремено потребно е повторно да го протресете.

Цедење

За полесно чување и едноставно користење, треба да ја процедите тинктурата. Ќе ви биде потребна лесна ткаенина – газа, голем сад и цедилка од не’рѓосувачки челик што се уклопува во големината на садот. Ако немате таков алат можете да ставите крпа преку отворот на теглата и да ставате се додека целата течност не излезе, но ќе загубите доста.

Ставете цедилка во сад и прекријте ја цедилката со газа. Ставете ја содржината на теглата во цедилка. Земете нешто со што ќе ја притиснете мешавината за преостанатите сокови да излезат.

Тоникот можете да го ставите во мала тегла или можете да ја вратите во големата тегла, откако претходно ќе ја измиете. Сепак, најдобар избор ќе биде ако земете затемнето шише, затоа што ја намалува штетата од светлото. Тоникот се чува на темно, студено место. Остатокот од билките и зеленчукот можете да го замрзнете или да го додадете во супа или во друга храна.

Дозирање

Откако тоникот ќе биде подготвен можете да почнете со секојдневна употреба или да го користите по потреба – за подобрување на варењето, за имунитет и за лекување на разни болести. Запомнете дека пиете мошне моќни билки и зачински растенија, така што и вкусот ќе биде таков, па можете да додадете малку природен мед. Погрижете се да пиете доста вода во текот на денот.

Една чаша од 20 до 30 мл ќе биде доволна. Но, ако се борите против тешки инфекции можете да земете до 5 или 6 дози дневно.

Најчитани

Твитови