Фејсбук цензуирираше фотографија на статуа

Фејсбук се соочи со остри критики откако цензуираше фотографија на скулптурата на богот Нептун од 16. век, што се наоѓа на „Плоштадот на Нептун“ во италијанскиот град Болоња, под изговор дека е „сексуално експлицитна“.

Фотографијата беше објавена од локалната писателка Елиса Барбари. Таа ја избра скулптурата која го покажува Нептун гол, за илустрација на нејзината Фејсбук страна „Приказни, занимливости и погледи на Болоња“.

Во изјава за медиумите претставници на Фејсбук рекоа дека упоребата на оваа слика не била одобрена од страна на Фејсбук, затоа што „ја нарушува политиката на рекламирање“.

- Таа фотографија е експлицитна и покажува делови на тело кои не можат да бидат објавени. Употребата на голи делови на телото не можат да се објават дури ни ако станува збор за уметничка или едукативна содржина, наведе претставникот на социјалната мрежа. 

Барбари индиректно одгововори на забраната со статус на својот Фејсбук профил: „Да за Нептун, не за цензурата“, објави „Дејли Телеграф“.

Таа изјави дека сакала да ја промовира својата страница, но дека очигледно Фејсбук смета дека Нептун „покажа премногу месо“.

- Сериозно, Нептун?! Ова е лудо. Како е можно да се цензурираат уметнички дела како што е Нептун, заклучи Барбари. 

Конечно решена мистеријата: Eве како биле изградени пирамидите во Египет

Историчарите и архиолозите со векови се обидувале да најдат одговор на прашањето како друштвото од бронзено време, кое не било технолошки развиено, успеало да помери огромни блокови од варовник и гранит од кои с е изгредени пирамидите.

Работниците ги ставале блоковите на дрвени бродови кои меѓусебно биле поврзани, а потоа блоковите пловиле по каналите до внатрешноста на пристаништето кое не било многу одалечено од пирамидите. 

Архиолозите не можеле да се согласат за тоа како бил пренесуван градежниот матријал

Вооружена драма во Скопје

 На 23.09.2017 година околу 21,00 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“, во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ од страна на две засега непознати маскирани лица со закана со пиштол, извршено е разбојништво над вработената при што се одземени околу 30.000 денари. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

ШОК ЗА КАНДИДАТИТЕ: Саша Поповиќ воведува ново правило во Ѕвездите на Гранд

Новата сезона на Ѕвездите на Гранд се сиима, а емитувањето на првата емисија ќе започне на 30 септември.Оваа година покрај сценографијата и промена на правила, воведена е уште една нова промена.

Воведен е пулсометар, кој ќе го мери пулсто на кандидатите, и веднаш врз основа на тоа ќе знаеме колку кандидатите имаат трема, кој колку се уплашил, изјави Саша Поповиќ

Најчитани

Твитови