Македонија преку Португалија на СП 2017 во Алжир

Македонската младинска репрезентација денеска од 17:45 часот, против Португалија ги продолжува квалификациите за Светското Првенство во Алжир годинава.

Натпревар во кој, со евентуална победа Македонија ќе обезбеди пласман на СП во Алжир. Бидејќи вчера Португалија славеше над Турција убедливо со 40:27, и заедно со по два бода се на првото место од групата.

Избраниците на Иле Темелковски, се очекува денес да ја повторат вчерашната одлична игра и без многу потешкотии да ја совладаат репрезентацијата на Португалија и заслужено да се пласираат на Мундијалот во Алжир летово.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Кале“, од 17:45 часот.

*ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН

 

Извор: Макракомет.ком

Млад работник се бори за живот по пад од скеле

Вчера околу 12.00 часот на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на с.Попоец , од непознати причини А.Г. (37) од Јабланица, Босна и Херцеговина, вработен во градежна фирма, изведувајќи градежни работи-поставување метално скеле на мост во изградба, паднал од скелето во висина од околу 19 метри.

А.Г. притоа се здобил тешки телесни повреди. 

Истиот бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје и е надвор од животна опасност.

Совети за безбедно возење во зимски услови

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со совети до возачите за возење во зимски услови на ниска температура. Во такви услови РСБСП советува да се вози со зимски гуми на сите четири тркала (длабочина на шарата од 4мм), како и ланци кои се местат по потреба. Со тоа возачите не само што ќе ја исполнат законската обврска, туку и ќе ја зголемат безбедноста.

Возачите со себе секогаш треба да имаат мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.

Од РСБСП советуваат од дома да се излезе десетина минути порано за да има време да се загрее автомобилот, да се одмрзнат стаклата или да се исчистат гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобил со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, „мртвите агли“ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.

За полесно и побрзо да се одмрзнете прозорците и ветробранското стакло од РСБСП советуваат да се вклучат сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на кочница и климата. На овој начин стаклата ќе се одмрзнат за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, возачите едно по едно да ја исклучат климата и останатите потрошувачи на струја кои не им се потребни.

Од РСБСП препорачуваат да се почитува брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50 отсто подолг отколку во нормални услови. Да се држи поголемо растојание со возилото пред вас. Да не се менува нагло правецот на движење. Поспоро да се забрзува, да се намалува брзината со нежно отпуштање на гаста, притискање на кумплунгот и постепено кочење. При влегување во кривина постепено да се одзема брзината и да се кочи полека.

Доколку возите во длабок снег, држете го воланот право за предните и задните гуми да имаат ист правец на движење. Ако сте заглавиле во снег и со гумите вртите во место, ставете патосници под гумите, песок или стари крпи - така најлесно ќе излезете од снегот. На угорница и на удолница да се вози со помала брзина од онаа со која би возеле во нормални услови.

РСБСП советува во зима секогаш резервоар да биде полн со гориво, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот, посочуваат, ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом. 

Популарно

Твитови